Меркур е во ретроградна сенка: Што значи тоа и на што да внимавате?

Знаевте ли дека негативното влијание на Меркур се чувствува две недели пред планетата да почне да се движи наназад, а не сте безбедни ниту две недели откако ќе заврши фазата? Знаете ли што е ретроградна сенка?

shto-znachi-koga-merkur-e-vo-retrogradna-senka-kolku-vreme-trae-ovoj-period-i-na-shto-treba-da-vnimavate-01.jpg

Веќе сите знаеме дека во периодот кога Меркур е ретрограден, може да ни се случи тотален хаос, а според астролозите, негативното влијание на планетата може да се почувствува околу 2 недели пред таа да почне да се движи наназад.

Во 2024-та година Меркур ќе биде ретрограден уште двапати, од 1-ви до 24-ти април и од 4-ти до 27-ми август, а ако им се верува на астролозите, две недели пред овој датум треба веќе да почнете да се подготвувате за хаосот што ќе следи.

Две недели пред и две недели по ретроградната фаза има период кој се нарекува ретроградна сенка (retroshade) и веќе во тој период може да се почувствува негативната енергија на планетата.

shto-znachi-koga-merkur-e-vo-retrogradna-senka-kolku-vreme-trae-ovoj-period-i-na-shto-treba-da-vnimavate-02.jpg

Вообичаено овој период веќе почнува да ни ги навестува проблемите со коишто ќе се соочиме во периодот додека Меркур се движи наназад.

Затоа во двете недели пред ретроградната фаза можете да се подготвите за хаосот што ќе следи, за проблемите во комуникацијата и недоразбирањата, а во периодот по ретроградната фаза најчесто може да добиете сигнали за тоа како да ги решите проблемите со коишто сте се соочиле.

Што се случува пред Меркур да почне да се движи наназад?

Пред Меркур да почне да се движи наназад, најверојатно можете да ги почувствувате најголемите проблеми во комуникацијата.

Мејлот што итно требаше да стигне, никако не може да се прати, партнерот ви праќа непријатни пораки, се наоѓате во незгодни ситуации и недоразбирања.

Исто така, во овој период може да се соочите со емотивни проблеми и предизвици.

Пример ќе го најдете стариот дневник кој потоа ќе ве натера да размислувате негативно за сопствениот љубовен живот, или ќе имате некоја средба што ќе ви разбуди непријатни емоции.

Затоа во овој период мора да бидете свесни што се случува, затоа што тоа ви навестува со што најверојатно ќе се соочите.

shto-znachi-koga-merkur-e-vo-retrogradna-senka-kolku-vreme-trae-ovoj-period-i-na-shto-treba-da-vnimavate-04.jpg

Што се случува пред Меркур да почне да се движи нанапред?

Таман мислите дека ретроградниот Меркур поминал и сега сте безбедни, проблемите со комуникацијата и понатаму продолжуваат, па ви се чини дека нема крај на хаосот.

Според астролозите, во овој период сè уште се чувствува негативното влијание на Меркур, но за разлика од претходниот период, сега веројатно многу полесно ќе успеете да најдете трајни решенија и да се справите со предизвиците.

shto-znachi-koga-merkur-e-vo-retrogradna-senka-kolku-vreme-trae-ovoj-period-i-na-shto-treba-da-vnimavate-03_copy.jpg

Зошто Меркур има ретроградна сенка?

Астролозите оваа ретроградна сенка ја објаснуваат така што според нив, Меркур, најбрзата планета во Сончевиот систем, пред да почне привидно да се движи наназад, ни се чини дека застанува во еден хороскопски знак, и притоа се движи спирално во него.

Додека Марс „стои во место“, пред да почне да се движи нанапред или наназад, имаме можност да добиеме знаци што е она што нè очекува.

shto-znachi-koga-merkur-e-vo-retrogradna-senka-kolku-vreme-trae-ovoj-period-i-na-shto-treba-da-vnimavate-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како ќе влијае порамнувањето на 6-те планети врз вашиот хороскопски знак? За Близнаците, ова ќе биде период на духовно будење, додека Водолиите ќе уживаат...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Една важна (животна) лекција што ќе му ја донесе ретроградниот Плутон на секој хороскопски знак Лав - Можни се борби за тоа кој го има главниот збор во врската или неочекувани ...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Финансиски хороскоп за август 2024: Кои знаци ќе имаат проблеми со парите, а кои ќе се збогатат? Вага - Пред крајот на месецот не позајмувате пари никому, бидејќи постои голема ...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg