По една важна лекција што ќе му ја донесе ретроградниот Сатурн на секој хороскопски знак
Ретроградниот Сатурн не ве кочи, туку ве учи дека не може сѐ да оди според планот. Ако и вам ништо не ви оди од рака деновиве, можеби за тоа е виновна оваа планета.
Ако во изминативе денови ви се чини дека сѐ нешто ве кочи и ништо не ви оди од рака, за тоа може да е виновен ретроградниот Сатурн, кој почна да се движи наназад на 29-јуни годинава, а ќе биде во таква положба сѐ до 15-ти ноември.
Треба да знаете дека тој не ве кочи, туку ве учи – дека не може сѐ да оди според планираното.
Кај астролозите Сатурн е планетата на дисциплината, која ве тера да земете здив, да направите пауза и да размислите што треба да правите понатаму во животот.
Дали навистина сте на пат да ги остварите сопствените желби и амбиции? За што го трошите времето?
Ова се само некои од прашањата што Сатурн ве тера да си ги поставите, па воопшто не е чудно зошто во периодот додека тој се движи наназад може да се чувствувате преоптоварени, уморни и како да немате мотивација да станете од кревет.
Во продолжение погледнете каква лекција ви носи ретроградниот Сатурн во наредните месеци:
Овен
Оваа фаза ќе ве натера да почнете повеќе да размислувате за духовните вредности и да се справите со своите најдлабоки стравови.
Размислете кои ви се најголемите слабости и несигурности што не ви дозволуваат да ги остварите долгорочните цели.
Ако нешто не ви оди од рака, понекогаш подобро е да си дадете време за одмор и да не правите ништо додека не бидете посигурни во себе.
Најдете време да останете сами и да поработите на сопственото ментално здравје за да можете уште посигурно да зачекорите на патот кон остварувањето на животните цели.
Бик
Ретроградниот Сатурн ќе ги стави на тест вашите пријателства и луѓето со кои што комуницирате.
Ова ќе биде период во кој ќе треба да размислите дали и колку тие навистина ве поддржуваат? Дали вие им го посветувате вниманието и времето што е неопходно.
Добро ќе биде да седнете и да размислите кои ви се долгорочните цели во животот и како пријателите и блиските може да ви помогнат во нивното остварување.
Иако не ви се допаѓа, ќе мора да научите да бидете подружељубиви и повеќе вклучени во активностите на пријателите.
Близнаци
Ретроградниот Сатурн ќе ве натера да се посветите и да размислите за сопствените амбиции на поле кариера.
Неговото влијание најсилно ќе го почувствувате на ова поле, па тоа ќе ве натера да размислите за сликата што ја создавате за себе и да размислите за сопствените цели.
Многу е веројатно да почнете да барате можности за да направите нешто поинаку, како и да се сконцентрирате на креирање поголем баланс меѓу кариерата и приватниот живот.
Иако ова ќе ви изгледа како мошне тежок период, тој ќе ви донесе важна лекција што ќе ви помогне да го остварите посакуваниот успех.
Рак
Ретроградниот Сатурн ќе ве научи да прифатите дека самите се саботирате и на некој начин сте виновни за ограничувањата што сте си ги поставиле, а не ви дозволуваат да си ги остварите целите и да напредувате.
Дали сами сте си поставиле ограничувања во однос на патувањата и образованието?
Можно е одеднаш да добиете желба за патување, да започнете некоја нова авантура или пак да најдете начин да го продолжите образованието.
Сѐ на сѐ, за вас овој период ќе биде плоден и ќе ве научи како да ги надминете предизвиците за да си ги остварите животните цели.
Лав
Кај вас ретроградниот Сатурн најмногу ќе влијае врз вашата перспектива за романтичните и сексуалните врски, но и за финансиските партнерства.
Ќе почнете повеќе да размислувате за тоа како треба да се трансформирате, каде треба да отстапите и што треба да промените.
Дали е потребно да поставите поголеми ограничувања за да си го заштитите менталното здравје?
Ако, пак, сте од оние луѓе што долго време биле изолирани и не сакале да излезат, ова ќе биде период во кој ќе одлучите дека е време повеќе да излегувате, да им дозволите на другите да ви се приближат и да дозволите да се случат неопходните промени, иако на почеток малку ќе се чувствувате непријатно.
Девица
Ова ќе биде време во кое ќе размислувате за односите со партнерот, луѓето со кои соработувате, но и вашите ставови кон љубовта.
Дали воопшто знаете да поставите здрави граници? Дали постојано правите сѐ за другите, па дури и наоѓате изговори за нивното однесување? Дали имате проблем со довербата во другите и тоа ве спречува да остварите здрави конекции?
Ако сте во долга и посветена врска, ова ќе биде период во кој ќе научите дека е неопходно да одвоите време и да му се посветите на партнерот и дека за здравиот однос неопходна е посветеност.