Алкохол
Term | Main definition |
---|---|
Алкохол | Ако пиете сами – ќе ве изневери пријател. Ако пиете во друштво – ви претстои веселба. Ако точите алкохол – ќе одите на пат. Ако истурите алкохол врз некого – ќе се открие вистината. Што значи ако сонувате алкохол?Кога сонувате дека сте истуриле алкохол врз некого, тоа е предупредување дека ќе се открие вистината. Треба да бидете претпазливи што и со кого зборувате. Можеби немате лоши намери, но честопати јазикот ви е побрз од умот. Некому ќе ветите дека нема да ја откриете тајната што ви ја кажале во доверба, но и покај тоа, ќе ја откриете тајната и ќе го прекршите ветувањето. Ќе мора да се извините и да побарате оправдување за грешката што сте ја направиле. Луѓето нема да ви веруваат како порано, што ќе ве натера да се запрашате што правите погрешно. Кога сонувате дека пиете премногу алкохол, тоа подразбира дека имате некаков проблем. Можно е да сте во тешка емоционална или финансиска состојба, па барате утеха во некој порок. На почеток нема да бидете свесни што правите и ќе го негирате проблемот. Вашето семејство ќе страда најмногу заради состојбата во која се наоѓате, а вие ќе побарате помош од нив дури тогаш кога ќе ви се закани отказ од работа или развод. Кога на сон ќе видите како некој друг пие алкохол, тоа е знак да бидете внимателни додека возите. Ако одите на забава, семејството ќе инсистира однапред да обезбедите превоз.Ќе бидете нервозни затоа што тие не ви веруваат, но на крајот ќе сфатите дека тоа е за ваше добро. Толкувањето на вакви соништа зависи и од контекстот во кој тие се одвиваат и од вашиот личен став кон алкохолните пијалоци. Затоа постојат различни толкувања и различни значења. Овој сон може да биде придружен со чувство на задоволство, среќа, гордост и возбуда, а повремено и немир, страв и вознемиреност. Кога сонувате дека вие пиете жесток алкохолен пијалaк, можно е вашата потсвест да ви кажува дека правитенешто погрешно во реалноста, што може скапо да ве чини во иднина. Можеби чувствувате дека некоја одлука што сте ја донеле неодамна е погрешна или дека некого сте навредиле со вашите зборови или постапки. Размислете дали односите со вашето семејство се заладени и дали вие сте придонеле кон тоа со своето однесување. Ако сонувате дека сте зависник од алкохол, можеби сте загрижени за ваша блиска личност која има навика да пие. Покрај тоа, можеби чувствувате дека нешто излегува од контрола. Навикнати сте да ги држите сите конци во ваши раце, да имате увид во семејните настани, но некои од нив ќе заклучат дека премногу се мешате во нивниот приватен живот и ќе одлучат да се дистанцираат од вас и да престанат да ги слушаат вашите совети. Тоа многу ќе ве навреди и повреди, но набрзо ќе сфатите дека секој го избира својот пат и ќе престанете да ги наметнувате своите идеи и решенија на другите. Ако сонувате дека наздравувате со алкохолен пијалок со некого на прослава, вашата потсвест ви кажува дека ќе се чувствувате добро поради одлука што неодамна сте ја донеле, а која може да ви донесе многу успех во професионалниот живот. Од друга страна, ако сонувате дека сте испиле премногу на некоја забава, или доколку сонувате дека сте мамурни после некоја забава, можеби нема да бидете целосно искрени со вашиот партнер или пријател. Веројатно криете нешто за да ги заштитите, но наскоро ќе сфатите дека вистината ќе мора кога-тогаш да излезе на видело, а тоа што сте неискрени уште повеќе ќе ги повреди луѓето што ги сакате. Толкување на сон во кој пиете алкохолен пијалок исто така зависи и од видот на пијалокот што го пиете. На пример, ако пиете жесток алкохолен пијалок како што е виски, бурбон, вотка или рум, можно е да поминувате низ тежок период полн со предизвици и проблеми. Можеби ќе добиете задача за која не сте на ниво или можеби ќе дознаете дека некој долго време ве лажел. Ова негативно ќе влијае на вашиот секојдневен живот, па сè повеќе ќе прибегнувате кон некаков порок, за да заборавите на сè што ве мачи. На долг рок, ова е сосема погрешен избор. Би било подобро да ги решавате проблемите еден по еден, наместо да ги туркате под тепих. Ако сонувате шампањско, потсвеста ви кажува дека сте премногу негативни кон сè. Обидете се да размислувате за позитивни и убави работи кои до сега ви се случиле во животот и бидете среќни токму поради нив. Преголемата доза на негативност и незадоволство може да остават сериозни последици врз вашето здравје. Во слободно време посветете се на некое хоби, читајте некоја книга или шетајте, односно обидете се да вклучите поголема физичка активност со која ќе го уморите телото а ќе го релаксирате умот. Ако на сон гледате или пиете вино, можно е да сте осамени или да се сомневате во искреноста на вашите пријатели. Веќе некое време ве вознемирува фактот дека сте се дистанцирале од некои луѓе, па барате причини зошто е тоа така. Можеби досега најмногу ги обвинувавте другите, па затоа е време да ги преиспитате своите постапки. Односот со вашите најблиски ви е лош, а тоа се базира на вашата лоша комуникација. Ги гушите со вашите проблеми и ги игнорирате знаците дека понекогаш и ним им е потребна помош. Ако не сте тука за нив кога им требате, веројатно и тие нема да имаат време за вас кога ќе сте во криза. Сон во кој гледате или пиете пиво е поврзан со вашата потреба за одмор или опуштање со пријателите. Можно е одамна да не сте си поминале убаво во слободно време. Според некои толкувања, пиво на сон значи дека потсвеста ви порачува да воспоставите рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот. Можеби работата ве окупирала целосно, бидејќи знаете дека мора напорно да работите за да успеете да си обезбедите сè што ви е потребно. Можно е уште неколку луѓе да зависат од вас во финансиска смисла. Затоа фантазирате за некои побезгрижни денови кога сте можеле да си пружите луксуз и повеќе време да поминувате со пријателите. Кога пиете коктел на сон, вашата потсвест ви кажува дека имате измешани чувства кон некого или нешто. Можеби сте постигнале некој успех на работа, но сепак не се чувствувате задоволни. Покрај тоа, можно е сè да ви оди добро на приватен план, но и тоа не ви причинува задоволство во целост. Ве вознемируваат многу прашања на кои не можете да дадете адекватен одговор во моментот. Не сте сигурни што сакате, а камоли како да го постигнете тоа. Време е да ги преиспитате вашите чувства, бидејќи постојано давате измешани сигнали. Во еден момент мислите дека би било најдобро да сте сами, а во следниот момент имате потреба од некој со кого ќе го делите и доброто и злото. Дефиниција за алкохолАлкохол е органско соединение во кое хидроксилната –OH група е поврзана со јаглероден атом. |