Артритис

Term Main definition
Артритис

Добро здравје.

Што значи да сонувате артритис?

Ако сонувате дека имате артритис

Кога сонувате дека имате артритис, тоа означува дека сте загрижени за здравјето. По природа сте плашливи и кревате паника за ситници. Ако ги имате најбезопасните симптоми на настинка, во состојба сте да си дадете дијагноза и да земете лекови на своја рака. Водите грижа за начинот на приготовка на храна и се трудите во куќата сè да ви биде под конец. Можно е другите да ви замераат затоа што се претворате во хипохондрик , но вас тоа не ве допира и секогаш можете да си најдете истомисленици.

Ако ваш противник има артритис

Кога сонувате дека ваш непријател има артритис, тоа имплицира дека сте направиле нешто поради кое се каете. Веројатно сте биле груби кон некого кој не го заслужил тоа и сте мислеле дека ќе се чувствувате подобро. Ќе се испостави дека сега само ви е тешко и во иднина ќе се потрудите да не возвраќате со иста мера. Можно е другите луѓе да ви речат дека сте наивни, но вам ви е најважен мирот.

Ако член на семејство има артритис

Кога сонувате дека член на семејството или пријател има артритис, тоа укажува на болест на блиска личност. Ќе бидете загрижени за постар член на семејството што ќе го покаже и самиот сон. Ќе се потрудите да бидете јаки, но тешко ќе ја поднесете можноста да можете да изгубете некого кој ви е многу важен.

Ако оздравете од артритис на сон

Кога сонувате дека сте оздравеле од артрити, тоа значи дека ќе решите проблем веќе подолго време ви создава главоболка. Можеби се работи за нешто што ќе има влијание врз вашата иднина. Ќе донесете одлука за промена на работното место или местото на живеење. Може да се случи да одите во странство каде ќе остварите соработка од која ќе имате корист.

Кога некој друг се излекувал од артритис

Ако сонувате дека некој друг се излекувал од артритис тоа симболизира дека имате нереални очекувања од блиски луѓе. На партнерот му наоѓате замерка за секоја работа која не ја сработил онака како што сте замислиле, а на пријателите бидејќи не се тука секојпат кога ќе ви бидат потребни. Навикнати сте да го остварите секој зацртан план, па тешко поднесувате кога некој ќе се изјалови. Тоа особено го покажувате кон личностите кои ви се блиски, бидејќи сметате дека тие мора да го знаат тоа, за да не би погрешиле во иднина.  Мора да сфатите дека сите не можат да бидат во ваша „служба“ , дека имаат свој живот и дека понекогаш вашето однесување умее да им пречи на луѓето.

Ако сонувате лек за артритис

Доколку на сон видите лек за артритис тоа имплицира дека сте незадоволни од начинот на кој колегите се однесуваат кон некоја заедничка задача. Веројатно сте поделиле задачи за да одработите нешто што поквалитетно. Додека вие се трудите успешно и на време да ја завршите задачата, другата страна не е толку агилна. Ќе се доведете во ситуација сè да преземете врз свои плеќи бидејќи ви значи да се заврши работата што поскоро. Тоа на соработниците ќе им дојде добро бидејќи на крајот ќе ги преземат заслугите за добро сработената задача, без вложено време и труд.

Ако на сон пиете лек за артритис тоа значи дека ќе се најдете во непријатна положба. Ќе добиете улога на арбитер во спор помеѓу блиски луѓе, што ќе ви создава притисок.  Од вас ќе се очекува да донесете правилна одлука или да заземете страна. Ќе посакате да се извлечете и да не морате да влегувате во конфликт со никого. Сепак, ќе знаете дека тоа не може да се избегне, па ќе се потрудите да бидете што поправедни.

Кога на сон некој друг пие лек за артритис потсвеста ви говори дека жалите за нешто што се случило во минатото. Можеби сте пропуштиле некоја добра прилика или сте одлучиле да прекинете контакт со некој кој ви бил важен. Сега сфаќате дека потегот ви бил избрзан и дека не сте требале да дозволите да ве совладаат чувствата. Сепак, нема смисла да жалите за нешто што припаѓа на минатото. Обидете се да ја заборавите работата или да се свртите кон иднината.

Ако сонувате смрт од артритис

Сон во кој умирате од последица од артритис симболизира добро здравје. Загрижени сте поради некои симптоми кои веќе долго време ве мачат, па сте замислувале најлошо можно сценарио. Посетата кај лекар ќе ви ја отсрани сомнежта дека нешто сериозно ве мачи. Сепак, ќе ве наведе да водите сметка за сопственото здравје, па ќе почнете да внимавате што јадете.

Ако на сон некој друг умрел од артритис тоа значи дека премногу сте се преоптовариле со туѓ проблем. Веројатно ваш пријател или познаник ви зборувал за своите грижи кои многу ве загрижиле. Свесни сте дека не можете да му/ ѝ помогнете, па тоа ве јаде. Залудно барате начини да го решите неговиот/нејзиниот проблем, но ќе сфатите дека единственото што ќе можете да направите е да му/ ѝ бидете при рака доколку затреба.

Ако сонувате ревматолог

Кога на сон гледате ревматолог, тоа ја симболизира потребата за совет. Имате некаков проблем и не можете да најдете начин да го решите. Не сте сигурни од кого да побарате помош. Можеби се плашите дека некој погрешно ќе ве разбере или дека ќе ве осуди поради ваш став или одлука. Затоа покрај себе ви е потребна личност од доверба и некој кој добро ве познава. На крајот, проблемот ќе го решите сами , што подоцна ќе се испостави како добра одлука. Ако на сон запознавате ревматолог тоа значи дека би сакале луѓето повеќе да ве ценат. Веќе некое време  напорно работите да добиете признание и воодушевување, но такви резултати нема на повидок во моментот. Би сакале она што сте го направиле да предизвика воодушевување кај влијателни лица, па многу да почнат да ве прашуваат за совет.

Ако разговарате со ревматолог

Доколку на сон разговарате со ревматолог веројатно ќе запознаете влијателна личност која би можела да ви помогне да пронајдете или промените работно место. Ќе се потрудите да се зближите со неа за да го постигнете она што го сакате. Можеби ќе сфатите дека нејзиното/неговото друштво не ви одговара, но ќе го/ја „истрпите“ за да остварите вашите цели.

Ако водите љубов со ревматолог

Сон во кој водите љубов со ревматолог симболизира потреба за внимание. Се вбројувате меѓу луѓе кои имаат потреба да бидат во центар на случувањата. Сè ве интересира и би сакале да знаете сè. Тоа е ваш начин да им бидете интересни на луѓето. Затоа во друштво зборувате за вас, што понекогаш може да има спротивен ефект од оној што би сакале да го предизвикате. 

Овие соништа се проследени со чувство на страв, паника, збунетост, тежина, но и олеснување. Доколку вие или некого кого познавате страда од оваа болест, сонот не се толкува. Исто важи и доколку сте читале за артритис или гледале прилог на оваа тема на телевизија. Ако сте ревматолог по занимање или познавате некој кој се занимава со оваа работа сонот не се толкува.

Дефиниција за артритис

Артритис е болест кој се манифестира со воспаление на зглобови.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg