Една важна (животна) лекција што ќе му ја донесе ретроградниот Плутон на секој хороскопски знак

Лав - Можни се борби за тоа кој го има главниот збор во врската или неочекувани изливи на љубомора.

po-edna-vazhna-zhivotna-lekcija-shto-kje-mu-ja-donese-retrogradniot-pluton-na-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg.jpg

Таман си помисливме дека се спасивме од ретроградниот Меркур, Плутон почна да се движи наназад.

Кога оваа планета се движи наназад, тоа значи дека ќе мора да се справите со работите што долго време сте ги туркале под тепих.

Плутон веќе еден месец се движи наназад (од 2-ри мај), а ќе остане во таква положба сè до 11-ти октомври.

Во овој период тој ќе ви донесе важна лекција на која треба да внимавате и ќе знаете во иднина кои работи не треба да ги занемарувате во сопствениот живот.

Kако ќе влијае ретроградниот Плутон на секој хороскопски знак:

Овен

Ретроградниот Плутон ќе ги стави на тест вашите пријателства. Може да се случи да се оддалечите од некои луѓе со коишто претходно сте биле многу блиски.

Но, ова не мора да значи дека ќе биде крај на пријателството, туку напротив, може да ве натера да работите понапорно и да докажете дека сте одлучни и посветени на тоа да ги задржите пријателите, ако сметате дека навистина вредат.

Ќе сфатите што сè сте подготвени да направите за да ги задржите луѓето во вашите животи, но и да не ги земате пријателствата здраво за готово.

Бик

За вас ретроградниот Плутон дефинитивно ќе донесе промени на поле кариера.

Можно е да се одлучите за нов правец на ова поле и да се сконцентрирате за поголема заработка. 

Но, за да најдете нови и полесни начини за заработка, и за да напредувате на поле кариера, ќе мора да научите како да се ослободите од старите и веќе утврдени начини на работење и брзо да се приспособите на промените.

Близнаци

Ова ќе биде период во којшто ќе мора да излезете од сопствената зона на комфорот и да најдете некое хоби што ќе направи да се чувствувате поисполнето.

Исто така, можно е набрзина да одлучите да заминете на некое патување или да почнете некоја обука со цел да се надградите себеси, да добиете нова инспирација или да тргнете во некоја нова насока.

Ќе научите дека ви е неопходно да се надградувате себеси, ако сакате да ги остварите соништата и да не бидете сигурни дека знаете сè.

Рак

Ќе забележите дека интуицијата ви е понагласена во следниот период и дека имате можност да ги предвидите работите што ви се случуваат.

Ова ќе биде период во којшто ќе научите како повеќе да им верувате на сопствените емоции и чувства и да знаете дека никогаш не претерувате, а тие можат да ви помогнат да се извлечете и од најнепријатните ситуации.

Ќе сфатите дека ако нешто ви изгледа премногу добро за да биде вистинито, тогаш вашите сомнежи со сигурност ви се оправдани.

Лав

Ретроградниот Плутон ќе ја стави на тест вашата љубовна врска и комуникацијата со луѓето.

Можни се борби за тоа кој го има главниот збор во врската или неочекувани изливи на љубомора, а партнерот или луѓето што претходно ви се потчинувале и ве следеле без приговор, да почнат да ви се спротивставуваат.

До крајот на ретроградната фаза на планетата ќе знаете дали воопшто сакате да ја продолжите оваа врска и комуникација, или е време да ставите крај и да размислувате за друга поинаква иднина.

Девица

Овој период ќе биде вистински предизвик за вас на работното место.

Ќе сакате цврсто да застанете во одбрана на сопствените ставови, а секој обид за помош од колегите ќе го сметате за обид за конфронтација и професионална пресметка.

Ова ќе биде период во којшто ќе мора да научите да бидете тимски играч, да соработувате со другите и да не ги криете премногу сопствените идеи и планови.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Од која лоша навика треба да се ослободите за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарец – Прифатете дека неуспехот не значи крај на патот, туку можност за созрева...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Од што имате фобија според хороскопскиот знак (и како да се справите со неа)? Риби – Тие не се плашат да останат сами со своите мисли и имагинација, но смртно...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе....
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg