Астма

Term Main definition
Астма

Ако добиете асматичен напад – проблеми при остварување на плановите.

Што значи да сонувате астма?

Ако сонувате астматичен напад

Кога сонувате астматичен напад тоа имплицира дека ќе имате проблеми при реализација на планови. Можно е предано да работите на остварување на вашите цели и на тоа да посветувате доволно време и енергија. Кога ќе пристигнете до самиот крај, имате проблем да уживате во заслужените награди. Вие сте голем перфекционист и повеќе сакате да се мачите околу деталите кои никој не ги забележува.  Постојано размислувате за тоа што би можеле да направиле,  а што не сте направиле до сега.

Не знаете како да се опуштите и да дозволите другите да ви дадат признание за вашите заложби. Често одите во екстреми и наоѓате проблем онаму каде што го нема. Исто така, астма на сон укажува дека не се снаоѓате најдобро со обврските кои ги имате. Чувствувате дека ве гушат норми кои ги поставува вашето друштво и кои се сметаат за прифатливи. Најрадо би побегнале некаде далеку каде што никој не ве познава за да бидете на слобода. Ве мачи притисокот да се омажите/ожените. Не ги поднесувате загрижените и сожалувачки погледи на луѓе кои сметат дека сте изгубен случај и дека никогаш нема да најдете некој што ќе ги поднесува вашите бубачки.

Ако некој друг има астматичен напад

Ако на сон се обидете да помогнете некому кој има асматичен напад тоа значи дека би требало да бидете внимателни при склучување зделки. Некој би можел да се обиде да ве измами или вовлече во некој нелегален бизнис. Внимавајте при избор на соработници бидејќи една грешка може да ве чини многу главоболки.

Ако сонувате дека пиете лекови за астма

Кога на сон пиете лекови за астма тоа имплицира дека се обидувате да се ослободите од нешто што ве гуши. Можеби партнерот е премногу љубоморен или некој член на семејството ви ја црпе енергијата. Во секој случај, ќе мора нешто да промените бидејќи ситуацијава негативно делува на вас.

Ако сонувате како друг пие лекови за астма

Доколку во ваш сон некој друг пие лекови за астма тоа значи дека ќе почувствувате олеснување бидеќи работите почнале да се одвиваат онака како што сте посакувале. На деловен план ќе бидете задоволни бидејќи резултатите на вашиот труд и работа ќе почнат да се наѕираат, а можна е и финансиска награда. Од друга страна, ќе решите проблем со партнерот или блискиот пријател кој ве мачел долго време.

Ако сонувате дека сте се излечиле од астма

Сон во кој сте успеале да се излечите од астма знали дека пред вас е еден исклучително убав период. Ќе имате доволно енергија да го завршите започнатото. Вашата харизма ќе ви донесе многу успех на приватен и на деловен план.

Ако сонувате дека некој друг излекувал астма

Ако во ваш сон некој друг излекувал астма тоа значи дека ќе се најдете пред некоја дилема. Можеби некој ќе ви понуди работа во странство. Од една страна, промената на средина би ви дошла добро, но од друга, се плашите како би се снашле таму. Свесни сте дека моменталната работа нема перспектива и не ги задоволува вашите потреби, затоа одлуката да се преселите некаде далеку би била сосема логична. Сепак, за вашиот град ве врзуваат емоции и драги луѓе. Преиспитајте си ги приоритетите, па полесно ќе ви биде да донесете одлука.

Ако сонувате дека повторно сте се разболеле од астма

Доколку сонувате дека повторно ви се вратила астмата тоа имплицира дека не сте расчистиле со минатото. Сè уште размислувате за некоја личност која ви била блиска, а со која целосно сте прекинале контакт. Би сакале повторно да го видите, но се плашите дека тоа би можело да разбуди потиснати чувства. Од друга страна, знаете дека би било најдобро да заборавите и да продолжите понатаму, но тоа никако не ви оди во моментот.

Ако сонувате дека некој друг повторно се разболел од астма

Ако во вашиот сон некој повторно се разболува од астма тоа значи дека сте исплашени за здравјето на некој член на семејството. Можно е утврдувањето на дијагнозата да трае во моментот, што дополнително ви ги засилува стресот и грижите. Сепак, морате рационално да размислувате и да се потрудите да ги гледате работите од позитивна страна, да за не се чувствува болниот уште полошо.

Ако сонувате како фрлате лекови за астма

Кога на сон фрлате лекови за астма тоа значи дека ќ запознаете харизматична личност која брзо ќе ви ги освои симпатиите. Ќе посакате да поминете повеќе време заедно, а не е исклучена ниту тајна романса. Ќе го криете односот од другите бидејќи се плашите некој да не ви се замеша во врската и да ви расипе сè.

Ако сонувате како некој друг фрла лекови за астма

Сон во кој гледате како некој друг фрла лекови за астма значи дека ќе ве изненади пријателот или колега од работа. Веројатно станува збор за личност која неодамна сте ја запознале, па неговите/нејзините скриени таленти ќе ви бидат новост. Ќе ве одушеват со смислата за хумор и ноншалантност.

Ако сонувате инхалатор за астма

Доколку на сон видите инхалатор за астма морате да бидете повнимателни во комуникација со луѓето. Промените на расположението и изливи на бес не се нешто со што треба да се фалите. Тоа што блиските не ви го посочуваат тоа, не значи дека е правилен начин на комуникација. Каква и да е причината, обидете се да ја канализирате во друга насока.

Ако користите инхалатор за астма

Ако на сон користите инхалатор за астма тоа симболизира потреба за одмор. Големата количина на стрес и бројните обврски не ви дозволуваат да си најдете време за себе. Бидете внимателни, бидејќи на долг план тоа би можело да има негативни последици по вашето здравје.

Ако добиете инхалатор за подарок

Кога на сон добивате инхалатор за астма на подарок тоа значи дека некој ќе ве предупреди заа некој проблем на работа или на факултет. Овие информации ќе ви помогнат да избегнете поголеми грижи, па конечно ќе сфатите колку е важно да бидете во добри односи со колегите.

Ако подарите инхалатор за астма

Сон во кој некому подарувате инхалатор ја симболизира вашата потреба да им помагате на луѓето дури и кога не го бараат тоа од вас. Сметате дека ја правите вистинската работа, но понекогаш треба да размислите дали некому навистина му треба ваша помош или сами сте се наметнале.

Ако купите инхалатор за астма

Ако на сон купувате инхалатор за астма тоа значи добивка. Можеби ќе дознаете дека сте наследиле пари или некоја вредна работа, но и дека конечно ќе имате среќа во игрите на среќа.

Ако фрлите инхалатор за астма

Кога сонувате дека сте фрлиле инхалатор за астма тоа значи дека ќе се ослободите од товар кој подолго време не ви дозволува да напреднете. Можно е дури и дека ќе се ослободите од некоја морална дилема која ве спречувала да постигнете успех на деловен и на приватен план.

Значењето би можело да биде поедноставно. Доколку имате астма или некој здравствен проблем, тоа сигурно ви оставило впечаток па оттаму и причина за вашиот сон.

Дефиниција за астма

Астма е хронично воспалително заболување на дишните патишта.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg