Хороскопските знаци рангирани според тоа колку паничат кога се под стрес

horoskopskite-znaci-rangirani-spored-toa-kolku-panichat-koga-se-pod-stres02.jpg

Вага

Главната цел на Вагите е да ја зачуваат хармонијата кога се во стесни ситуации.

Проблемот е што наместо да се фокусираат на ситуацијата, тие гледаат да им угодат на другите.

И, кога нема да успеат, чувствуваат дополнителен стрес.

Близнаци

Близнаците пробуваат да ја избегнат стресната ситуација и бараат што било што ќе им го одвлече вниманието.

Имаат некоја натприродна моќ целосно да го игнорираат стресот додека не се чувствуваат подготвено да се справат со ситуацијата.

Сепак, некогаш ова не им оди во прилог и самите си ја зголемуваат анксиозноста.

Девица

Во стресни ситуации, Девиците постојано анализираат, дури и премногу.

Обрнуваат внимание и на најневажните ситници и со ова всушност сами си создаваат дополнителен стрес.

Неретко им е тешко да се фокусираат на големата слика и да се извлечат од стресната ситуација.

Рак

Раковите стануваат емотивни кога се под стрес.

Не паничат, но можно е да се почувствуваат беспомошно и да заплачат кога чувствата ќе ги надвладеат.

Поддршката од саканите им е од огромна помош во стресни ситуации.

Риби

Рибите можат да бидат пречувствителни на стрес.

А, нивната интуитивна природа само го влошува ова.

Тие како да можат да предвидат кога наближува некоја стресна ситуација, па почнуваат да паничат уште пред да се случи нешто.

Скорпија

Можеби однадвор изгледаат смирени, но Скорпиите се најголеми паничари во стресни ситуации.

Имаат по сто мисли во секунда, анксиозноста им е на мошне високо ниво и некогаш дури се чувствуваат и парализирано.

Но, ако научат да си ги распоредат обврските и да ги поделат на помали, ќе успеат посмирено да се извлечат од стресната ситуација.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да се справите со стресот од работа за да не „прегорите“, според хороскопскиот знак? Близнаци лесно се справувате со неколку проблеми одеднаш, но ова ви предизвикува...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Финансиски хороскоп за август 2024: Кои знаци ќе имаат проблеми со парите, а кои ќе се збогатат? Вага - Пред крајот на месецот не позајмувате пари никому, бидејќи постои голема ...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg