Една важна (животна) лекција што ќе му ја донесе ретроградниот Плутон на секој хороскопски знак

po-edna-vazhna-zhivotna-lekcija-shto-kje-mu-ja-donese-retrogradniot-pluton-na-sekoj-horoskopski-znak-02.jpg.jpg

Вага

Наместо да ја трескате главата и да се нервирате затоа што немате инспирација, ќе мора да научите понекогаш да ја побарате и на друго место.

Ќе сфатите дека нема ништо лошо понекогаш да им дозволите и на луѓето околу вас да ве инспирираат и да ви бидат муза. Тоа што нивните идеи ви дале насока, не значи дека ги копирате.

Ќе сфатите дека само преку комуникацијата и разговорите со другите луѓе може да ја најдете страста што сметате дека ви недостасува.

Скорпија

Ова ќе биде период во којшто ќе мора да одвоите време за семејството и да ги решите проблемите што долго време ги избегнувате и ги занемарувате.

Исто така, ако се соочувате со трауми, ова ќе биде период во којшто ќе можете да се справите со нив.

Единствен услов е да сфатите во колкава мера и вие сте имале удел во настаните и дали до некаде и вие носите вина за тоа што ви се случило.

Стрелец

Ќе мора да внимавате на своите зборови и на начинот на којшто комуницирате со луѓето.

Вашата искреност или директност, некому може да му наликува на дрскост.

Неопходно ќе биде да научите како да прегризете јазик и да избрoите до пет пред да кажете нешто, особено ако не сакате да влезете во конфликт со некоја личност што ви е особено блиска.

Јарец

Целосно ќе бидете сконцентрирани на финансиите, па можно е да барате совети од поискусни луѓе или да се трудите да откриете нови начини за заработка.

Може да ви се чини дека нечии совети се безвредни и неизводливи, но ако им дадете шанса, може да ве изненадат со резултатот што ќе го постигнете.

Многу е веројатно да сте очекувале нови проблеми, а да излезете со голема заработка.

До крајот на ретроградната фаза на Плутон, ќе научите да не ги занемарувате веднаш туѓите совети и да прифатите дека понекогаш помошта може да ја добиете и од луѓето што сте ги потцениле.

Водолија

Пред вас е период на огромни промени.

И иако важите за личност што се радува на периодите што значат напредок и трансформација, во следните неколку месеци ќе ви се чини дека посакувате да имате барем само еден ден кога ништо не се случува за да можете малку да здивнете.

Свесни сте дека одлуките што ги носите денес може да влијаат сериозно врз вашата иднина, па ова ќе биде период кој ќе ја стави на тест вашата издржливост и истрајност.

Ретроградниот Плутон ќе ве научи дека понекогаш е добро и секојдневието и дека нема ништо лошо и во тоа да имате периоди на мирување.

Риби

Ќе имате голем број идеи и фантазии, а некои од нив дефинитивно може да се остварат и да станат реалност.

Со оглед на тоа што ќе имате голем наплив на идеи добро би било да ги запишувате и да не ги заборавате, затоа што голем дел од нив може да се покажат како вистинско решение за проблемите со коишто може да се соочите во иднина.

Во овој период ќе научите да не се потпирате премногу на сопствената меморија, но и дека и најлудите фантазии може да ви се остварат, ако се посветите и дадете сè од себе.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Од која лоша навика треба да се ослободите за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарец – Прифатете дека неуспехот не значи крај на патот, туку можност за созрева...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Од што имате фобија според хороскопскиот знак (и како да се справите со неа)? Риби – Тие не се плашат да останат сами со своите мисли и имагинација, но смртно...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе....
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg