Аудиција

Term Main definition
Аудиција

Ако сте на аудиција: ви претстои важно случување. Ако видите други луѓе на аудиција: ви претстои важна одлука.

Што значи да сонувате аудиција?

Ако сонувате дека вие сте на аудиција

Ако на сон сте на аудиција, тоа укажува дека ви претстои важен настан.  Тоа може да биде приемен испит за факултет, разговор за работа, венчавка и сл. Ќе вложите голем напор да излезе како што сте замислиле, а во одреден момент ќе чувствувате напнатост бидејќи нема да можете да се опуштите и да уживате се додека не ги завршите обврските.

Ако сонувате други луѓе на аудиција

Доколку во ваш сон некој друг е на аудиција, тоа имплицира дека ќе мора да донесете важна одлука. Веројатно имате повеќе додворувачи/додворувачки па би сакале да го изберете оној/онаа со кој/а ви е најубаво. Ќе ги земете сите нешта предвид и добро ќе размислите со која личност би можеле да имате врска каква што сте си замислувале. Исто така, може да се случи шефот да побара од вас да процените нови потенцијални колеги и да му кажете кој е најдобар според ваше мислење. Ќе бидете свесни дека се работи за одговорна задача, па ќе си ја сфатите сериозно и ќе и посветите време.

Ако сонувате дека сте поминале на аудиција

Кога на сон сте поминале на аудиција, тоа симболизира успех. Можеби ќе постигнете нешто на кое сте се надевале долго време. Тоа ќе ви даде ветар во грб и ќе ве увери дека сте во состојба да остварите секоја замислена цел. Ќе имате чувство дека целиот свет е ваш и ќе почнете да спроведувате и други планови на дело.

Ако сонувате дека сте паднале на аудиција

Ако на сон паднете на аудиција тоа значи дека сè уште не е дојдено вашето време. Може да се случи да доживеете неуспех на приватен или на деловен план кои тешко ќе го поднесете. Ќе ви треба време да се помирите со тоа, но ќе ве направи посилни и побогати за една животна лекција.

Ако сонувате дека некој друг поминал на аудиција

Ако на сон некој друг помине на аудиција, тоа означува љубомора. Можеби во опкружувањето имате личност за која сметате дека има совршен живот. Често се споредувате со неа/него и посакувате да бидете поуспешни од неа/него. Имате создадено идеална слика за оваа личност која најверојатно нема никаква врска со реалноста.

Ако сонувате дека некој друг не поминал на аудиција

Кога на сон некој друг поминал на аудиција, тоа укажува дека ќе бидете утеха на блиска личност. Може да се случи да и биде потребна ваша поддршка да ги преброди тешкотиите со кои се соочува. Внимателно ќе ја слушате за да можете подобро да ја советувате. Ќе ви биде тешко што и се случило токму неа, но нема да дозволите да забележи.

Ако сонувате дека сте прекинале аудиција

Ако на сон прекинете аудиција тоа имплицира дека нема да трпите некого кој лошо се однесува кон вас. Тоа би можело да биде: член на семејството, партнер/партнерка, пријател/пријателка, шеф итн. Долго време сте се надевале дека ќе се промени и дека со разговор ќе ги решите сите проблеми, но кога ќе сфатите дека тоа е невозможно, ќе прекинете секаков контакт со оваа личност.

Ако сонувате дека некој друг прекине аудиција

Доколку на сон некој друг прекине аудиција, тоа значи дека ќе бидете посесивни. Веројатно немате доверба во партнерот/партнерката и постојано го контролирате секој негови/нејзин чекор. Тоа воопшто нема да му/и се допадне, па ќе дојде до расправија која може да ви го загрози бракот/врската.

Ако сонувате дека сте се откажале од аудиција

Кога на сон се откажувате од аудиција, тоа значи дека нема да го сторите она што го сакате. Можеби ви е страв и ќе се одлучите да направите нешто што во даден момент ви се чини полесно и посигурно. Нема да се послушате себеси туку советите на луѓето кои ви мислат дека знаат што е најдобро за вас. Поради тоа ќе се каете во иднина и ќе мислите дека животот би ви бил поубав кога повеќе би се потрудиле да си ги остварите соништата.

Ако некој друг се откажал од аудиција

Доколку сонувате дека некој друг се откажал од аудиција, тоа симболизира олеснување поради добро завршена работа. Веројатно долго време сте се бореле со некоја задача. Сте одложувале да ја завршите бидејќи изискувала многу работа и труд. Конечно сте се фатиле во костец со тоа и вложиле многу напор да ја завршите работата. Тоа ви донело сатисфакција и олеснување.

Ако сонувате дека сте во комисија на некоја аудиција

Ако сонувате дека сте член на жири на некоја аудиција тоа значи дека имате желба да се докажете. Многу се трудите луѓето да ви ги препознаат квалитетите. Може да се однесува на приватниот или деловниот однос, но и на двете заедно.

Имате бројни амбиции и изразен натпреварувачки дух, па затоа сметате дека сте најдобриот кандидат за секоја работа. Сепак, имајте на ум дека преголемата самодоверба може да предизвика и контраефект. Толкувањето на овие соништа зависи од контекстот, како и од деталите и чувствата што ги следеле. Овие сонови ги следи чувство на страв, трема, загриженост, возбуда, среќа и мир.

Ако пеете на аудиција

Ако сонувате дека пеете на аудиција тоа значи дека мора да преземете одговорност за сопствените постапки и да престанете да барате вина за сето она што ви се случува. Ако сакате да промените нешто немојте да седите со скрстени раце, туку реагирајте и најдете начин да го оставарите тоа.

Ако глумите на аудиција

Кога сонувате дека глумите на аудиција тоа симболизира сеќавање на детството. Веројатно пред спиење сте евоцирале некои драги спомени. Можеби во втор план сте ги ставиле талентите кои ги поседувате и кои сметате дека се неисплатливи.

Ако сте на аудиција за водител

Доколку сонувате дека сте на аудиција за телевизиски водител тоа имплицира дека сакате да бидете во центарот на вниманието. Секогаш се трудите приказната да се врти околу вас и да оставите добар впечаток. Во оваа фантазија честопати знаете да претерате, па на луѓето да им зазвучите премногу наметливо.

Ако сте на аудиција за работа

Сон во кој сте на аудиција за работа значи дека сте вредна личност на која ништо не и е тешко. Не се плашите да преземате обврски или задачи на себе. Се ослонувате на сопствената интуиција и упорност, што досега се покажало како добар избор. Немате потреба да се докажувате и да барате награди и признанија за она што го работите. Претпочитате да ги слушате советите на поискусните од вас, но се трудите одлуките да бидат плод на вашето размислување.

Ако неодамна сте биле на аудиција или разговор за работа или со некој сте разговарале за тоа сонот не се толкува. Исто важи и ако сте гледале прилог на телевизија за оваа тема. Тоа веројатно ви оставило впечаток кој се пренел на сон.

Дефиниција за аудиција

Аудиција е избор на актери за филмови, серии, театарски претстави итн.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg