Албум
Term | Main definition |
---|---|
Албум | Ако листате – средба со бившиот партнер. Ако е во туѓи раце – несакан гостин. Што значи ако сонувате албум?Ако листате албумКога прелистувате албум во сон, тоа означува средба со бившиот партнер. И покрај тоа што се обидувате да го заборавите минатото, веројатно сепак се сеќавате на личноста која претходно многу ви значела. Овој сон покажува дека сè уште копнеете по таа личност. Ќе имате можност да ја сретнете личноста на забава кај ваш пријател. После тоа, ќе сфатите дека не сте рамнодушни еден кон друг. Веројатно и двајцата имате нови партнери, но случајната средба ќе ги разбуди старите емоции. Вашиот партнер ќе забележи дека нешто не е во ред и ќе побара објаснување од вас. Ќе се двоумите што да направите без да повредите некого. Ќе сфатите дека не знаете да функционирате добро заедно, но страста ќе биде пресилна и нема да можете да и одолеете. Албум во туѓи рацеКога сонувате албум во туѓи раце, тоа значи дека ќе имате несакан гостин. Можеби очекувате посета која воопшто не ве радува. Ќе мора да се преправате дека едвај чекате да ја видите личноста бидејќи од таа личност зависи вашата работа или студии. Семејството ве притиска да работите повеќе на работи што ќе имаат големо влијание врз вашата иднина. Ако фрлите албумКога сонувате дека фрлате албум, тоа подразбира дека ќе имате проблеми со некој член од семејството. Конфликтот веројатно ќе биде непријатен и ќе ве натера да ја заборавите целата љубов што ја чувствувавте кон таа личност. Ќе си кажете многу тешки зборови едни на други, по што вашата врска ќе се претвори во безволна размена на љубезни поздрави во разминување. И на двајцата ќе ви биде жал за таа ситуација, но нема да направите ништо за да се приближите повторно. Толкувањето на вакви соништа зависи и од чувствата што се појавуваат за време на сонот. Можно е да сте почувствувале лутина, љубомора или вознемиреност, но и убави емоции како радост и возбуда. Албум со црно-бели фотографииАко сонувате албум со црно-бели фотографии, значи дека живеете во минатото. Можно е да не можете да се ослободите од чувствата дека некаде сте погрешиле и да не можете да го одредите понатамошниот тек на вашиот живот. Си ги уништивте вашите планови со соптстевните постапки, а сепак ги обвинувате другите за неуспесите во вашиот живот. Наскоро би можеле да станете свесни за ситуацијата. Ќе ја прифатите реалноста каква што е и конечно ќе одлучите да продолжите понатаму без да погледнете наназад. Дигитален албумАко сонувате дигитален албум со фотографии во боја, тоа значи дека наскоро ќе се сретнете со личност што не сте ја виделе долго време. Оваа средба ќе ви донесе многу позитивни емоции. Ќе се сетите на убавите моменти кои сте ги поминале заедно, и ќе сфатите дека ви е жал што во последно време сте се оддалечиле. Сепак, ќе си ветите дека ќе најдете време за стариот пријател затоа што во овој момент неговото/нејзиното друштво ви одговара многу. Албум со цртежиКога сонувате албум со цртежи, ве очекуваат убави моменти со членовите на семејството, партнерот или пријателите. Можеби планирате заеднички ручек или патување на кое ќе сфатите дека сте ги запоставиле поради вашите секојдневни обврски. Сепак, никој нема да ве обвини, затоа што се свесни за грижите кои ги имавте во претходниот период и дека е разбирливо тоа што не сте се гледале доволно. Меѓутоа, ќе имате доволно време да го промените тоа. Албум со поштенски марки или значкиАко сонувате албум со поштенски марки или значки, вашата потсвест ви кажува дека сакате да патувате во некоја егзотична земја. Можно е моменталната финансиска состојба да не ви дозволува ваков потфат, но пократко патување може да ви помогне да се ослободите од стресот. Можеби ќе одлучите да посетите некој роднина од друг град или држава. Музички албумАко сонувате музички албум, тоа симболизира жал за пропуштена можност во минатото. Веројатно некој ви понудил деловна соработка што сте ја одбиле, а сега се каете. Од друга страна, исто така е можно дека од страв сте пропуштиле можност да стапите во контакт со личност за која во моментов сметате дека е вистинскиот избор за вас. Ако купите албумКога сонувате дека сте купиле албум за фотографии или цртежи, или пак музички албум, можно е да се заљубите. Ќе се зближите со некој колега на работа или на факултет и полека ќе почнете да сфаќате дека уживате во негово/ нејзино друштво повеќе отколку што сте очекувале. Тоа ќе ве исплаши малку, бидејќи се плашите дека доколку признаете дека сте заљубени, можеби ќе му наштетите на вашиот моментален однос. Не би сакале да го/ја загубите како пријател. Сепак можеби ќе видите знаци кои ќе ви укажат на тоа дека чувствата се меѓусебни. Ако продадете албумАко сонувате дека продавате албум, значи дека некому сте му откриле премногу за себе и дека се плашите таа личност да не ја злоупотреби вашата доверба. Можеби сте се соблекле целосно голи пред некој за кого се сомневате дека не е ваш искрен пријател. Ќе сфатите дека за вашиот приватен живот и идните планови можете да зборувате само со членовите на семејството, бидејќи само во нив моментално имате целосна доверба. Ако добиете албум за подарокКога сонувате дека некој ви поклонува албум, значи дека во реалноста нешто многу ќе ве израдува. Можно е да слушнете добра вест или да ви се оствари желба за која сонувате подолго време. Покрај тоа, ве чека одличен период кој треба да го искористите максимално. Ако подарите албумАко сонувате дека некому подарувате албум, некој ќе ви изјави љубов. Без разлика дали сте веќе во врска или имате близок пријател со кого чувствувате некои подлабоки емоции, можно е тој/таа конечно да се охрабри и да ви признае дека е заљубен/а во вас. Ако искинете албумАко сонувате дека кинете албум, значи дека некој ќе ве налути во блиска иднина. Во бес, ќе изговорите зборови што ги чувате долго време во вас, па дури и оние зборови што не ги мислите. Подоцна ќе согледате дека не треба да постапувате така и ќе ви биде жал што вашата сакана личност страда. Единствениот начин да ја решите работата е да се извините. Ако некој друг го раскине албумот во сон, тој предупредува на расправија со партнер или пријател. Можно е да се обвинувате едни со други за нешто и да не можете да се согласите за важни работи. Сепак, не обидувајте се да ги наметнете своите ставови на некој друг и прифатете дека не сте секогаш во право. Ако палите албумКога сонувате дека палите албум, значи дека ве „прогонуваат духови од минатото“. Можеби не сте ни свесни за тоа, но има некои работи што не можете да ги „сварите“ и да продолжите понатаму. Ова е повеќе поврзано со емотивниот отколку со деловниот аспект од вашиот живот. Туѓите совети нема да ви помогнат, и затоа ќе мора да разговарате со себе за да разберете зошто совеста не ви дава мир. Ако неодамна сте прелистувале албум со фотографии, сте слушале музички албум или сте разговарале за албуми, сонот не се толкува бидејќи потсвеста само го процесира она што ви се случувало во реалноста додека сте биле будни. Дефиниција за албумАлбум е колекција на слики, аудио или видео записи. |