Алеја

Term Main definition
Алеја

Во градина – безгрижен живот. Во шума или поле – неверна љубов. Осветлена од сонце – веселба, пријатни вести. Во град – патување. На гроб – неосновани сомнежи.

Што значи ако сонувате патека / алеја?

Патека во градина

Кога сонувате алеја во градина, тоа означува безгрижен живот. Успешно ќе се изборите да ги остварите вашите соништа. Отсекогаш сте знаеле дека смислата на животот е семејството и ќе најдете партнер кој го сака истото со вас. Ќе им се посветите на децата, а кариерата никогаш нема да ви биде поважна од нив. Ќе се чувствувате најубаво гледајќи ги децата како се играат во вашата куќа со градина која е полна со цвеќе. 

Патека во шума

Кога ќе видите патека во шума или поле, тоа е предупредување дека вашиот партнер е неверен. Можеби забележувате промени во однесувањето на вашиот партнер. Тој повеќе не е внимателен како порано и не ви посветува доволно време. Ќе го замолите да ги разјасни вашите сомнежи, по што ќе одлучите дали ќе ја продолжите или прекинете врската.

Дрворед осветлен од сонце

Кога сонувате патека со дрвја т.е. дрворед, тоа е симбол на радост. Можеби очекувате вести поврзани со ваше патување во странство. Она што ќе го слушате ќе ве направи многу среќни. Ќе имате можност да поминете некое време во странство запознавајќи други култури и начини на живот.

Дрворед во град

Кога ќе видите дрворед во град, тоа значи дека ќе се преселите во град што ќе ви понуди многу повеќе можности од градот во кој сте сега. Ќе работите или студирате напорно за да успеете да живеете на друго место. За вашиот успех сте заслужни единствено вие. Ќе ги искористите можностите што ќе ви се појават на најдобар можен начин.

Алеја на гробишта

Кога сонувате алеја на гробишта, тоа покажува дека немате причина да се сомневате. Можно е да сте имале симптоми кои ви укажувале дека имате сериозен здравствен проблем. Ќе бидете многу вознемирени, но деталните анализи ќе ви покажат дека сте добро. Лекарот ќе ве посоветува да се занимавате со физичка активност што ќе ви помогне во борбата против стресот и секојдневните грижи.

Ако садите дрворед

Ако сонувате дека сами садите дрвја, тоа значи дека во блиска иднина ќе мора да донесете одлука што значително ќе влијае на остатокот од вашиот живот. Само затоа што не можете да очекувате помош или совет од пријателите, не значи дека не им верувате, или дека тие не сакаат да ви помогнат, туку затоа што треба сами да донесете одлука.

Ако сонувате дека садите дрвја со некого, тоа значи нов почеток. Можно е да добиете можност да патувате некаде, па дури и трајно да се преселите таму. По првичниот страв, ќе сфатите дека оваа промена ќе ви дојде добро, затоа што веќе подолго време се чувствувате незадоволни од вашиот живот.

Ако сонувате дека некој друг сади дрвја, ќе воведете ред во вашиот живот. Долго време се чувствувате неорганизирани и имате впечаток дека работите околу вас се случуваат спонтано. Ќе одлучите да ставите крај на тоа и да станете единствениот владетел во вашиот живот.

Ако шетате низ алеја

Ако сонувате дека шетате низ алејата, пред вас е тивок период во животот. Коцките конечно ќе бидат подредени  онака како што посакувавте. Ќе се чувствувате пријатно затоа што знаете дека грижите и проблемите стојат налеку зад вас. Можна е и нова љубов. Ако моментално сте сами, може да ви се случи судбоносна средба. На неочекувано место, ќе сретнете личност која целосно ќе ве маѓепса. Нема да се двоумите да и пријдете бидејќи знаете дека ќе зажалите ако пропуштите таква прилика. Фактот што во моментот сте среќни, ќе ви даде доволно самодоверба да се покажете во вистинското светло.

Кога гледате други како шетаат низ алеја, можно е потсвесно да завидувате некому или да сте  љубоморни. Можеби некој ваш соработник добил покачување, а вие не. Понекогаш имате впечаток дека сите во вашето опкружување се посреќни од вас. Запомнете дека тревата во туѓиот двор е секогаш зелена и дека за среќата понекогаш мора да се помачите.

Ако уништувате алеја

Ако сонувате дека уништувате алеја, тоа значи дека ќе го тргнете огромниот товар што го носите на грб веќе некое време. Можеби тоа е некоја тајна што ја чувате долго време за да заштитите некој што го сакате, или пак некој пријател ви доверил тајна и ве замолил да не ја кажете никому. Работите конечно ќе се расчистат и ќе можете да се опуштите.

Некој друг уништува алеја

Кога сонувате дека други уништуваат алеја, можно е некој да се обиде да се меша во вашиот емотивен живот. Веројатно трето лице ќе се обиде да ви го уништи односот со вашиот партнер, познаник или член на семејство, и ќе се обиде да ве изманипулира. Во секој случај, не смеете да дозволите сето ова да влијае на вас, обидете се да им објасните дека знаете да управувате самостојно со вашиот живот. Разговарајте отворено со вашиот партнер за сè. Престанете да ги туркате проблемите под тепих, бидејќи тоа нема да ви донесе ништо добро.

Кога сонувате дека невреме уништува алеја, значи дека во вашиот живот ќе следи бурен период. Можеби ќе треба да го промените работното место или местото на живеење и ова ќе ве исплаши.

Ако палите алеја

Ако сонувате дека палите алеја, тоа симболизира некој голем трошок. Ќе мора да вложите пари во нешто што сте сигурни дека нема да ви се исплати. Како и да е, ќе знаете дека најдобро е да го решите тоа што е можно побрзо, за ситуацијата да не биде уште покомплицирана.

Сон во кој гледате како некој друг пали алеја значи дека треба да посетите лекар. Акумулираниот стрес и бројните обврски не ви дозволуваат да си посветите доволно време на себе. Сепак, препорачливо е да вклучите било каква физичка активност во вашата дневна рутина и да внимавате што јадете. Можеби имате симптоми кои претходно не сте ги имале, па наместо да си поставувате сами дијагноза, одете кај специјалист кој знае многу повеќе од вас. Веројатно нема причина за загриженост, но превенцијата понекогаш спасува живот.

Ако се изгубите во алеја

Кога сонувате дека сте се изгубиле во алеја, значи дека треба да престанете да размислувате за тоа како ве доживува околината. Премногу ја преоптеретивте вашата потсвест со дилеми дали сте доволно добри за вашиот партнер, дали сте доволно способни на работата која ја работите, и дали правите сè што е во ваша моќ за вашиот партнер. Време е да се осврнете кон себе и да го тргнете товарот од својот грб дека морате со сите да бидете добри. Помирете се со фактот дека не можете да ги задоволите сите и дека нема смисла да се оптеретувате за тоа.

Ако некој се изгубил во дрворед

Ако сонувате дека некој се изгубил во алеја, значи дека се сомневате во верноста на вашиот партнер. Веројатно сте забележале некои знаци бидејќи вашиот интимен однос не е каков што бил претходно. Сепак, не треба да донесувате заклучоци врз основа на вашата интуиција. Разговарајте отворено со вашиот партнер , тоа е единствен начин да сфатите што се случува и да помогнете вашиот однос да стане поквалитетен.

Доколку сте се шетале низ алеја или сте виделе алеја на телевизија, сонот не се толкува бидејќи вашиот мозок само процесира информации кои сте ги виделе во реалноста додека сте биле будни.

Дефиниција за алеја

Алеја е улица или патека која е украсена со дрворед од двете страни.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg