Поводник

Term Main definition
Поводник

Толкувањето на соништата со овој мотив зависи од контекстот во кој се одвиваат, како и чувствата кои сте ги имале на сон. Можно е да сте чувствувале немоќ и тежина.

Што значи да сонувате поводник?

Кога сонувате поводник, тоа имплицира дека се чувствувате збунето. Можно е да се соочувате со очекувања што ги имаат другите за вас и оние кои вие би сакале да ги постигнете. Што и да направите, вам ви се чини дека не е доволно добро и дека ќе биде предмет на критика од околината. Имате чуство дека родителите сакаат да ви наметнат перспективно занимање за да можат да се фалат во друштво со вашите успеси. Имате чувство дека постојано ве споредуваат со другите и само ви наоѓаат лоши особини. Ќе се двоумите дали да ги послушате и на тој начин да ја стекнете нивната наклоност или да се борите за она што ве прави среќни.

Поводник на сон, исто така, значи дека немате доверба во луѓето од опкружувањето. Сметате дека вашите пријатели или партнерот површно гледааат на сè што се случува околу нив. Стекнувате впечаток дека не смеете да покажете слабост бидејќи од вас се очекува секогаш да бидете одлучни и сигурни во себе. Наидувате на луѓе кои немаат разбирање за вас и тешко ви паѓа што не можете никому да се доверите и да кажете што ве мачи.

Поводникот е симбол на здравје, па можеби сте го сонувале бидејќи се чувствувате добро во сопствената кожа.м Редовно вежбате и се трудите да внесувате здрава храна и течности. Мошно е да се обидете да се занимавате со спорт кој отсекогаш сте го посакувале.

Ако ставате поводник на коњ

Ако сонувате како ставате поводник на коњ тоа значи дека конечно ќе си го организирате животот онака како што посакувате. Можна е промена на работното место, местото на живеење или партнер. Доколку извесно време ве гуши работното место и ако чувствувате дека не можете да напредувате, потсвеста ви говори дека е крајно време да побарате работа во друга фирма. Одлуката нема да биде лесна, но ќе знаете дека е неопходна.

А, со тоа е можна и промена на средината во која живеете, бидејќи би можеле да најдете работа во друг град или држава.  Колку и да се плашите да излезете од комфор зоната, новиот предизвик ви е повеќе од потребен.

Овој сон може да биде поврзан со вашиот интимен живот. Ако веќе долго време сте во врска или брак, можно е да сте незадоволни со партнерот. Повеќе не ги исполнува вашите очекувања, што драстично ја променило вашата слика за него/нејзе. Ќе посакате да бидете слободни или во вашиот живот да се појави личност која ќе умее да ве сака и цени онолку колку што мислите дека заслужувате.

Ако вадите поводник од коњот

Ако сонувате како вадите поводник веројатно ќе се ослободите од некоја личност која ве вознемирува или гуши. Станува збор за близок пријател или за некој роднина, кој ви ја црпе сета позитивна енергија со својата негативност. Досега не сте можеле да пресечете и да ставите крај на контактот, бидејќи имате заедничка историја. Сепак, ќе сфатите дека неговиот/нејзиниот однос кон животот, кон вам и другите луѓе сосема се разликува од вашиот. Кога конечно ќе се одлучите да се дистанцирате од личноста, ќе почувствувате големо олеснување.

Ако ставате поводник на човечко суштество

Доколку сонувате дека ставате поводник тоа значи дека ви претстои креативен период. Ќе покажете голема желба и волја да направите нешто што долго време сте го посакувале. Вашата позитивна енергија ќе се одрази на работата со која се занимавате, а претпоставените тоа ќе умеат да го препознаат и наградат.

Ако соблекувате поводник од човечко суштество

Ако сонувате дека некому соблекувате поводник, ќе имате расправија со партнерот , колегата или блискиот пријател. Наизглед ќе се чини дека причината е безначајна, но на површина ќе испливаат сите оние нешта што сте си ги замериле. Можеби подоцна ќе се покаете за она што сте го кажале, но ќе знаете дека одлуката била исправна и дека личноста од вас морала некогаш да дознае што мислите за неа. Внимавајте да не западнете во замката на сопствените зборови, односно да не критувате нешта кај другите кога знаете дека и самите ги правите.

Ако носите поводник

Сон во кој вие носите поводник симболизира дека некому нешто му премолчувате и дека ве гризе совеста поради тоа.  Можно е да се плашите како би реагирала личноста на вистината, па ќе се оддалечите поради вашата искреност. Не сте сигурни уште колку долго ќе можете да издржите, па ќе побарате помош од трета страна. Некој ваш добар и искрен пријател ќе ви даде предлог што да направите за да ви биде чиста совеста без да повредите или предадете никого.

Ако облечете поводник

Ако сонувате дека сами го облекувате поводникот тоа значи дека ќе се најдете во ризична ситуација која би можеле да резултира со раскинување или губење на работа. Некои ваши постапки нема да се протолкуваат на вистински начин, без оглед на тоа колку се трудите да ги објасните. Секој обид да промените нешто ќе изгледа залуден. Ќе мора да се научите да се борите или едноставно да кренете раце. Што и да изберете ќе биде тешко, но по извесно време ќе се помирите со фактот дека морало така да се заврши.

Ако го соблечете поводникот од себе

Ако сонувате како соблекувате поводник од себе тоа значи дека конечно ќе решите голем проблем. Долго време сте биле убедени дека морате сами да се изборите со проблемот, но сепак сте одлучиле да побарате помош од саканата личност. На крајот ќе го/ја послушате без преговарање и ќе сфатите дека сте ја донеле вистинската одлука. Во секој случај, ве очекува големо олеснување. Ќе чувствувате помал стрес и ќе имате доволно енергија да се носите со се она што ви го носи иднината.

Можно е да си се наградите со патување или нешто што долго сте посакувале да го имате. Секако дека би требале да го направите тоа, бидејќи заслужувате да одморите после се она што сте го преживеале.

Ако уништувате поводник

Сон во кој уништувате или палите поводник значи дека наскоро ќе ја сретнете личноста која ќе ве импресионира со својот став и начин на размислување. Ќе сфатите дека имате многу заеднички теми, па ќе посакате почесто да се дружите. Не мора да значи дека таа личност ве привлекува физички за да сакате да бидете во врска со неа/него.

Едноставно уживате во нивно друштво.

Доколку неодамна сте гледале поводник во живо или на телевизија, или за тоа сте разговарале со некого, сонот не се толкува, бидејќи вашиот мозок го процесира она што го видел на јаве.

Дефиниција за поводник

Поводник е дел од коњска опрема.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg