4 хороскопски знаци кои е невозможно да ги излажете (и не простуваат лаги)

Иако се тивки, Скорпиите постојано набљудуваат, па лесно можат да познаат кога некој ги лаже. 

4-horoskopski-znaci-koi-e-nevozmozhno-da-gi-izlazhete-i-ne-prostuvaat-lagi-01.jpg

Некои луѓе се експерти за лажење, додека некои не можат да излажат ни за безначајни работи.

Слично на тоа, постојат и луѓе кои никогаш не би забележале дека некој ги лаже и луѓе кои се како детектори за лаги.

Четири хороскопски знаци кои е практично невозможно да ги излажете:

Овен

Овните се мошне интелигентни луѓе, а имаат и изразена емоционална интелигенција, што значи лесно можат да ги „прочитаат“ другите.

Брзо размислуваат и ги поврзуваат работите што за другите се невидливи.

Ова значи дека доколку кажувате нешто што не се поврзува со претходна ваша изјава или постапка, тие веднаш ќе забележат.

Односно, речиси невозможно е да ги излажете, особено ако ве познаваат.

Притоа, Овните нема да премолчат и веднаш ќе ви кажат дека знаат дека ги лажете.

Брзо ќе ви простат, но нема да ја заборават вашата неискреност.

Рак

Раковите добро ги разбираат своите емоции, чувствителни се, како и интуитивни.

Нивните инстинкти никогаш не ги изневеруваат и кога некој ги лаже, како да имаат некое шесто сетило.

Тие можат да ги почувствуваат туѓите емоции, а ова им помага да препознаат кога некој ги лаже.

Раковите забележуваат кога емоциите на некој не се во склад со она што го кажува и тоа им дава до знаење дека слушаат лага.

За разлика од Овните, Раковите нема да ви кажат дека се свесни за лагата, туку ќе ви дозволат да ги лажете за да проверат колку далеку би отишле.

Истовремено, тешко дека некогаш ќе ви простат.

4-horoskopski-znaci-koi-e-nevozmozhno-da-gi-izlazhete-i-ne-prostuvaat-lagi-02.jpg

Девица

Девиците се истакнуваат со аналитичкиот начин на размислување и кога станува збор за комуникација, тие се експерти.

Имаат моќ да ја забележат секоја ситница, а сите овие особини им овозможуваат да забележат дека ги лажете уште при првиот ваш збор.

Тие се експерти и за невербална комуникација, па говорот на телото секогаш ги издава луѓето што ги лажат.

Кога ќе се обидете да ги излажете, тие ќе ви докажат дека се во право, дури и кога негирате, бидејќи помнат сè.

Девиците се можеби најискрениот знак во зодијакот и ги мразат лагите.

Но, доколку им се извините, постои веројатност да ви простат.

Скорпија

Скорпиите се чувствителни и интуитивни.

Тие ги забележуваат ситниците во однесувањето на другите што повеќето обично ги занемаруваат. Па, ова им помага да откријат кога некој ги лаже.

Иако се тивки, тие секогаш набљудуваат и генерално знаат за што размислуваат другите.

Скорпиите нема да ви кажат дека „ве фатиле“ во лага, туку ќе ја чуваат информацијата за себе.

Но, ако во иднина им треба да ве повредат или да ви докажат дека сте лоша личност, секако дека ќе ја искористат лагата против вас.

И, ова може да се случи многу години подоцна.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg