Астролог

Term Main definition
Астролог

Ако сонувате астролог или астрологија: залудно се надевате.

Што значи да сонувате астролог – астрологија?

Ако сонувате астролог

Кога сонувате астролог/астрологија, тоа може да има неколку значења. Веројатно сте се навикнале другите да работат наместо вас. При недостаток на иницијатива се свртувате кон апстрактни нешта како што е положбата на ѕвездите или гледање во филџан кафе. Се плашите да преземете одговорност за себе и своите постапки. Можеби саканата личност ќе увиди и од вас ќе бара да се однесувате како возрасна личност. Друго значење е дека залудно се надевате дека саканата личност ќе се промени.

Вие сте романтична личност која верува дека љубовта е доволен услов за сè. Можеби ќе бидете свесни за мааните на партнерот, но нема да обрнувате внимание на тоа. Мислите дека можете да го промените и дека поради вашата врска ќе се согласи на компромис. Со текот на времето ќе сфатите дека вашите очекувања нема да се остварат и ќе мора да размислите дали сте подготвени да се менувате поради некој кој нема потенцијал за жртва.

Ако сонувате дека вие сте астролог

Кога сонувате дека вие сте астролог значи дека ќе почнете да работите на остварување на зацртаните цели. Ќе сакате да го искористите времето на најдобар можен начин. Доколку имате некое хоби, можеби ќе му се посветите и ќе се обидете да го претворите во работа. Ако бии сакале да научите нешто ново, ќе се запишете на курс кој ќе ви овозможи интересни сознанија и познанства со луѓе кои имаат слични интереси.

Ако запознаете астролог

Ако сонувате дека запознавате астролог тоа значи дека сте личност која многу се жали. Во друштво сте познати како личност која постојано жали за својата судбина. Често се жалите на односите со семејството, партнерот, здравјето или работата. Луѓето кои ве опкружуваат се обидуваат да ви помогнат, но не успеваат во тоа бидејќи не покажувате иницијатива за промена.

Неретко жалите за пропуштените прилики, а притоа ја занемарувате сегашноста и не размислувате за иднината. На пријателите им е здодеано да ве слушаат и оние најискрените ќе ви го признаат тоа. Ако сами не го направите првиот чекор, никој не може да ви помогне.

Ако разговарате со астролог

Кога сонувате дека разговарате со астролог тоа имплицира дека сте осамени во идеите и дека ви треба некој да ве поддржи. Можеби ќе посакате да започнете сопствен бизнис или хобито да го претворите во работа. Еден дел од луѓето од вашето опкружување отворено ќе ве осудат бидејќи сте подготвени да ризикувате многу за да се занимавате со „несериозна работа“, додека други ќе се обидат да ве разубедат од тоа. Ослонете се на интуицијата и не плашете се да се обидете. Само така ќе знаете што ве очекува во иднината.

Сон во кој други разговараат со астролог ја симболизира вашата љубопитност. Имате желба да стекнете нови знаења и вештини , но се плашите од реакциите на околината. На вашите блиски ќе им биде чудно дека сте се одлучиле да се запишете на курс на овие години или да се преквалификувате за друга работа. Нема да им обрнувате внимание ниту пак ќе дозволите некој или нешто да ве ограничува, а особено не страв од неуспех.

Ако сонувате дека астролог ви зборувал за иднината, а наутро не можете да се сетите што ви рекол, тоа значи дека во блиска иднина нема да се случат промените за кои мечтаете. Работите ќе останат непроменети, па ќе мора повеќе да се стрпите и да вложите труд за да го постигнете она што го посакувате.

Доколку се сеќавате на она што ви го кажал астрологот, но прогнозите биле лошо, тоа значи дека е време да ги проенит погледите на животот, луѓето и нештата околу вас. Веројатно сте западнале во рутина, па дури и на добри прилики кои ви се укажуваат гледате негативно. Премногу се сомневате во себе и своите способности, а секоја идеја која посакувате да ја реализирате уште на почетокот ја осудувате на неуспех. Ќе мора да го промените начинот на кој ги гледате нештата доколку сакате да постигнете нешто на деловен и на љубовен план.

Ако се расправате со астролог

Сон во кој се расправате со астролог значи финансиска загуба. Веројатно сте вложиле пари во нешто и сте очекувале да ви го олесни животот, но ќе се испостави дека е сосема поинаку. Можеби станува збор за нешто што сте купиле, а не ви било од корист како што сте мислеле или вложиле во нешто што не е исплатливо. Во секој случај тоа ќе ве разочара бидеќи сте верувале дека е клуч на вашиот успех. Мора да бидете дополнително внимателни за да не направите нова грешка при извлекување од проблемот.

Ако сонувате дека некој друг се расправа со астролог тоа значи дека вашето незнаење или неизвестеност ќе ве доведат во неприлика. Ќе бидете дел од разговор чија тема ви е непозната. Со намера да бидете рамноправен соговорник ќе кажете нешто што ќе предизвика потсмев кај присутните. Тоа ќе ве научи да молчите.

Ако водите љубов со астролог

Каков било вид на интимен однос со астролог симболизира потреба за возбуда. Можеби не сте задоволни од сопствениот емоционален живот. Доколку долго време сте сами, тоа е сосема оправдано. Но, ако сте во брак веројатно партнерот не ги исполнува вашите очекувања во кревет. На вашите предлози да го „зачините“ својот сексуален живот реагира со потсмев.

Затоа често сонувате да за промена на партнер или тајна авантура. Ако сонувате дека некој друг се љуби со астролог тоа значи дека сте љубоморни на приватниот живот на вашиот пријател или колега од работа. Неговата врска ви изглед идеална, а партнерот/ката ви изгледаат совршено. Тоа ве фрустрира бидејќи тој/таа има сè она за кое тежнеете.

Ако се криете од астролог

Кога на сон се криете од астролог тоа значи дека ве мачи грижа на совест. Во афект сте повредиле некого со своите зборови и дела. Знаете дека би требале да се извините, но гордоста ве спречува во тоа. Ќе се обидувате да изнаоѓате оправдувања за себе, иако сте свесни дека сте погрешиле. Ако не сакате да бидете измачувани од вакви сништа во наредниот период, мора да сторите нешто по тоа прашање. Не дозволувајте инаетот да ве раздели од саканата личност.

Ако се тепате со астролог

Ако на сон се тепате со астролог тоа имплицира дека настан од минатото ве спречува да одите понатаму. Сте направиле погрешни чекори кои ви влијаеле на текот на животот. Сте се довеле во непријатна положба од која не можете да излезете. Сепак, со помош и поддршка од блиски луѓе би можеле макар да се обидете да го промените животот. Морате да бидете свесни дека никој нема да ви подари ништо и како и до сега ќе мора д се борите за она што го сакате. Доколку на сон некој друг се тепа со астролог тоа значи дека ќе чуете добра вест. Ќе ве израдува туѓа среќа. Можеби ќе бидете поканети на свадба или крштевање.

Ако убиете астролог

Сон во кој убивате астролог симболизира разочарување во драга личност. Некој ве повредил со зборови или дела. Не сте сигурни дали можете да преминете преку тоа, а не ви помага ниту фактот дека не ви се извинил/а за своите постапки. В   о овој случај не станува збор за повредена гордост туку за повредени чувства, па затоа ви е тешко да му/и простите.

Кога сонувате дека некој друг убива астролог значи дека ќе ве мачи неправда. Ќе бидете сведок на разговор или случување  чии заклучоци нема да ви се допаднат, бидејќи се неправедни. Ќе се обидете да влијаете на тоа, но безуспешно. Наскоро ќе сфатите дека не можете ништо да промените и ќе се потрудите да се оградите од сето тоа.

Ако сте астролог по занимање или познавате некого кој се занимава со оваа работа сонот не се толкува. Исто важи и доколку сте читале хороскоп или гледале емисија на таа тема. Тоа едноставно значи дека вашиот мозок обработува информации на сон добиени на јаве.

Дефиниција за астрологија

Астрологија е псевдо-наука која положбата, движењето и односите на небеските тела ги доведува во врска со особините на поединците и нивните реакции во светот. Астролог е личност која се занимава со астрологија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg