3-те најтоксични астролошки парови – не треба да бидат ниту пријатели, ниту романтични партнери
Поради огромните разлики кај нив, пријателството, а и љубовната врска помеѓу Лав и Скорпија е како бомба со тајмер.
Некои астролошки парови се толку лоша комбинација, што не треба да бидат ни пријатели, ни романтични партнери.
Можеби некои ќе успеат да најдат заеднички јазик, но за ова сигурно ќе им требаат натчовечки моќи.
Три астролошки парови кои имаат ужасно влијание едни на други:
Овен и Рак
Овенот и Ракот се разликуваат во многу работи.
Имаат различни карактери и темпераменти, па прашање на време е кога ќе влезат во сериозен конфликт.
На почетокот можеби ќе успеат да воспостават рамнотежа во нивниот однос, но на крај нивните спротивни ставови и верувања ќе бидат причина за безброј караници.
Додека Овните сакаат возбуда и движење, на Раковите им е поудобно да се дома, во своја средина.
Како резултат на ова, атмосферата меѓу нив секогаш ќе биде напната, особено ако треба да прават некаков заеднички и план.
Лав и Скорпија
Поради огромните разлики меѓу нив, пријателството и романсата помеѓу Лав и Скорпија е како бомба со тајмер.
На Скорпиите можеби им се допаѓа шармот на Лавовите, но дефинитивно немаат нерви да ја трпат нивната желба за внимание.
Од друга страна, на Лавовите не им се допаѓа инстроспективната природна на Скорпиите и ги фрустрира.
Тие навистина мразат што Скорпиите не се зборливи личности.
Вага и Девица
Кога се во друштво на други луѓе, Вагата и Девицата можат да делуваат и како најдобри пријатели.
Но, штом ќе останат сами, станува јасно дека не знаат да комуницираат еден со друг.
Секогаш ќе пробуваат да се надгласаат, ниту еден од нив нема да слуша што кажува другиот, па и најобичниот разговор ќе се претвори во караница.
Кога се сами, Вагите и Девиците како постојано да се натпреваруваат.
Спирова С. | Црнобело