Нуркање
Term | Main definition |
---|---|
Нуркање | Ако нуркате во сонот тоа симболизира беда, пакост, да се ослободите од личност која ве оптоварува. Што значи да сонувате дека нуркате?Ако сонувате дека нуркатеАко нуркате во сонот тоа симболизира беда. Можеби во наредниот период ќе донесете некои лоши одлуки кои ќе го забрзаат вашиот пат кон дното. Нема да обрнувате внимание на добронамерните совети туку се побргу ќе тонете и истовремено оттргнувајќи луѓе кои навистина ве сакаат. Таквата состојба ќе биде условена од незадоволството од сите животни аспекти поради кои ќе го изгубите она што го имате. Како и многу други луѓе, и вие ќе ја платите цената на неблагодарноста и ќе научите дека не треба никого и ништо да се земате здраво за готово. Ако сонувате дека други луѓе нуркаатАко сонувате дека некој друг нурка тоа имплицира дека би требале да се ослободите од личноста која ве оптоварува. Веројатно станува збор за некого кој константно ве потсетува дека сте му должни создавајќи ви чувство за вина со кое сака да ве врзе за себе. Иако сте свесни дека повеќепати сте го отплатиле долгот, нема да се одважите и да му/ ѝ кажете не. Ќе имате многу проблеми поради вашата слабост па може да се случи да ве напушти личноста која навистина ве сака и која повеќе не може да го поднесува тоа што дозволувате да ве манипулира личност која си ги гледа само сопствените интереси. Ако сонувате дека учите да нуркатеКога во сонот учите да нуркате тоа значи дека не сте подготвени за големи животни одлуки. Ова особено се однесува на оние луѓе кои планираат женидба/мажачка или деца. Веројатно сте пораснале под стаклено ѕвоно и не сте свесни што ве чека понатаму. Подобро би ви било кога би се откажале, отколку да бидете несреќни или да направите несреќна некоја друга личност. Ако учите некого да нуркаДоколку учите некого да нурка тоа е предупредување да не го прифаќате секој можен совет којшто ќе го добиете. Сослушајте ги сите оние кои имаат да ви кажат нешто, но понекогаш треба да постапите онака како што вие мислите дека е најдобро. Дури и да погрешите, самите ќе си бидете виновни за ситуацијата. Најлошо е кога сте свесни за грешката што сте ја направиле затоа што другите ви рекле дека така треба да постапите. Ако во вашиот сон некој друг учи да нурка тоа значи дека недоволно го користите својот потенцијал со кој располагате. Вашите таленти и вештини се драгоцени, но вие сè уште не го гледате тоа или не сакате да го видите затоа што сте мрзеливи. Време е да тргнете од некаде и да направите нешто добро за себеси. Ако сонувате дека нуркате во калДоколку во сонот нуркате во кал тоа значи дека ги затворате очите пред вистината. Колку и да ве советувале пријателите да се „ослободите“ од личноста која има штетно влијание врз вас, не сакате да ги слушате. Единственото нешто што сакате да го правите е да уживате во времето поминато со него/нејзе и сметате дека коментарите кои ги добивате се само плод на љубомора и завист, а не добронамерно предупредување. Кога еднаш ќе ги отворите очите ќе сфатите дека биле во право, а дотогаш ќе продолжите да се залажувате и да правите грешки. Ако сонувате дека други нуркаат во калКога сонувате дека други нуркаат во кал можеби сте загрижени за саканата личност. Пријателот или пријателката, партнерот или некој член на семејството има проблем, но не сака да ви се довери, па не знаете како да му/ ѝ помогнете. Немојте да инсистирате на разговор, туку дозволете му/ ѝ сам/сама да одлучи дали да ви каже за што станува збор. И самите сте поминувале низ фази кога ви била потребна самотија и мир, зошто тогаш форсирате разговори со луѓе кои не го сакаат тоа во моментот?! Ако сонувате дека нуркате во песокАко во сонот нуркате во песокта тоа значи дека сте под стрес поради работата со којашто се занимавате во моментот. Повеќе не ви донесува апсолутно никакво задоволство, но останувате