Болка

Term Main definition
Болка

Те чека радост, ќе бидеш спасен од беда, помирување со драга личност.

Болка - сонување дека имате болки и дека нешто ве боли?

Ако сонувате дека нешто ве боли

Доколку во сон чувствувате физичка болка, тоа подразбира дека ве очекува радост. Ќе се спасите од трошоци кои ќе се закануваат да ве одведат до пропаст. Во последен момент ќе ви биде подадена рака од личност од која тоа не сте го очекувале. Покрај материјалната помош, многу ќе ви значи интересирањето кое ќе го покаже за благосостојбата на вашето семејство и на вас. Таквиот гест ќе ви ја врати вербата во човечкиот род.

Другото значење на сонот е дека ќе се смирите со саканата личност. Веројатно ве боли душата и се чувствувате лошо поради кавгата што сте ја воделе со некој за кого се грижите. Тогаш конфликтот ви се чинеше сериозен и не сакавте да попуштите, но со текот на времето сфативте колку е тоа безначајно и колку ви недостасува тој/таа. Чувствата ќе бидат заемни и после ова вашето пријателство или врска ќе станат уште посилни.

Некој друг има болка

Кога сонувате дека други чувствуваат физичка болка, тоа покажува дека сте загрижени за некој член на семејството. Можно е да станува збор за помлада личност за која мислите дека не е способна да се грижи за себе и не сака да прифати туѓа помош. Ќе се трудите да ѝ укажете на грешките што ги прави, но таа нема да обрне внимание и ќе помисли дека знае подобро од другите што е најдобро за неа.

Некој вам ви нанесува болка

Ако сонувате дека други ви нанесуваат болка, тоа укажува на емоционална пречувствителност која не мора нужно да биде втемелена во настаните на јаве. Кога сонувате дека сами си нанесувате болка, тоа симболизира недостаток на љубов и внимание.

Толкувањето зависи од тоа во кој дел од телото чувствувате болка. Ако во сон чувствувате дека ве боли целото тело, тоа значи дека вашата совест е нечиста. Нешто сте кажале или сте направиле што би можело негативно да влијае на вас, или на животот на луѓето што многу ги сакате. Најдобро би било да ја признаете вината, тоа нема да ги промени работите, но барем ќе ја смири вашата совест.

Главоболки

Ако сонувате дека имате главоболка, тоа значи дека сте под голем стрес. Потсвеста ве предупредува да најдете начин да се опуштите што е можно поскоро, бидејќи во спротивно би можеле да имате сериозни здравствени проблеми. Иако во моментот ви се чини дека нема простор за одмор, ќе мора да најдете барем половина час на ден за себе.

На вас е да одлучите дали тоа време ќе го поминете гледајќи телевизија, читајќи книга или уживајќи во прошетка.

Забоболкa

Ако чувствувате забоболка во сон, тоа значи дека треба да посетите лекар. Ќе мора да посветите повеќе внимание на своето здравје. Тоа што се чувствувате „солидно“ не значи дека не треба да направите детален систематски преглед барем еднаш годишно. Ниту една друга обврска не може да биде побитна од тоа.

Болки во вратот

Кога сонувате дека ве боли вратот, тоа укажува на проблеми од деловна природа. Можно е да ве вознемири кризата во фирмата во која работите, што може да доведе до бројни отпуштања.

Ако, пак, сте свој работодавец, веројатно ве мачат нестабилности на пазарот. Доколку немате работа во моментот, ваквите соништа се последици од незадоволство и страв за сопствената иднина.

Болки во градите

Болките во градите се поврзани со вашата емоционална состојба. Ако неодамна преживеавте тежок раскин, ваквите соништа се последица на тоа. Од друга страна, болките во градите може да биде поврзани со недостиг на комуникација во врска или брак или недостиг на нежност.

Доколку сте долго време без партнер, овој сон укажува на потребата да се промени таа ситуација.

Болки во стомакот

Ваквите соништа симболизираат грижа на совеста затоа што не обрнувате доволно внимание на своето здравје. Би требало повеќе да се движите и целосно да го  промените начинот на исхрана. Тоа што немате проблем со килограмите, не значи дека можете да јадете сè, во големи количини и во кое било време од денот. Ако сега се посветите на тоа, ќе го намалите ризикот од разни болести.

Болки во грбот

Болките во грбот се сигнал за преоптовареност. Веројатно работите многу и сте хронично уморни. Би ви годело, барем на кратко да отпатувате некаде. Не мора тоа да биде некоја егзотична дестинација, доволно е само да имате малку мир. Тоа благородно ќе дејствува на вашето тело и дух.

Болки во рацете

Ваквите соништа се показател на незадоволство од сопствениот живот. Можно е работите да не излегле како што сте замислувале или да ви пропаднале некои  планови. Порад тоа западнавте во лесна депресија и немате волја ниту енергија да се покренете. Ви недостасува мотивација, но и јасна цел. Не можете да постигнете сè одеднаш, но упорноста и работата ќе се исплатат кога-тогаш.

Болки во прстите

Ако во сон ве болат прстите на рацете или на нозете, тоа значи дека пријателите  ви зборуваат зад грб. Можеби не се согласуваат со одлуките што сте ги донеле или со потезите што ги правите во последно време, но не им паѓа на памет да ви го кажат тоа отворено. Сепак, ваквите приказни ќе дојдат до вас и можеби многу ќе се разочарате. Меѓутоа, свесни сте дека и самите не сте безгрешни кога станува збор за такви работи, затоа брзо ќе им простите.

Болки во нозете

Болките во нозете во сон значат дека ви недостига возбуда во животот. Во последно време сте паднале во рутина и се чини дека ништо значајно не се случува. Почнавте да избегнувате да се гледате со пријателите затоа што немате што ново да им кажете. Сепак, треба сами да се покренете.

Пронајдете нешто што ве интересира и започнете да се занимавате со тоа во слободно време. Шетајте, планинарите, пробајте спортови на вода или нешто слично. Само на овој начин ќе излезете од здодевниот магичен круг во кој се наоѓате.

Болки во стапалата

Кога сонувате дека ве болат стапалата, тоа значи дека ненамерно ќе откриете нечија голема тајна. Иако тоа ќе биде голем товар за вас, ќе дадете сè од себе да не кажете никому ништо, затоа што знаете дека тоа би било погрешно. Веднаш ќе се поставите во истата ситуација и ќе сфатите дека така е најдобро. Сепак, ќе посакате да сте ја „изгаснале“ својата љубопитност на некој друг начин.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако сте биле повредени или поради некоја друга причина сте почувствувале физичка болка, тоа сигурно ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за физичка болка

Болката во телото е знак дека сте повредиле некој дел од телото, а често може да биде симптом на психосоматски болести.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg