Тепање
Term | Main definition |
---|---|
Тепање | Предупредување за неизбежна штета. Што значи да сонувате тепање?Кога сонувате дека некого тепате, тоа е предупредување дека ќе претрпите штета. Ќе бидете неправедни кон некој што не го заслужил тоа. Ако имате приватна фирма или сте одговорни за работници, можно е да донесете погрешна одлука и да отпуштите некој што не е виновен за пропустот што се случил. Колегите ќе го клеветат со цел да се спасат и да им ги припишат своите грешки на друг. Ова ќе го видите дури откако таа личност ќе замине, а лошто работење ќе продолжи. Друга можност е дека неодамна сте тепале некого, па се чувствувате виновни поради тоа. Веројатно станува збор за вашите деца или за некој за кого сте одговорни. Ќе ви биде жал и ќе се запрашате дали сте направиле грешка и дали на некој друг начин би можеле да им објасните што ве мачело. Иако тие заслужуваат ќотек, ќе се посоветувате со други родители и ќе ги прашате како тие ги решавале проблемите со своите деца. Ќе се трудите да не прибегнувате често кон тоа решение, но кога ќе размислите малку подобро, и вас ве тепале кога сте биле мали, па ништо не ви недостига. Исто така, значењето на овој сон може да биде и дека имате конфликти во семејството. Можно е често да се расправате што се одразува и на вашите соништа. Ќе бидете оптоварени со секојдневни настани и ќе имате впечаток дека другите членови не се трудат доволно за да ја подобрат ситуацијата во домот. Ако сонувате дека тепате некогоВаквите соништа се придружени со чувство на незадоволство, страв, паника, а поретко со чувство на мир и спокој. Причините за нив мора да ги барате во себе, затоа што тие често имаат врска со потиснатиот гнев. Ако сонувате дека тепате некого што го познавате, тоа значи дека ѝ замерувате на таа личност. Можеби таа ве повредила или ве разочарала, па затоа се одмаздувате во сон. Можно е да не сте му/ѝ кажале и тој/таа да не знае како се чувствувате. Доколку не ги решите овие несогласувања, ваквите соништа може да се повторуваат и понатаму. Доколку сонувате дека тепате некого кого не го познавате, тоа подразбира незадоволство од сопствениот живот. Веројатно има работи што не сте ги решиле, па затоа често се чувствувате како губитник. Не помага ни тоа што вашите драги луѓе честопати укажуваат на тоа дека вашето време истекува и дека треба да дејствувате што е можно побрзо. Се обидувате да ги игнорирате, но сè повеќе станувате уверени дека се во право. Ако сонувате дека сте претепале до смрт некого што го познавате, тоа значи дека сте загрижени за неговото/нејзиното здравје. Можно е тој да ви признал/а дека има некои симптоми, но дека не сака да губи време во посета на специјалисти. Обидете се да го/ја убедите да побара стручна помош и се надевате дека нема да имате причина за паника и страв. Кога сонувате дека сте претепале до смрт непозната личност, тоа симболизира чувство на вина. Можеби сте направиле или сте кажале нешто за што сега се каете. Со своите зборови или дела сте ја повредиле личноста што ве сака. Сепак, премногу сте тврдоглави за да побарате прошка, па вината ја префрлате од јаве на сон. Ако сонувате дека добивате ќотекКога сонувате дека сте тепани од личност што не ја познавате, тоа значи дека ќе се соочите со проблем кој бара многу трпение. Веројатно успешно ќе го решите, но процесот ќе биде долготраен и многу стресен. Ќе мора да побарате помош од стручни лица за да не направите грешка. Можно е и дека ќе ви требаат многу пари за да го финансирате тоа, што ќе ви предизвика дополнителна главоболка. Ако сонувате дека сте тепан од полицаецАко сонувате дека сте тепани од полицаец, тоа значи дека би можеле да се вовлечете во некоја нелегална и ризична работа. Потребата за брза заработка ќе ве однесе во таа насока. И покрај предупредувањата на вашите најблиски, ќе сметате дека тоа е единствениот начин за да ја подобрите финансиската состојба. Сепак, мора да бидете свесни дека животот „од онаа страна на законот“ може да биде многу опасен. Ако сонувате дека сте тепан од војнициАко сонувате дека ве натепал војник, тоа подразбира дека ви недостига дисциплина. Веројатно повеќето работи ги работите затоа што морате, па