Алергија

Term Main definition
Алергија

Ако некој друг човек има алергија – вашите планови имаат изгледи за успех. Ако имате алергија – пријатни друштвени вести.

Што значи да сонувате алергија?

Ако сонувате дека имате алергија

Кога сонувате дека имате алергија, тоа значи дека ќе бидете прифатени во друштво. Можно е да сте промениле место на живеење и дошле во средина во која никого не познавате. Сте донеле одлука да не тагувате за татковината, туку да се обидете да запознаете нови пријатели. И покрај тоа што не сте личност што лесно создава нови познанства, ќе дадете се од себе тоа да го промените. Нема да бидете потполно искрени, па можно е да имате проблеми во иднина. Пријателите нема да знаат кои нешта ви пречат, нешта на кои на почетокот не сте обрнувале внимание.

Сонови со алергиски напад

Сонови со алергиски напад или алергиска реакција може да симболизираат некоја непријатност. Можеби ставовите и постапките на блиските луѓе да ги доживувате преемногу лично. Ако сте алергични на мачки, кучиња или некои намирници, а во сон се најдете во контакт со нешто за што знаете дек ќе ви предизвика алергиска реакција тоа значи дека некој се обидува да ве доведе во непријатна ситуација поради којашто ќе се чувствувате многу немоќно. После првичниот шок ќе сфатите што треба да направите за да го решите проблемот.

Ако сонувате дека некој друг има алергија

Кога сонувате дека некој друг има алергија, тоа значи дека вашите планови ќе доживеат успех. На почетокот ќе бидете обесхрабрени бидејќи нема да постигнете резултати на работа или на студии какви што очекувате. Се прашувате дали сте ја одбрале вистинската професија. Сепак вашата работа и труд нема да останат незабележани. Полека ќе почнете да постигнувате резултати и претпоставените ќе ви дадат прилика да се докажете. Преку стекнатата самодоверба и моќ ќе бидете во можност да си ги подарите сите оние нешта кои сте ги посакувале. Можно е членовите на семејството да не се претерано среќни поради вашиот успех бидејќи со тоа темпо би наскоро би заминале од семејниот дом. За нив секогаш ќе бидете дете за кое тие сакаат да се грижат.

Ако помагате некому кој има алергија

Сон во кој помагате некому кој има алергиска реакција значи дека ќе решите голем проблем. Проблемот можеби ќе биде поврзан со приватниот или деловниот живот, но конечната разрешница вам ќе ви донесе мир и стабилност за кои долго време мечтаете. Влезени сте во поволен период за наоѓање работа или промена на работно место.

Ако добиете подарок на кој сте алергични

Доколку на сон некој ви подари нешто на кое сте алергични, тоа значи дека се сомневате во искреноста на вам блиска личност. Можеби чувствувате дека пријателот би можел да ве издаде или открие тајна која само вие ја знаете. Веројатно се сомневате во верноста на вашиот партнер бидејќи не поминувате доволно долго време заедни или не ви обрнува доволна количина на внимание која би сакале да ја добиете. Овој сон е проследен со страв кој веројатно го чувствувате и на јаве.

Ако сте опкружени со алергени

Ако на сон сте опкружени со предмети на кои сте алергични, тоа значи дека во блиска иднина ќе наидете на некој проблем. Ќе ви би потребно подолго време да го решите проблемот, бидејќи од некоја причина ќе вклучува луѓе до кои нема да можете да дојдете со леснотија. Сепак, пријателите и семејството ќе имаат огромно разбирање за вас и ќе ви пружаат безусловна поддршка. Тоа ќе ви значи многу бидејќи знаете дека не сте сами.

Ако предизвикате алергиска реакција

Ако сонувате дека личноста која ја сакате поради вас доживува алергиска реакција, можно е да сте загрижени за некоја личност. Веројатно има здравствен или финансиски проблем, а вие не можете да најдете начин да помогнете. Ќе ве измачува впечатокот дека само ја влошувате ситуацијата, а не помагате таа да се реши.

Доколку сонувате дека вашето дете или некоја друга блиски личност има алергиски напад, а вие не сте во состојба да помогнете, ќе бидете немоќни да спречите некое случување кои би можело трајно да ви ги наруши односите со роднините и пријателите. Ќе имате безуспешен обид да ги оправдате своите постапки, иако сметате дека не би требале, бидејќи сте немале намера некому да наштетите. Ќе посакате макар на кратко да бидете сами за да се одморите и размислите за следниот чекор.

Ако се лечите од алергија

Ако сонувате дека се лечите од алергија, тоа може да значи дека имате поголеми финансиски проблеми. Можеби пријателите и роднините нема да бидат во можност да ви помогнат, па ќе одлучите да подигнете кредит или позајмица. Бидете внимателни и добро проучите под кои услови ќе ги добиете парите, бидејќи погрешна проценка би можела да ви создаде уште поголема главоболка.

Неочекувана алергиска реакција

Ако на сон неочекувано добиете алергиски напад, би требало да внимавате во разговор со луѓето. Во последно време најверојатно многу ги критикивате другите луѓе занемарувајќи ги сопствените постапки. Луѓето околу вас се свесни за тоа, и покрај тоа што не ви го кажуваат во лице, веројатно мислат дека е глупаво да делите совети на други луѓе кога ни самите не можете да си помогнете.

Ако сонувате како нешто на што сте алергични не ви пречи

Кога на сон без проблем јадете храна на која сте алергични, тоа симболизира успех. Можеби ќе започнете сопствен бизнис или да напреднете на работното место, што ќе резултира со финансиска стабилност. Од друга страна, ќе постигнете успех на љубовен план. Доколку сте сами би можеле да се зближите со личноста за која долго време мечтаете, а доколку сте во подолга врска, ќе се одлучите на следниот чекор – ќе запловите во брачни води или ќе планирате потомство.

Соништата со алергија се проследени со чувство на непријатност, страв или паника.

Доколку алергијата предизвикува осип, чешање или кивање, веројатно ќе се посрамите или ќе доживеете неуспех. Тоа би можело да ви ја наруши самодовербата, но треба да знаете дека такви работи се случуваат на сите и брзо се забораваат.

Ако реакцијата подразбира гушење тоа значи дека насобраните проблеми ќе предизвикаат негативни последици. Обидете се да ги решите постепено и на време за да не се најдете во безизлезна ситуација.

Кога на сон добивате алергиска реакција поради нешто на што на јаве не сте алергични, тоа значи дека ќе добиете задача која бара јавен настап на кој не сте навикнати. Ќе бидете приморани да излезете од комфор зоната и тоа воопшто нема да ви се допадне. Сепак, ќе бидете свесни дека ќе мора да се соочите со тоа и да ја сработите задачата на најдобар можен начин, без оглед на тоа колку ви е неудобно. Ќе верувате дека од тоа ви зависи иднината во фирмата или сопствениот успех на работа. Постои голема веројатност дека сте во право.

Доколку неодамна сте доживеале алергиски напад или истиот се случил некому во вашето секојдневие, сонот не се толкува. Исто така, доколку сте читале или гледале на телевизија прилог за алергии, веројатно сте биле под впечаток.

Дефиниција за алергии

Алергија е преголема чувтвителност на некој орган или организам на повторен внес на алергени.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg