Хороскопските знаци рангирани според тоа колку паничат кога се под стрес
Водолиите се дистанцираат од стресните ситуации со цел да се справат со нив. Можно е да чувствуваат анксиозност, но не дозволуваат да премине во паника.
Кога сме под стрес, сите имаме различни реакции.
Некои смирено бараат излез од стресната ситуација, но некои паничат толку многу, што самите си создаваат дополнителен стрес.
Како реагираат хороскопските знаци кога се под стрес, почнувајќи од најсмирените:
Бик
Биковите успеваат да останат смирени и приземјени кога се соочени со стрес.
Прагматични се и ова им овозможува да се фокусираат на решение наместо да паничат.
Секако дека стресот им има влијание, но знаат како да го насочат целиот фокус кон решението.
Јарец
Јарците се одговорни и посветени и кога се под стрес, работат на тоа да го решат проблемот што им го предизвикува.
Некогаш стануваат и опседнати со наоѓањето на решението.
Нивната издржливост им помага релативно лесно да ги надминат и најстресните ситуации.
Стрелец
Стрелците се справуваат со стресот преку авантура и истражување.
Позитивниот поглед кон животот им овозможува на миг да се тргнат од стресната ситуација, па потоа со смирен ум да донесат разумно решение.
Сепак, поради ова, понекогаш ја потценуваат сериозноста на ситуацијата.
Водолија
Водолиите се справуваат со стресот така што се дистанцираат.
Можат целосно да ги „исклучат“ своите емоции, а размислувањето „надвор од кутијата“ им помага брзо да најдат решение.
Иако чувствуваат страв и несигурност, свесни се дека со паничење нема да постигнат ништо.
Овен
Кога се соочени со стрес, Овните брзаат да бараат решение.
Јасно им е дека ако не преземат нешто, лошото чувство ќе продолжи.
Секако дека чувствуваат анксиозност, но не дозволуваат да ги парализира.
Лав
Во стресни ситуации, Лавовите пробуваат да си ја „набилдаат“ самодовербата.
Бидејќи, најчесто се под стрес кога мислат дека некој ќе им ја сруши самодовербата или ќе им го повреди егото.
За да се справат со ситуацијата, бараат признание и пофалби од другите.