на истото работно место бидејќи се плашите дека нема да можете да пронајдете друга работа. Ако не се обидете нема да можете никако да дознаете, а дотогаш големата количина на стрес би можела сериозно да ви го загрози здравјето. Ако сонувате дека други нуркаат во песокСон во којшто гледате како други луѓе нуркаат во песок симболизира лоша комуникација со околината. Во моментот сте во фаза кога е подобро да останете дома, отколку да излезете и да скарате со некого. Прилично сте нервозни и кавгаџиски настроени, па на секој лош коментар реагирате прилично бурно. Запрашајте се кои се причините поради тоа, што точно ви пречи и како можете да го решите тоа. Не би било лошо кога би направиле еден разговор со некого кому искрено му верувате. Ако сонувате дека сте се давеле при нуркањеОвој сон укажува на шокантно откритие. Најверојатно ќе дознаете нешто што многу ќе ве изненади, а поврзано е со вашиот познаник. Сепак, немојте да ги разнесувате информациите што сте ги слушнале, бидејќи не можете да знаете дали се вистинити или не. Не смеете да дозволите да станете главниот разнесувач на гласини. Тоа може лошо да се одрази на вашата репутација во општеството, а вие многу добро знаете колку е тоа значајно за вас. Ако сонувате дека некој друг се дави при нуркањеДоколку во вашиот сон видите дека некој се дави за време на нуркање тоа може да значи дека претерано сте арогантни. Свесни сте за сопствените квалитети и уживате да се фалите со нив. Во состојба сте дури и да ги понижувате и исмејувате оние кои мислите дека не ви се дораснати. Сепак, на тој начин само го привлекувате гневот на околината кон себе, а свесни сте дека тоа воопшто не ви е потребно во животот. Ако сонувате дека сте потонале при нуркањеКога сонувате дека сте потонале при нуркање тоа е предупредување да бидете внимателни кога потпишувате каков било договор, а особено документи за кредит. Ако не го прочитате внимателно и со разбирање тоа што ќе го потпишете подоцна би можеле да се покаете. Исто важи и ако купувате стан, куќа или автомобил. Земете некого со себе кого навистина му верувате за да не бидете измамени. Ако сонувате дека нуркате со боцаДоколку во сон нуркате со боца, тоа укажува дека сте внимателни. Вие сте личност која се грижи за себе и за своето здравје затоа што сте свесни дека никој нема да го прави тоа наместо вас. Сакате да се почестите со ситници кои го подобруваат вашето расположение, а другите ги сметаат за губење време и пари. Ако сонувате дека некој друг потонал при нуркањеАко во сонот гледате како некој потонал нуркајќи тоа значи дека не сте научиле ништо од сопствените грешки. И самите знаете дека сте направиле многу грешки во минатото и дека некои потези, одлуки и идеи ве чинеле доволно нерви и пари, повторно на проблемите и на предизвиците им пристапувате на потполно ист начин. Што треба да ви се случи за да се опаметите?! Ако сонувате дека нуркате со ајкулиКога во сон нуркате со ајкули, тоа значи дека сте навикнати на непријатели. Веројатно би ви било чудно и досадно кога би живееле мирно, без никакви пречки. Во ситуации како оваа, наоѓате поттик да бидете уште подобри и да им покажете на сите да не се плетка со вас. Ако сонувате како нуркаат децаСонот во којшто гледате како децата си нуркаат укажува на радост. Ќе ви се случат навистина убави моменти во животот кои ќе ги пропуштите ако и понатаму бидете опседнати со работата. Посветете малку повеќе внимание на своето семејство, домашните, партнерот и пријателите. Не е точно дека нема да имате од што да живеете ако се ослободите на неколку часа за да се дружите со оние кои ве сакаат. Значењето на овие соништа може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте нуркале, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз потсвеста. Дефиниција за нуркањеНуркање е престој под вода поради спортски или други рекреативни активности. |