Алка
Term | Main definition |
---|---|
Алка | Ако сонувате целосна алка - имате верен пријател. Ако е скината - некој не е искрен кон вас. Што значи да сонувате алка?Ако видите цела алка на сонКога сонувате цела алка на сон, тоа симболизира дека вашиот пријател или партнер ви се верни. Опкружени сте со луѓе кои несебично ви пружаат љубов и поддршка. Свесни сте дека можете да им се обратите за помош во секое време и тоа за вас претставува најголемо богатство. Ако сонувате разделена/скината алкаАко на сон видите разделена алка, добивате предупредување дека некој ќе ве излаже. Веројатно таа лага ќе биде искажана со најдобра намера, но без разлика на тоа, тоа ќе ви наштети. Семејството отсекогаш сакало да ве заштити, и покрај тоа што воглавно ви има одмогнато во животот. Повеќе од самата лага ќе ве повреди нивното убедување дека не сте во состојба да ја прифатите вистината и кон неа да се поставите како што доликува на возразна, одговорна личност. Ако спојувате алкаКога на сон спојувате алка, тоа имплицира дека сакате да се помирите со некој пријател. Кавгата која на почетокот ви делувала безопасно, ве предупредува дека трајно може да ви го загрози пријателството. Ќе ја увидите сопствената грешка што сте ја направиле и ќе сакате да се извините. Можно е пријателот да биде скептичен, но штом ја увиди грешката ќе заборави на секое несогласување. Алка како парче накитШто и да започнете ќе резултира со успех. Ќе се чувствувате исполнето и среќно во приватниот живот, а можни се позитивни промени како е во прашање работата. Доколку накитот е од сребро можна е кавга или расправа со блиска лчност. Веројатно нема да се сложите околу исправноста на вашите постапки. Партнерот или членот на семејството се сомневаат во вашите способности или моќ на расудување. Тоа ќе ве повреди и ќе доведе до заладување на односите. време да им кажете да престанат да ви бараат партнер. Ако подарите алкаАко сонувате дека некому подарувате алка, потсвеста ви говори дека се вртите во круг. Можно е да потиснувате некое чувство кое не ви дава мир. Кога некому подарувате алка, тоа значи дека ви недостасува љубов и внимание, но гордоста не ви дозволува да го признаете тоа. Ваквата состојба не може да трае долго, бидејќи ако предолго време чувате нешто во себе, стресот ќе расте од ден на ден. Ако добиете алкаАко добиете алка на подарок, веројатно партнерот е многу љубоморен. Можеби сте покажале почит кон личност од спротивен пол или, пак, сте му зборувале за некого со кога контактирате на работа или приватно. Таквото нешто ќе му пречи и ќе се чувствува како спореден лик во вашиот живот. Потрудете се да ги воочите знаците пред да стане премногу доцна и објаснете му на партнерот дека чувствата го лажат. Подгответе се да му докажете дека се уште ви значи, односно дека почитта кон некого нема никаква емотивна смисла. Ако купите алкаКога на сон купувате алка тоа симболизира потреба за самотија. Можно е во последно време да бидете опкружени со луѓе кои ве изморуваат и гушат со својата негативна енергија. Сакате да го промените работното место или местото на живеење, но јасно ви е дека тоа во моментот не е можно. Поради тоа се чувствувате анксиозно и немоќно. Ако продавате алкаАко на сон продавате алка, тоа симболизира подобрување на финансиската состојба. Можно е покачување на плата или неочекувана парична добивка. Ќе се опуштите бидејќи конечно можете да го завршите она што сте го планирале. Искористете го поволниот момент, сите работни обврски ставете ги на чекање и посветете се на семејството или партнерот. Ако сонувате метална алка за тропање на вратаАко на сон видите алка на врата, ве очекува средба со личност од спротивен пол што би можела да биде судбоносна. Можеби се работи за личност со која порано сте се дружеле, а која долго време не сте ја виделе. Евоцирајќи стари спомени, ќе ви се јават симпатии кои веројатно сте ги потиснувале во себе. Може да се јави непријатност доколку личноста во прашање, или пак, вие имате партнер покрај себе. Веројатно ќе се најдете во искушение да/го изневерите. Дефиниција за алкаАлка има повеќе значења, од кои: ланец, обрач, витешка народна игра и метална направа на врата со чија помош се тропа. |