Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


По една важна лекција што ќе му ја донесе ретроградниот Сатурн на секој хороскопски знак

po-edna-vazhna-lekcija-shto-kje-mu-ja-donese-retrogradniot-saturn-na-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Вага

Ретроградниот Сатурн ќе влијае врз вашето здравје, работните обврски, но и секојдневните обврски. Ова ќе биде период во кој ќе обрнете внимание на секојдневната рутина и навиките на работното место.

Дали сте на пат да ги остварите сопствените цели и дали тоа што го правите е во согласност со вашите животни вредности?

Исто така ова ќе биде важна пресвртница во вашиот живот кога ќе почнете повеќе да водите сметка за сопственото здравје.

Главна цел ќе ви биде постигнувањето на долговечност, а ќе бидете сконцентрирани на изнаоѓање начини да ја зголемите виталноста.

Скорпија

Ќе имате можност да размислувате за сопственото креативно изразување и за романтичните врски.

Ова ќе биде период во кој ќе се посветите повторно на старите хобија и на работите што ве прават среќни. Дали одвојувате повеќе време за да ги потхраните своите уметнички потреби?

До 15-ти ноември ќе сфатите дека ви е неопходно да најдете хоби што ќе ве инспирира и ќе ви помогне да не дозволите да се чувствувате целосно потиснати од секојдневието.

Стрелец

Ретроградниот Сатурн ќе ве натера да размислувате повеќе за односот меѓу членовите во вашето семејство и за динамиката во домот.

Дали водите доволно сметка за себе? Дали блиските ви дозволуваат да го земете времето што ви е неопходно за одмор, закрепнување и дали од нив ја добивате грижата што ви е неопходна?

Ако пак, подолго време имате влошени односи со блиските, кај вас може да се јави желба за подобрување на односите.

На крајот на периодот ќе сфатите дека семејството е тука за да ви даде чувство на сигурност, да ви пружа разбирање и дека не можете да го игнорирате нивното влијание врз она што ве мотивира во животот.

Јарец

Ова ќе биде време во кое ќе размислувате за начинот на којшто комуницирате со другите и да побарате подобар начин за да ги споделите сопствените идеи.

Многу е веројатно да наидете на проект во којшто сакате да бидете вклучени и којшто сметате дека може многу да ви помогне во животот, но тоа ќе ве натера да почнете да размислувате што треба да промените кај себе за да ги остварите целите.

Некои претставници на знакот можно е во овој период да одлучат дека им е неопходно да се вратат во училиште за да ги постават основите за долгорочен успех во иднина.

Водолија

Кај вас ретроградниот Сатурн најмногу ќе влијае на финансиите и ќе ве научи дека треба да бидете пореални за моменталната состојба на ова поле, но и да си ги промените ставовите.

Ќе научите дека е време да бидете повнимателни со трошењето и да ги отстраните оние давачки што непотребно ви ја празнат сметката.

Ова само по себе, може да ве натера да почнете да размислувате дека треба да почнете да инвестирате во себе, да ги реструктурирате сопствените цели на ова поле и да работите на тоа да си ја подобрите самодовербата.

Риби

Ретрорадниот Сатурн е во вашиот знак, па затоа ќе имате можност да размислите повеќе за сопствениот идентитет и имиџ.

Ако во изминатиот период чувствувате дека напразно работите, можно е конечно да добиете признание и пофалба за вашите трудови.

Исто така, ќе имате можност да ги ревидирате сопствените цели и да размислите за тоа, колку сте отстапиле од сопствените соништа, па да се обидете да се вратите на вистинскиот пат.

До 15-ти ноември ќе научите дека треба поинаку да им пристапувате на одговорностите, но и да посветите повеќе време на себеси и на сопствениот раст.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да го најдете вашиот духовен мир во 2025-та, според хороскопскиот знак? Стрелци, вие не можете да останете во место бидејќи постојано бегате од проблеми...
Што може да очекувате до крајот на 2024-та, според хороскопскиот знак? Овен – До крајот на годината ќе имате постојана потреба за промени, но ќе научит...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Финансиски хороскоп за мај 2024: Пари за Биковите, на Раковите ќе им се исплати ризикот Лав - Трошите повеќе од она што имате и тоа може да ве доведе во неповолна ...
Како ќе влијае порамнувањето на 6-те планети врз вашиот хороскопски знак? За Близнаците, ова ќе биде период на духовно будење, додека Водолиите ќе уживаат...
Една важна (животна) лекција што ќе му ја донесе ретроградниот Плутон на секој хороскопски знак Лав - Можни се борби за тоа кој го има главниот збор во врската или неочекувани ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg