Што ви создава „пеперутки во стомакот“, според хороскопскиот знак?

Јарец – Ако им пратите 100 пораки, нема да им предизвикате возбуда и „пеперутки во стомакот“, туку нервоза затоа што веќе ќе бараат начин како да се спасат од вас.

shto-vi-sozdava-peperutki-vo-stomakot-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Чувството дека имате „пеперутки во стомакот“ може да означува дека сте возбудени, среќни, но и анксиозни, а најчесто се поврзува со вљубеноста.

Понекогаш многу е тешко да дознаете што е она што го создава немирот, а според астролозите секој хороскопски знак има по една слабост заради која чувствуваме дека ни летаат стотици пеперутки во стомакот …

Прочитајте што е она што го предизвикува ова чувство кај претставниците на секој хороскопски знак:

Овен

Важат за темпераментни, избувливи, арогантни, па дури и агресивни личности, но малкумина знаат дека Овните истовремено се и мошне чувствителни.

Вистината е дека и ним самите им пречи да бидат гневни и лути, па потајно сакаат да бидат смирени и опкружени со луѓе што ги смируваат.

Често се борат со ниска самодоверба, па заради тоа стануваат возбудени кога некој ќе им даде неочекуван комплимент и се чини дека не знаат ниту како да го прифатат, ни што да одговорат.

Неочекуваните пораки во кои споделувате со нив мемиња и романтични пораки прават да се чувствуваат возбудено, а ако сакате да им летаат пеперутки, убаво би било неочекувано да им пратите порака во која им кажувате колку ви се допаѓаат и ви значат.

Бик

Кај Биковите, пеперутките во стомакот не се знак на возбуда, туку на стрес. Ова се луѓе на кои им треба време за отворено да ги искажат своите мислења и да покажат дека дошле до брилијантни идеи.

Ако почнете одеднаш да ги бомбардирате со пораки во кои им кажувате колку ви се допаѓаат и колку ви значат, тие ќе почнат да чувствуваат пеперутки, но од стрес и од чувство на несигурност, а не од возбуда.

Затоа со нив е подобро да дејствувате полека и да им дадете простор тие да го имаат главниот збор за тоа како ќе се одвива вашиот однос.

Пеперутките од возбуда ќе ги почувствуваат дури откако добро ќе ве запознаат и ќе знаат дека вие сте нивната најголема поддршка.

Близнаци

Тие лесно се адаптираат, имаат широки погледи на светот, ви се чини дека веднаш се зближуваат со секој што ќе го сретнат, па заради тоа и ги бие глас дека се дволични (што воопшто не е точно).

Затоа, Близнаците се среќни и возбудени и чувствуваат пеперутки тогаш кога ќе запознаат личност што вистински ги сака и ја разбира нивната природа.

Им се допаѓа кога некој користи нежни прекари за нив, им упатува поглед со кој знаат дека се привлечни и ги вклучува во секоја активност.

Ако забележите дека почнуваат да го губат интересот, доволно е да искористите некоја позната клише реченица за заведување, за да им го вратите интересот и веднаш ќе ги разбудите пеперутките кај нив.

Рак

Нивен владетел е Месечината, заради што се мошне чувствителни, но како што Месечината поминува низ повеќе фази, така се менува и нивната ментална енергија. Но, она што останува непроменето е нивната потреба да се грижат и да ги сакаат другите.

Во моментот кога ќе почувствуваат дека нивните чувства се возвратени и дека нашле личност што ги сака, се грижи и ги почитува во иста мера како и тие, Раковите чувствуваат пеперутки во стомакот.

Кажете им дека сакате да се грижите за нив, дека тие се единствени во вашите очи, дека без разлика на ситуацијата, секогаш ќе бидете тука за нив, и лесно ќе ги освоите.

Лав

За да почувствуваат пеперутки во стомакот, овие луѓе треба да се чувствуваат дека се посебни во нечии очи.

Што можете да направите за да го постигнете тоа чувство кај лицата кои веќе веруваат дека го заслужуваат тронот во зодијакот и дека сите очи се вперени во нив?

Одговорот е многу едноставен, особено ако се земе предвид дека тие се романтични луѓе по природа.

Ги возбудува моментот кога некој постојано го бара нивното внимание, ги гледа заводливо и ги допира.

Неочекуваните повици се нешто што на Лавовите им се допаѓа и со сигурност предизвикува огромна возбуда, затоа што така знаат дека се во фокусот на нечие внимание.

Девица

Важат за луѓе што не се премногу емотивни и кои не ги изразуваат своите чувства. Одговорни се и сакаат да се чувствуваат корисно, а за возврат се чини дека бараат премногу од луѓето, но треба да сфатите дека тоа е така затоа што ве сакаат и се грижат за вас.

Она што може да направи да се чувствуваат сакано и возбудено е кога знаат дека некој навистина ги цени и се грижи за нив.

Да ги однесе во спалната соба кога преморени заспале на каучот, да се смее на нивниот црн хумор и да им дава поддршка кога се чувствуваат несигурно.

За да добијат пеперутки во стомакот неопходно е да сфатат дека ви значат, па затоа убаво би било да ви текне да им пишете пред тие да го направат тоа, или да им покажете дека се грижите за нив и за нивниот распоред и организација.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg