Алигатор

Term Main definition
Алигатор

Внимавајте, имате непријатели.

Што значи ако сонувате алигатор?

Вакви сонови се придружени со чувство на страв, вознемиреност и возбуда. Ако неодамна сте виделе алигатор во живо, сте биле во контакт со алигатор, или пак сте го гледале на телевизија, тогаш овој сон се се толкува. Ако сте сонувале крокодил, тогаш погледнете толкување на сонот - што значи да сонувате крокодил.

Ако видите алигатор

Кога ќе видите алигатор на сон, тоа ве предупредува да се пазите од непријателите. Некој од вашата околина се преправа дека ви е пријател и ви посакува штета. Можно е да сте имале близок пријател од кого сте се дистанцирале со текот на времето. Поради неочекувана средба со оваа личност ќе посакате да го обновите односот, иако животот ве однесе на различни страни. Ќе бидете многу возбудени бидејќи се работи за личност која вам ви е многу драга. Сепак, со тек на време ќе сфатите дека таа личност се променила и тоа нема да ви се допадне. Ќе дознаете дека не се искрени со вас, и на некој начин се обидуваат да ви наштетат. Другите  ќе ве предупредат да се држите настрана од таа личност, но вие дури подоцна ќе сфатите дека биле во право.

Ако бегате од алигатор

Кога сонувате како бегате од алигатор, тоа е знак дека сте во безнадежна ситуација. Вложувате многу напор во нешто што воопшто нема да ви користи. Напротив, ова вложување само ќе ви наштети. Може да биде некоја работа, врска или пријателство. Потсвесно сте оптеретени поради ова и затоа тоа се рефлектира во вашите соништа. Ќе се сомневате дали да се откажете од борбата, што и ќе се случи кога пореално ќе ги согледате работите.

Ако убиете алигатор

Ако сонувате како убивате алигатор, тоа симболизира дека успешно ќе ги надминете сите пречки. И покрај тоа што имате проблеми со други луѓе, често вие сте си најголемиот непријател на самите себе. Сè уште учите како да се победите себе си. Во наредниот период, вашата борба ќе вроди со плод и лесно ќе ги надминете стравовите што ве кочат долго време за да живеете како што посакувавте.

Ако ве напаѓа алигатор

Ако сонувате дека ве напаѓа алигатор, вашата потсвест ви кажува дека имате проблем што не знаете како да го решите. Ви претстои период на голема борба и двоумење. Во текот на овој период понекогаш ќе имате желба да се откажете од сè. Ќе ве мотивираат партнерот и семејството, но и покрај тоа ќе чувствувате дека вам ви треба нешто повеќе од тоа.

Ако ве касне алигатор

Ако сонувате дека ве каснал алигатор или пак ако сонувате дека ве изел алигатор, тоа значи дека сте во опасност. Можеби сте вложиле многу пари, напор и работа во нешто што во моментов не ви носи ниту материјален, ниту било каков друг успех. Ќе бидете во дилема дали да се откажете од тоа и да се посветите на нешто друго, или да се обидете да истраете до крај.

Ако алигатор напаѓа некој друг

Кога сонувате дека алигатор напаѓа или каснува некој друг, тоа значи дека би можеле да изгубите важна работа поради недоверливи партнери или колеги. Ако имате приватен бизнис, некој од вашите блиски соработници би можел да ве изневери.

Ако сте опкружени со алигатори

Кога сонувате дека сте опкружени со неколку алигатори во вода, тоа значи дека во блиска иднина ќе доживеете ситуација со која нема добро да се справите. Можно е некој да ви даде задача за која не сте на ниво, и поради тоа да имате огромен стрес. Ќе мора да бидете претпазливи на секој чекор бидејќи и мала грешка може да има фатални последици за вас. Фактот дека немате кому да се обратите за помош и совет ќе ви создаде дополнителен притисок. Сепак, можеби некоја непозната личност која ќе има доволно разбирање и трпеливост ќе ви се најде од голема помош кога и да ви затреба.

Ако ловите алигатори

Ако сонувате како ловите алигатори, тоа значи дека ќе доживеете авантура. Можеби ќе влезете во нова врска или ќе прифатите понуда за работа во странство. Некое време, ќе се двоумите дали да го прифатите предизвикот, или да останете таму каде што моментално се чувствувате најбезбедно. Вашите пријатели и најблиски ќе ве советуваат за втората опција, што дополнително ќе го зголеми вашиот страв од промени, иако сте свесни дека посакувате авантура, без оглед на нејзиниот исход.

Мал алигатор

Кога сонувате мал алигатор, тоа ја симболизира вашата желба да заштитите некого. Ако сте родител, овој сон не е невообичаен, бидејќи имате постојана потреба да го заштитите вашето дете. Исто така е можно да се однесувате заштитнички и кон некој друг член на семејство кој во моментов е прилично ранлив. Мали крокодили во сон симболизираат приврзаност кон семејството.

Голем алигатор

Ако сонувате голем алигатор, тоа значи дека сè уште не му се види крајот на вашите проблеми. Веќе некое време не можете да се справите со ситуација во која сте се нашле поради вашето невнимание или небрежност. Веројатно сте свесни дека самите сте создале ваква ситуација, но тоа е првиот чекор кон решението, бидејќи долго време ги обвинувате другите за вашиот неуспех. За да го „надминете“ сето тоа, ќе мора да имате многу енергија и трпеливост и секако да покажете иницијатива. Сосема е сигурно дека вашиот проблем ќе бара многу напор и работа, но без тоа не можете да очекувате да го решите.

Алигатор во вода

Кога сонувате алигатор во вода, тоа значи дека конечно ќе најдете начин да излезете од проблемот што веќе некое време ви создава стрес и нервоза. Пред вас е исклучително поволен период кој треба да го искористите максимално. Можно е да го смените работното место, па дури и професијата, што значително ќе ја подобри вашата финансиската состојба. Веројатно ќе запознаете или ќе сретнере некоја личност која може да ви помогне да најдете нова работа или нов работодавач. Ќе се двоумите да ги следите неговите/нејзините совети, но брзо ќе сфатите дека можете повеќе да добиете отколку да изгубите.

Алигатор на копно

Ако сонувате алигатор на копно, вашата потсвест ви кажува дека во моментот не се чувствувате добро во своја кожа. Не сте задоволни од вашиот деловен или приватен живот, или од начинот на кој околината се однесува кон вас. Сето ова ви создава стрес и ја нарушува вашата самодоверба. Чувствувате дека не сте ги исполниле своите или очекувањата од околината. Сепак, за да го надминете ова, ќе мора да пресечете и конечно да сфатите што сакате, а што не.

Престанете да барате потврда од другите за секоја одлука што сакате да ја направите, напротив, потпрете се на вашиот инстинкт и вашите сопствени способности. По првиот помал успех, самодовербата ќе ви се врати.

Алигатор во кафез

Кога сонувате алигатор во кафез или зоолошка градина, значи дека ќе влезете во судир со личност од спротивниот пол. Можна е расправија со вашиот партнер или со некој  член од семејството. Не се согласувате со одлуките кои ги донесува таа личност а кои влијаат на вашиот живот. Сметате дека никој освен вас нема право да одлучува за вашата иднина.

Заби или вилица на алигатор

Ако сонувате заби или вилица на алигатор, тоа значи дека ќе се најдете во ситуација во која ќе мора да се браните. Ќе бидете принудени конечно да застанете зад себе и да ги браните своите ставови. Ќе се потрудите луѓето околу да разберат дека владеете со материјата за која зборувате и да престанат постојано да ви кажуваат како и што треба да правите.

Ако неодамна сте виделе алигатор во зоолошка градина или на телевизија, овој сон не се толкува. Тоа значи дека вашиот мозок само го процесира она што ви се случило во реалноста, додека сте биле будни.

Дефиниција за алигатор

Алигатор е рептил кој припаѓа во редот на крокодили.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg