Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ретроградна Венера од 1-ви март 2025 ќе донесе патувања и стари љубови - Како ќе влијае на секој хороскопски знак?

Ретроградната Венера ќе нè натера да преиспитаме како се изразуваме во љубовта и дали ги следиме желбите на срцето, што може да создаде конфликти во љубовните врските.

retrogradna-venera-od-1-vi-mart-2025-kje-donese-zhelba-za-patuvanja-i-stari-ljubovi-kako-kje-vlijae-na-sekoj-horoskopski-znak-001_copy.jpg

Ретроградната Венера започнува на 1 март и ќе трае до 12 април.

За разлика од последната ретроградна Венера во Лав во летото 2023 година, овој пат ретроградното движење ќе помине низ два хороскопски знака – Овен на 1 март и потоа Риби на 27 март.

Познатиот астролог Кајл Томас за магазинот „People“ вели: „Ретроградната Венера во Овен ќе нè натера да преиспитаме како се изразуваме во љубовта, дали ја избираме независноста и како ги следиме желбите на срцето, што може да создаде конфликти во љубовта и врските“.

Откако Венера ретроградно ќе влезе во Риби, Томас вели дека тоа ќе нè натера да размислуваме како се поврзуваме на душевно или кармичко ниво во љубовта и врските, а можеби ќе се најдеме во ситуација повторно да се поврземе со луѓе со духовен, креативен темперамент – или со луѓе кои создаваат илузии за тоа кои навистина се.

Како Венера ретроградно ќе влијае врз вашиот хороскопски знак, според астролошките прогнози:

Овен

Овен, очекувајте големи промени за време на оваа ретроградна Венера.

Вашиот целокупен поглед на љубовта и врските ќе биде целосно изместен, па затоа е најдобро да не донесувате големи одлуки во тие области.

Ова е добро време да анализирате и повторно да се поврзете со ситуации или луѓе од минатото.

Кармата, било добра или лоша, може да се врати за да се соочите со неа.

Бик

Бик, подгответе се за интензивен период.

Венера е ваш владетел, па ќе имате важни животни лекции за љубовта, интимноста и врските.

Во првите седмици, ќе се соочите со кармата во врска со тоа како сте се однесувале во љубовните односи во последниве години.

Вашата интуиција ќе биде особено активна, па внимавајте на неа.

Откако Венера ретроградно ќе се премести во Риби, ќе се навратите на минати ситуации – со пријатели, во социјалниот живот или со поранешни партнери и може повторно да се запали искра со некој што се враќа во вашиот живот.

Близнаци

Близнаци, оваа ретроградна Венера може да ви го потресе социјалниот живот, особено во првите неколку седмици.

Ќе имате конфузија околу вашите амбиции, добиени признанија и кариерни цели.

Темпото ќе ви се забави и ќе добиете можност да го преиспитате начинот на кој се претставувате пред светот.

Рак

Ракови, ова ќе биде време да ги анализирате подлабоко вашите цели.

Можно е да се преиспитувате како да се искачите погоре по скалилото на поле кариера и да работите на тоа како ве гледа светот.

Размислете за одложување на некои амбициозни проекти за подоцна во годината, бидејќи тие може да бидат подобро прифатени подоцна.

Ова ќе биде идеален период и да ги посетите роднините во странство или дестинациите што одамна ви се на листата.

Лав

Лавови, ова може да биде збунувачки период за вас.

Ќе бидете фокусирани кон раст и личен развој на почетокот на оваа ретроградна фаза.

Ова ќе биде поволен период за вас, кој можете да го искористите за нови идеи, визии за истражување и патувања.

Сепак, оваа ретроградна фаза ќе ја разбранува ситуацијата во вашиот живот и ќе предизвика конфузија или преиспитување на интимниот живот, финансиите, инвестициите или големите парични трансакции.

Девица

Девици, вниманието ќе ви биде насочено кон градење на стабилни врски за време на оваа ретроградна Венера.

Ќе имате лоши ситуации на поле финансии или проблеми при решавање на прашањата за заеднички буџет со партнерот.

Подоцна, фокусот ќе се префрли кон тоа како со ширум отворени очи не гледате дека некоја личност од околината е вљубена во вас.

Постои можност и некоја стара љубов да ви се врати во животот или вие да сакате да ја вратите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025-та? Лавови - Во 2025-та ќе зрачите со некоја посебна магија и шарм од самото тоа што...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
Хороскопски знаци кои ќе имаат успех во кариерата и љубовта до крајот на зимата 2025 Скорпија - Ненадејно ќе добиете деловна шанса што може да ви ја подобри финансис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg