6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите
Стрелец
Стрелците се вистински алтруисти и сакаат да го направат светот подобро место за живеење.
Со сите градат пријателски односи, знаат да ги ислушаат другите, но молчат за своите проблеми, па само тие знаат колку им е тешко.
Стрелците се сочувствителни со околината и ќе го дадат својот последен денар на пријател или познаник на кого му треба материјална помош.
А бидејќи се отворени, имаат многу пријатели и лесно стекнуваат нови познанства, блиските често ја користат нивната добрина за да им помогнат во решавањето на своите лични проблеми.
Од друга страна, Стрелците имаат високо мислење за себе, па им помагаат на оние кои им покажуваат почит.
Ако некој почне да ги озборува зад грб или да ги исмева, веднаш им „враќаат“ и ги бришат од листата на пријатели.
Рак
Раковите се едни од најпријатните луѓе што постојат.
Тие не можат да живеат без хармонија и топли односи, сакаат да се грижат за блиските, но и за луѓе кои им се сосема непознати.
Ракот повеќе се грижи за среќата на другите отколку за себе, а многумина го знаат тоа и се обидуваат да го искористат во своја полза.
Бидејќи не сакаат да се караат, трпат и најлошо однесување и дрскост од околината.
Тие ќе заменат некого на работа, ќе дојде на помош и среде ноќ, ќе го исполнат секое барање на пријателите и саканите за да не ги нарушат добрите односи со нив.
Но, ако почувствуваат дека предолго ја искористувате нивната добрина, ќе ги прекинат сите односи со оној што ги злоупотребува.
И покрај тоа, пријателството може да се обнови, бидејќи Раковите имаат добро срце.
Водолија
Водолиите живеат во хармонија со светот околу нив и затоа немаат потреба да прават зло, да ги изневеруваат луѓето или да влегуваат во конфликти со нив.
Овие луѓе многу ретко имаат непријатели.
Тие се мудри личности кои ја трошат својата енергија за да прават добрини и веруваат дека кармата ќе им врати со добро.
Водолиите често дозволуваат луѓето да ја искористат нивната добрина, но само кога тие го сакаат тоа (и замижуваат на едно око).
Свесни се дека другите манипулираат со нив, но често не прават ништо за да го спречат тоа.
Уживаат да помагаат, особено кога некој ќе им каже дека не може да направи нешто без нив.
Дури им се допаѓа тоа, бидејќи за возврат добиваат дружење, почит, искуство и многу други предности кои им го прават животот разнолик и забавен.
А. Ј. | Црнобело