се трудите да ги оставите за некое друго време. Затоа почесто немате пари отколку што ги имате. За своите проблеми неретко ги обвинувате општеството, опкружувањето, работодавачот или некој четврти, а не сакате да признаете дека сте главниот виновник вие. Ако сонувате дека сте тепан од лекарАко сонувате дека сте тепан од лекар, тоа значи дека сте го занемариле своето здравје. Често посегнувате по брза храна, грицки и слатки и наместо да пешачите или да возите велосипед, претпочитате да останете дома и да гледате телевизија. На долг рок, овој начин на живот може да има тешки последици, особено ако имате пороци од кои не можете да се ослободите. Ако сонувате дека сте тепан од адвокатКога сонувате дека сте тепан од адвокат, тоа подразбира проблеми со законот. Може да добиете опомена пред тужба поради неплатени сметки или долгови. Од друга страна, може да завршите на суд поради оставинска расправа која ќе биде долга и исцрпувачка. Тоа ќе ви одземе многу време и ќе предизвика многу стрес. Ако сонувате дека сте тепан од фармацевтАко сонувате дека сте тепан од фармацевт, тоа симболизира прекумерна грижа за сопственото или за здравјето на некоја драга личност. Тоа што редовно посетувате лекар е многу позитивна работа. Сепак, вашите најблиски се плашат дека вашето однесување е на работ на хипохондрија. Ќе мора малку попозитивно да се однесувате кон сè, а особено кон вашето здравје, така ќе се ослободите од тој страв дека нешто не е во ред со вас. Од друга страна, не можете да ги наметнувате своите ставови за ова прашање на други, бидејќи ќе предизвикате контраефект. Ако сонувате дека сте тепан од учителДоколку сонувате дека ве тепал учител, тоа значи дека не умеете да учите од сопствените грешки. Постојано се водите според еден образец на однесување кој до сега не ви донел многу успех. Без оглед на тоа што ве советуваат другите, вие секогаш ќе работите по свое. Понекогаш сте свесни дека грешите, но вашата тврдоглавост е посилна од разумот. Ако продолжите така, ќе ви биде тешко да постигнете сè што сте си зацртале. Ако сонувате дека сте тепан од келнерАко сонувате дека ве тепал келнер во кафуле или ресторан, вашата потсвест ви кажува да се ослободите од порокот што е можно поскоро, бидејќи би можеле сериозно да го нарушите своето здравје. Веројатно често ги занемарувате симптомите што ги чувствувате или ги припишувате на замор. Ако се движите повеќе, ја намалите консумацијата на кафе, цигари и алкохол, ќе се чувствувате многу подобро. Ако сонувате дека сте тепан од детеАко сонувате дека сте тепан од дете, тоа подразбира некаква траума или комплекс од детството од кој воопшто не успевате да се ослободите. Детето во вас сè уште е незадоволно затоа што не сте затвориле ниту едно поглавје од својот живот. Тоа ве спречува да гледате на иднината на позитивен начин. Наместо да погледнете наназад и да се обидете да ги поправите неправдите од минатото, би било подобро да направите реални планови и да работите на нивно остварување. Ако сонувате дека сте тепан од мајкаКога сонувате дека сте тепан од мајка, тоа значи дека ви недостасува внимание. Ако сте биле сами подолго време, ова чувство е целосно оправдано. Сепак, доколку се чувствувате запоставено иако имате партнер, би требало да ги разгледате причините зошто е тоа така. Најдобро би било да разговарате со вашата сакана личност за тоа. Ако сте несреќни, кажете го тоа отворено и обидете се да го поправите заедно и да го преболите. Ако молчите само ќе создадете поголем јаз меѓу вас и нема да донесете ништо добро за себе или за него/неа. Ако сонувате дека сте тепан од таткоОвој сон почесто го сонуваат мажите отколку жените. Исто така, неретко се работи за луѓе на средна возраст. Причините најчесто се неисполнети амбиции или незадоволство од постигнатото во животот. Веројатно многу размислувате за тоа што сте направиле досега и дали сте можеле да направите повеќе или подобро. Особено кога станува збор за работа или однос со сопствените деца. Обидете се да се свртите кон поубавите работи што сте ги стекнале сами и не се замарајте многу со она што сега не можете да го промените. Поради овие соништа, може да почувствувате вознемиреност, страв, загриженост, лутина или омраза, па дури и физичка болка. Сонот не се толкува ако неодамна сте биле тепани или сте гледале како некој тепа некого на телевизија. Ако во сон гледате тепачкаТолкувањето на ваквите соништа зависи и од контекстот во кој се случуваат и деталите и чувствата што ги придружуваат. За време на ваквите соништа, може да почувствувате загриженост, вознемиреност, беспомошност или лутина. Ако во сон гледате како маж тепа женаДоколку сонувате дека маж тепа жена, потсвеста ви кажува дека чувствувате грижа на совест, затоа што не сте му помогнале некому во неволја. Можеби сте виделе личност на улица на која ѝ се слошило или сте забележале прегазено животно на патот, но не сте направиле ништо. Со оглед на тоа дека по природа сте многу апатична личност, таа ситуација сте ја префрлиле од јаве на сон и затоа сонувате толку тешки соништа. Ова може да послужи како лекција за вас во иднина. Во такви моменти обидете се да замислите како би се чувствувале вие ако некој едноставно ве заобиколи на улица. Ако во сон гледате како жена тепа мажКога сонувате дека жена тепа маж, тоа значи дека ќе бидете сведоци на непријатна расправија помеѓу пријатели. Двете страни ќе бараат од вас да заземете став и да пресудите во таа кавга. Ќе се трудите да останете настрана и да ја решите оваа мачна ситуација на дипломатски начин, свесни дека може да ги навредите обете „завојувани“ страни. Ако во сон гледате како родител тепа детеАко во сон видите татко или мајка како тепаат дете, тоа значи дека ќе се скарате со член на семејството или близок пријател. Причините ќе изгледаат банални на самиот почеток, но ќе повлечат многу нерешени ситуации од минатото. Веројатно меѓусебно се обвинувате за некои постапки и одлуки, но тоа го чувавте во себе сè до моментот кога сè излезе на површина. Добрата вест е дека по таа расправија односите меѓу вас ќе бидат многу поискрени и поквалитетни. Ако во сон гледате како полицаец тепа маж или женаДоколку сонувате дека полицаец тепа некого, тоа значи дека тешко поднесувате критики. Сметате дека добро и професионално ја работите својата работа и многу ви пречи кога некој ќе ви укаже на грешка. Тие особини сте ги пренеле и во приватниот живот. Не поднесувате некој да ви кажува што и како да правите. Сметате дека тоа е непристојно мешање во вашиот живот. Со оглед на тоа дека самите избегнувате да им се мешате на други, не дозволувате ни другите да ви го прават тоа на вас. Ако во сон гледате тепање на навивачиАко во сон видите навивачи како се тепаат, тоа подразбира дека сте личност која вешто избегнува конфликти. Ретко се вклучувате во дискусии, не затоа што немате свое мислење, туку затоа што не сакате да им презентирате аргументи на луѓе кои нема да ги разберат на вистински начин. Затоа некои луѓе ве ценат, додека други мислат дека сте арогантна личност која смета дека е премногу паметна за некому нешто да му докажува. Ако во сон гледате тепање на затворенициКога сонувате дека гледате тепање на затвореник, тоа значи дека ќе наидете на осуда за своите ставови. Можно е да се најдете во едно поголемо друштво каде што ќе го изнесете своето мислење за тема со која мнозинството нема да се согласи. Ќе сфатите дека сте осамени во своите идеи и ќе ви биде жал што сте кажале што било. Со оглед на тоа дека ви е многу важно мислењето на околината, ќе се покаете што сте се довеле во таква ситуација. Сепак, не треба да се чувствувате така. Постојат многу луѓе кои ги ценат оние што имаат свој став. Ако во сон гледате масовна тепачкаДоколку сонувате масовна тепачка, тоа значи дека би можеле да се најдете во големи финансиски проблеми. Можно е во последно време да сте потрошите премногу пари и сте се нашле во незавидна позиција. Проблемот дополнително се влошува со нов, непланиран трошок. Можно е да морате да побарате помош од пријатели или да побарате кредит или заем од банка. Бидете претпазливи кога потпишувате договори. Невниманието, долгорочно гледано, би можело да ви донесе уште повеќе главоболки. Ако неодамна сте гледале тепaчка во живо или на телевизија, сонот не се толкува. Тие сцени ви оставиле силен впечаток, што сте го пренеле од јаве на сон. |