Тело

Term Main definition
Тело

Ако сонувате поедини делови од вашето тело, тоа е знак да обрнете повеќе внимание на истите.

Што значи ако сонувате тело?

Обидете се да се сетите кој дел од телото сте го сонувале за да можете да размислите во што би бил проблемот, и да се посветите токму на тој дел од телото.

Дали ве болел некој дел од телото во сонот? Можеби ви создавал напнатост или не сте успеале да го облечете она што сакате на тој дел од телото. Понекогаш потсвеста може да открие дека нешто во телото е погрешно, пред да забележиме било какви симптоми. 

Ако го сонувате сопственото тело

Ова обично означува дека сонувате за својата личност. Важно е да забележите со што сте опкружени за до детали да можете да го толкувате сонот. 

Ако сте го сонувале сопственото тело голо

Некои личности ќе допрат до вас на начин кој не сакате и ќе ве „соголат“. Внимавајте кому се отворате.

Ако сонувате дека сте се нашле во туѓо тело

Ова е симболика дека постојат различни начини за решавање на проблемите.

Ако сонувате многу слабо тело

Ќе наидете на препреки и финансиски потешкотии.

Ако сонувате многу дебело тело

Ќе ви се подобри финансиската ситуација и целокупното задоволство во животот.

Ако сонувате мртво тело

Не е добро да сонувате мртво тело затоа што тоа означува лоши вести. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg