Астроном

Term Main definition
Астроном

Ако сонувате астроном: се грижите за иднината, успех, среќа.

Што значи да сонувате астроном?

Ако сонувате астроном?

Кога сонувате астроном, тоа означува дека се грижите за иднината. Во последно време се соочувате со ситуација на која не сте навикнати. Во минатото сте се чувствувале удобно во сигурното работно место или емотивната врска, а сега се чини дека работите стануваат неизвесни. Сте ја имале и финансиската поддршка од родителите. Ќе се почувствувате препуштени сами на себе, покрај страв во вас може да се пробуди желба да се борите и докажете дека сте способни да се осамостоите. Значењето на сонот може да биде и дека ќе имате успех во проект на кој веќе долго и предано сте работеле.

Сте се посветиле на задача која сте ја добиле од некого или сами сте си ја поставиле. Вашиот труд ќе се исплати и ќе добиете понуда за продолжување на соработката или стипендијта за студии во странство. Сите луѓе ќе бидат воодушевени од вашиот перфекционизам и чувството за детали. Храбро ќе истраете и покрај сите сомнежи и стравот дека вашиот труд нема да биде ценет онака како што заслужувате.

Ако бидете астроном

Доколку вие сонувате дека сте астроном тоа значи дека ќе ви се оствари нешто за кое долго време мечтаете. Можно е да завршите факултет, да пронајдете добра работа или да промените занимање. Веројатно ќе бидете ценети во работата што ја правите. Колегите ќе ве почитуваат, а надредените или соработниците ќе ве сметаат за веродостоен партнер. Доколку се занимавате со јавна работа, можеби ќе се стекнете со голема слава.

Ако запознаете астроном

Ако сонувате дека запознавате астроном тоа имплицира дека би сакале без пречки да стигнете до целта. Немате волја да се стегнете, да се потрудите и да работите, туку чекате некој да ве препознае и да ве награди. Копнеете да ја постигнете целта со многу малку вложен труд. До сега сте имале делумен успех, но мрзеливоста и пасивноста лошо ви влијаеле. Сепак, и понатаму сте решени да не се откажувате од вашите намери без оглед на тоа што ве советуваат пријателите или семејството.

Ако разговарате со астроном

Ако разговарате со астроном тоа симболизира потреба за внимание. Можеби во секое друштво да се чувствувате осамено. Ретко кој ве сфаќа сериозно или го слуша она што го говорите. Тоа многу влијае на вашата самодоверба и често се повлекувате во себе. Не сте сигурни што да направите за да ве видат луѓето онакви какви што сте. Дополнителен притисок ви создава тоа што вашите блиски сметаат дека самите сте си виновни за тоа и ве тераат да учествувате во нешто што не сакате или не ве интересира.

Доколку сонувате дека некој друг разговара со астроном тоа значи дека сте интуитивна личност. Умеете да препознаете кога некому му треба помош и да го сослушате соговорникот. Сепак, вашиот очај и апатија не се ви од помош. Премногу се грижите за туѓи грижи и проблеми. Животот би ви бил поедноставен доколку сфатите дека не можете да им помогнете на сите.

Ако се расправате со астроном

Сон во кој се расправате со астроном значи дека некој ќе се обиде да ве измами и да ве излаже. Постои можност да се вплеткате во некоја зделка која е од „другата страна на законот“. Ќе влезете недоволно информирани, па со тек на време ќе сфатите за што се работи. Ќе ви треба многу труд и храброст да ставите крај и да се извлечете од ситуацијата.

Ако во ваш сон некој друг се расправа со астроном постои шанса дека ќе се најдете во центарот на некој скандал или трач. Вашето однесување ќе им даде повод на околината, со помош на дополнителни „сочни“ информации да започнат приказна за вас. Веројатно ќе ве поврзат со зафатена личност од спротивниот пол кој притоа е многу влијателен во друштво. Залудно ќе се обидувате да ги демантирате „чаршиските лаги“,  бидејќи нема да можете да го спречите тоа. Единственото што може да го направите е да се потрудите да не ви влијае врз животот, односот со семејството, пријателите или партнерот.

