Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска?

Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да поминат години за да ја стекнете нивната доверба и да ви се отворат.

ne-se-obiduvajte-da-go-skrotite-ovenot-kakvi-dechkovci-se-horoskopskite-znaci-koga-se-vo-vrska-01.jpg

Што можете да очекувате од врските со секој од хороскопските знаци? Кој ќе ви биде целосно посветен, а со кого ќе имате чувство дека сте лесно заменливи и во секој миг може да ве остави?

Какви дечковци се хороскопските знаци, кога се во врска?

Овен

Важат за темпераментни и тврдоглави мажи, кои се мошне интензивни и речиси никогаш нема да ве одбегнуваат за да избегнат расправија, туку директно ќе ви се спротивстават.

Кога сте во врска со Овен, никогаш нема да чувствувате недостаток на возбуда, но истовремено и никогаш нема да бидете во целост сигурни на што сте. Очекувајте постојана страст и никаква желба за постигнување компромис.

Особено ќе ви се допаѓа нивната отвореност и искреност, но понекогаш ќе ве нервира тоа што не внимаваат дали ќе ги повредат вашите чувства.

Но, кога сте во врска со Овен мора да го прифатите таков каков што е и да не очекувате дека тој ќе се промени.

Бик

Сакаат секогаш да се чувствуваат удобно и преферираат партнерки коишто ќе го следат нивниот пример.

Ова се мажи што сакаат да уживаат во природната убавина на партнерката, без естетски корекции и дотерувања, а всушност тоа се луѓе што не прифаќаат промени, па затоа секогаш се внимателни кога некој или нешто се заканува да им го наруши постигнатиот мир.

Кога се повредени, Биковите се повлекуваат во себе и вообичаено само се муртат и очекуваат вам да ви текне што сте им згрешиле.

Позитивната страна е тоа што никогаш нема да ве изневерат или да ве напуштат без претходно да ве предупредат или да ви дадат до знаење што не им се допаѓа кај вас.

Близнаци

Вообичаено ова се мажи што избегнуваат премногу да се зближат со партнерот, но знаат како да ги шармираат останатите, благодарение на мудроста и смислата за хумор.

Кога сте во врска со Близнаци во еден миг може да се чувствувате како да сте на седмо небо, а веќе во следниот да сметате дека сте лесно заменливи.

Со оглед на тоа што имаат најразлични интереси и кратко внимание, нив треба постојано да ги стимулирате за да им бидете интересни.

Пред сѐ мора да научите да го следите нивното темпо и да не обрнувате внимание на нивното променливо расположение, туку постојано да се обидувате да најдете начин како да ги привлечете и да им го задржите фокусот врз себе.

Рак

Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да поминат години за да ја стекнете нивната доверба и да ви се отворат.

Раковите сакаат длабоко и силно, па кога се во врска често знаат да бидат меланхолични и замислени.

Уште поважно е да знаете дека овие луѓе тешко ги забораваат старите љубови, па често може да се случи да ги фатите како размислуваат и се присетуваат на бившата девојка, со која се чувствувале доволно безбедни за да се отворат.

Лав

На почетокот на врската може да ве потсетат на мало лавче, што сака да си игра, на кое му треба постојано да му искажувате љубов, но знае да ви обезбеди топлина и заштита и не држи премногу долго лутина.

Но, проблемите настануваат кога партнерката ќе почне да го критикува за неговиот начин на однесување или чувствуваат дека не им дозволува да „блеснат“ во полн сјај.

Кога сте во врска со Лав, мора да бидете свесни дека негова главна цел е да биде во фокусот на вниманието на целиот свет и да добива постојано признанија и пофалби од луѓето околу себе.

Девица

Девиците немаат време за неважни работи и секогаш се тука за да ви помогнат.

Можете да им се јавите во кое било време и ќе дојдат за да ви помогнат да го фрлите ѓубрето, да ги завршите неопходните документи или за било што друго, што може да ви помогне да станете подобра личност.

Со нив секогаш знаете на што сте. Тоа се директни луѓе што не сакаат премногу тактизирање и играње психолошки игри.

Од нив не можете да очекувате нагло да почнат да ве избегнуваат или да бидат арогантни кон вас и секогаш отворено ќе ви кажат што е она што им пречи кај вас.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg