Алва
Term | Main definition |
---|---|
Алва | Ако јадете алва – забоболка. Ако видите алва – можни се проблеми со забите. Што значи ако сонувате алва?Ако видите алваКога на сон ќе видите алва, тоа предупредува на здравствени проблеми. Во последно време имате потешкотии за кои не сте во состојба да ги решите, па барате утеха во храната. Кога и да се чувствувате депресивно, вие посегнувате по слатки работи или пак земате да грицкате. Не водите сметка во кое време јадете, ниту пак колкави ви се порциите. Тоа дополнително влијае да се чувствувате лошо кога ќе се погледнете во огледало или кога ќе застанете на вагата. Омилената облека не ја носите од страв, туку облекувате само стари и широки работи. Пријателите ви предлагаат да започнете да тренирате или да трчате заедно со нив. Имате навика да станувате навечер во доцни часови и да шушкате во кујната. Ваш близок пријател или партнер ќе ве натера да ги промените лошите навики кои се ваша секојдневна потреба, но тоа нема да вреди, се додека не видите дека ослабнала личноста која е ваша најголема конкуренција. Ако јадете алваАко сонувате како јадете алва, тоа ве предупредува на проблеми со забите. Ќе имате јаки болки како последица на нередовна орална хигиена и нередовни контроли кај заболекарот. Нема да се грижите за здравјето на забите се додека не почувствувате дека нешто не е во ред. Заболекарот ќе ве искритикува бидејќи не водите грижа за вашата орална хигиена. Ако се гушите од алваДоколку сонувате дека се гушите додека јадете алва, вашата потсвест ви кажува дека сте повредиле некого со вашите зборови. Можеби некој ваш пријател ви се пожалил од здравствени проблеми, а вие сте го повредиле велејќи му дека самиот си е виновен за сè. Таквиот пристап го нарушил вашиот однос, па затоа треба да водите сметка за тоа како разговарате со блиските луѓе. Без оглед на фактот дека сте во право, обидете се да им објаснувате на вашите соговорници со повеќе емпатија. На крајот на краиштата, ако се ставите во нивната ситуација, ќе сфатите дека најмалку што ви треба сега е критика, дури и ако е добронамерна. Ако некој ве принудува да јадете алваАко сонувате дека некој ве принудува да јадете алва, а вие не сакате, можно е да не сте задоволни со вашиот физички изглед. Ви пречи што имате прекумерна тежина или што сте премногу ослабнати. Дополнителен притисок создаваат луѓе од околината кои постојано ве потсетуваат на тоа. Најмалку што ви треба сега е критика, затоа обидете се да не ја прифаќате при срце. Единствената личност што може да ви помогне да се „поправите“ - сте вие самите. Затоа, не двоумете се и обидете се да бидете задоволни со себе, не за другите луѓе, туку за вас. Ако припремате алваАко сонувате дека припремате алва, можеби сте загрижени за здравјето на блиска личност. И покрај тоа што ја убедувате да оди на лекар, таа не ве слуша и сега состојбата е поризична. Ве секира фактот што знаете на кој начин да помогнете. Имајте на ум дека тоа што сте покрај нив е доволно голема поддршка, бидејќи и тоа некому многу му значи. И покрај тоа што се плашите дека не рпавите доволно за нив, ќе сфатите дека ситуацијата би била слична доколку вие би го имале тој проблем. Ако некој друг припрема алваКога сонувате дека некој друг подготвува алва, ќе слушнете добра вест. Можно е вашите пријатели да ве известат дека конечно решиле некој проблем. Може да ве известат дека член на семејство или близок пријател ќе добие бебе. Тоа ќе ве направи многу среќни. Плус, во морето лоши информации што пристигнуваат овие денови до вас, конечно ќе слушнете нешто добро и позитивно. Ако купувате алваАко сонувате дека купувате алва, ќе се ослободите од некој порок. Ако некое време размислувате да се откажете од нешто што го сакате, што ви создава здравствени проблеми, сега е време да го направите тоа. Ќе бидете решени да истраете во таа одлука и конечно ќе бидете задоволни од себе. Ако продавате алваКога сонувате како продавате алва, тоа значи дека некој ве озборува. Веројатно причината за тоа е завист или љубомора. Не мора да биде блиска личност, туку некој што ве познава површно и е свесен за вашите квалитети. Можеби ќе се обидете во одреден момент да го демантирате, но безуспешно. Ќе сфатите дека нема ништо што можете да промените во врска со тоа и ќе ги оставите работите да одат по свој пат. Она што ќе го слушнете за себе ќе биде целосна лага, но нема да се грижите за тоа, бидејќи луѓето кои ви значат ве познаваат вас и знаат дека тоа се невистини. Ако добиете подарок алваАко сонувате дека сте добиле алва како подарок, можеби имате впечаток дека никој не ве разбира. Веќе некое време, не можете да најдете заеднички јазик со вашиот партнер, семејството или колегите. Изгледа дека го осудуваат секој ваш потег, дури и ако не се сигурни зошто сте постапиле на тој начин. Ако некому подарите алваКога сонувате дека некому подарувате алва, тоа значи дека ќе се расправате со тврдоглава личност. Тоа ќе биде болен разговор од кој ќе заклучите дека залудно сте си го трошеле времето. Ако сонувате алваџијаКога сонувате човек кој прави и продава алва, тоа значи дека ќе решите проблем што ве мачи долго време. Ќе успеете да се справите со предизвикот и ќе излезете од тешката ситуација како победник. Ова дополнително ќе ве мотивира да се обидете да го направите вашиот живот што е можно подобар. Можно е да пронајдете партнер или вашиот сегашен партнер да ви открие некоја своја убава страна што досега не сте ја забележале. Пред вас е и добар период кога станува збор за работата. Ако сте вработени во компанија, можно е да добиете друга работа за која ќе бидете платени повеќе. Ако имате сопствен бизнис, ќе најдете начин да го проширите бизнисот без многу да ризикувате. Ако неодамна сте јаделе или подготвувале алва, или пак сте разговарале со некого за алва, сонот не се толкува. Не се толкува дури и ако сте го виделе ова задоволство на телевизија. Дефиниција за алваАлва е сладок десерт која потекнува од Блискиот исток и се прави од пченично брашно, семе од сусам, мед или шеќер. |