Ако бегате од астроном

Кога сонувате дека се криете од астроном тоа имплицира дека бегате од реалноста. Вашето често фантазирање би можело да се претвори во проблем. Ги занемарувате обврските и цврсто верувате дека нештата сами ќе се решат. Тоа го излудува вашиот партнер и членовите на семејството бидејќи не можат да ви се ослонат. Вие ништо не планирате и многу нешта оставате на случај. Поради тоа често останувате без пари, но тоа воопшшто не ви претставува проблем. Сигурни сте дека сè ќе се реши на крајот.

Ваквиот пристап кон животот прилега на лицата во раните дваесеттина години. Ако одамна сте ја надминале таа цифра, треба да почнете да размислувате за идните потези и да сфатите зошто блиските ви говорат дека сте несериозни.

Сон во кој помагате некому да се скрие од астроном значи дека имате потреба да го промените местото на живеење. Веројатно размислувате за преселба во странство бидеќи ситуацијата дома не ви е најсјајна. Во моментот се наоѓате во фаза кога би прифатиле сè само да заминете.

Ако водите љубов со астроном

Ако сонувате дека водите љубов со астроном тоа значи дека ќе запознаете личност која ќе ве воодушеви со своите ставови и начини на размислување. Можеби се работи за лице од спротивниот пол, па не е исклучено ниту дека ќе се заљубите. Ќе сфатите дека од лош агол сте гледале на многу нешта, па тоа ве кочело во остварување на целите. Тој/таа ќе ви помогнат да гледате на посветлата страна. Доколку сте во врска или во брак ќе почнете го споредувате партнерот со него/неа, што би можело да ве доведе до неприлика.

Партнерот би можел да го забележи вашето чудно однесување. Можеби гордоста ќе ве спречи веднаш да почнете да ги анализирате чувствата , но на долг рок не би требале да го/ја „завлекувате“ бидејќи не заслужил/а.

Ако се тепате со астроном

Сон во кој се тепате со астроном симболизира некоја морална дилема. Веројатно сте дознале нешто за партнерот или пријателот што ве изненадило или ве шокирало. Се двоумите дали да кажете што мислите или да глумите дека сè е во ред. Се плашите дека би можеле да изгубите близок пријател, доколку тој/таа ви ја сфати намерата погрешно. Од друга страна, не би сакале да имате тајна пред него/неа. Ако не сакате да ви се повторуваат непријатни соништа, ќе морате наскоро да донесете одлука каква и да била.

Ако убиете астроном

Доколку сонувате дека убивате астроном тоа значи дека ќе се откажете од целта. Ќе сфатите дека ви е потребен преголем труд и одрекувања за да ја остварите. Ќе се потрудите да го сфатите поредокот на нештата и да продолжите понатаму. Можеби ќе ве измачува тоа што не сте вложиле труд и не сте се бориле, но ќе знаете дека одлуката сте ја донеле по долго размислување. Кога некој друг убива астроном тоа значи загуба. Не мора да се работи за материјална загуба. Можеби ќе изгубите близок пријател кој ќе одлучи да се дистанцира од вас и ќе се посвети на себе и својот живот или партнерот ќе признае дека не сака да биде со вас. Сето тоа тешко ќе ви падне. Долго ќе ве мачи прашањето што сте погрешиле и зошто тоа ви се случува вам. Спасот ќе го пронајдете во кругот на семејството, но не е исклучено дека повеќе ќе поминувате време на работа за да го заборавите она што ве тишти.

Ако сте астроном по занимање или познавате некој кој се занимава со оваа работа, сонот не се толкува. Доколку неодамна сте читале книга или статија во весник за астронимија толкувањето на сонот е поедноставно – тоа што сте го дознале оставило впечаток врз вас.

Една од можностите е дека сте среќни во љубовта. Имате партнер кој би ви ги симнал ѕвездите од небото. Зрачите со позитивна енергија која на околината и го разубавува денот. Ако сè  уште не живеете заедно, веројатно ќе ја донесете таа одлука или ќе стапите на лудиот камен.

Дефиниција за астроном

Астроном е научник кој се занимава со проучување на астрономијата или астеофизиката.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg