Како да го задржите интересот на партнерот во врската, според хороскопот?
Овен – Сакаат да бидат со некој што ќе ги предизвикува, ќе им биде партнер во авантурите, но и ќе знае да им каже „не“ кога треба.
Лесно е да заведете некого, но што ќе треба да направите за да го задржите во врска со вас?
Според астролозите, за секој хороскопски знак може да се издвојат по неколку особини што може да ви помогнат на овој план.
Во продолжение погледнете како можете да го освоите, а и како да ги задржите во врска претставниците на секој хороскопски знак:
Овен
За да го задржите вниманието на Овенот, ќе треба постојано да го предизвикувате. Тие сакаат натпревари, па бидете подготвени да им го дадете тоа што го посакуваат.
Запомнете, на овој начин не само што ги заведувате, туку им давате можност да видат дека животот со вас може да биде забавен и непредвидлив.
Тие се полни со енергија и темпераментни, а не сакаат пасивни партнери кои постојано ќе ги прифаќаат нивните барања.
Сакаат да бидат со некој што ќе ги предизвикува, ќе им биде партнер во авантурите, но и ќе знае да им каже „не“ кога треба.
Кога се вознемирени, ним им треба некој што знае да ги утеши и да им обрне внимание, но и да се грижи за нив.
Бик
За да го заведете Бикот, треба да испланирате целодневно уживање. Испланирајте пикник под ѕвездено небо со вкусна храна, вино и плејлиста со нивните омилени песни.
Но, за да го задржите, што и да правите, немојте да го терате да носи брзи одлуки.
За да ги импресионирате мора да покажете дека сте стабилна, трпелива и упорна личност.
Најважно од сè е да бидете искрена и доверлива личност и да бидете трпеливи затоа што ќе им треба многу време за да почнат да ви веруваат.
Но, кога ќе се случи тоа, ќе сфатите дека трпеливоста и чекањето вределе и покрај себе ќе имате лојален партнер, што безусловно ќе ве сака.
Близнаци
Близнаците се луѓе што сакаат акција. За да ги задржите во врска ќе треба одново и одново да им покажувате дека сте досетливи и интелигентни и дека знаете да разговарате на секоја тема.
Со нив во еден миг можете да зборувате за квантна физика, а во следниот да се смеете до солзи на смешни мемиња на социјалните мрежи. Најважно е да знаете постојано да се приспособувате.
Тие имаат потреба да се чувствуваат посакувани и посебни, а тоа ќе го постигнете ако постојано ги прашувате за нивното мислење, за нивните вкусови и интереси на сите теми.
Рак
Ракот ќе го освоите ако му дозволите да се грижи за вас, а ќе го задржите ако му покажете дека сте тука за него, кога нему му е потребна помош.
Ќе им се допадне вкусна домашно приготвена вечера, вечер помината во прегратки под меко ќебенце и разговор за емоции.
Сакаат да бидат со некој што нема да се срами да им ги каже и приказните од кои најмногу се срами во животот, а за возврат ќе добиете живот исполнет со љубов.
Најлошо нешто што можете да го направите е да ги игнорирате или да ги навредите, затоа бидете внимателни кога разговарате со нив.
Докажете им дека можат да ви веруваат и секогаш имајте предвид дека никој подобро од нив не ги препознава емоциите, па затоа треба да бидете секогаш искрени со нив.
Лав
Лавовите воопшто не се лесни за освојување. Тие сакаат постојано некој да им се восхитува, па со нив ќе имате полни раце работа.
Исто така, до себе сакаат партнер кој ќе биде совршено дополнување на нивните големи планови – исполнета личност, со јасни планови за себе и за иднината.
За да останете со нив и за да ги задржите, мора да бидете личноста што ќе знае гордо да го издржи нивниот гнев, а потоа да можете да ги утешите и да се грижите за нив кога ќе се смират.
Ако успеете смирено да го дочекате нивниот гнев и да го издржите, тие ќе ви се оддолжат за разбирањето со љубов, топлина и искрена страст.
Девица
Ќе ги освоите ако им покажете дека разбирате и јасно ви е што сакаат и дека имате заеднички интереси.
Но, внимавајте на себе и на сопствениот изглед, затоа што и изборот на погрешни чорапи може да им даде оружје со кое ќе ве критикуваат и ќе ви објаснат зошто не треба да бидете заедно.
Со оглед на тоа што ова се луѓе што не зборуваат отворено за своите емоции, ќе треба да работите напорно за да ги освоите. Постојано ќе треба да барате начини да ги засмевате.
Но, за да ги задржите ќе треба да вложувате во врската подеднакво колку што вложуваат тие.
Ќе треба да бидете подеднакво организирани и ефикасни, да имате идеи за нови заеднички авантури, во кои сте го испланирале и последниот детаљ.