Алат

Term Main definition
Алат

Ако видите – награда за трудот, бидете истрајни во работата. Ако купите – среќен почеток на некоја работа. Ако продавате – ќе изгубите пријател. Ако позајмувате – смрт на далечен роднина.

Што значи ако сонувате алат?

Ако видите алат

Кога на сон ќе видите алат, значи дека ќе ви се исплати трудот. Сте вложиле многу време и труд во работата со која се занимавате. Исто така, многу сте учеле и работеле на своето образование за да дојдете до овој успех. Овој сон е показател да продолжите со истото темпо и резултатите сигурно нема да изостанат. Кога сте почнувале, можеби се сомневале во вашиот успех, па и вие самите. Времето работи за вас и искуството кое ќе го стекнете, ќе ви овозможи убав живот.

Ако купувате алат

Кога сонувате дека купувате алат, тоа значи дека ќе имате успех во вашиот нов бизнис. Планирате да започнете приватен бизнис или да работите на нов проект во рамките на компанијата во која сте биле вработени подолго време. Загрижени сте затоа што ви се чини дека ситуацијата не е поволна за започнување на нов бизнис. Не сте доволно сигурни и постојано се сомневате во одлуките што ги донесувате. Можно е ова да се промени веднаш штом започнете со работа. Можно е да откриете дека на луѓето им се допаѓа она што имате да им го понудите и ќе бидат среќни да сораотуваат со вас.

Ако позајмувате алат

Кога сонувате дека сте позајмиле алат, тоа предупредува на смрт на некој далечен роднина. Ако имате постар роднина кој има здравствени проблеми, можно е да слушнете тажни вести. И покрај тоа што сте се оддалечиле со текот на времето, ќе бидете многу тажни затоа што порано сте биле во добри односи. Веројатно после тоа ќе останете во контакт со вашите роднини.

Ако добиете подарок алат

Ако сонувате дека сте добиле алат како подарок од некого, тоа значи дека вашата деловна идеја ќе наиде на добри реакции од колегите или претпоставените. Веќе некое време се обидувате да „турнете“ нешто што може да ви се исплати повеќекратно. Во иднина, би можеле да ја доведете својата идеја до совршенство, а кога ќе им ја претставите на колегите или соработниците, тие ќе ви сугерираат веднаш да започнете со реализација. Тоа може да ја подигне вашата самодоверба, која е оштетена поради подолгата стагнација.

Ако вие подарите некому алат

Кога сонувате дека некому сте подариле алат, тоа значи дека ќе се откажете од намерата да барате нова работа. Можно е да размислувате од време на време затоа што работата многу често ве гуши и ве оптеретува. Поради натрупаниот стрес и грижи, не сте сигурни дали тоа што го правите во моментот е добро за вашето здравје. Сепак, и покрај сè, стравот од промени ќе преовладува и ќе одлучите да и дадете нова шанса на вашата постоечка работа.
Ако во моментот сте невработени, овој сон може да значи дека сте разочарани од барањето работа. Веројатно сте оделе на многу разговори кои не завршиле онака како што сте очекувале.  Сепак, не двоумете се, туку продолжете. Можеби зад аголот ве чека добра прилика, и ако ја пропуштите, ќе ви биде уште потешко.

Ако фрлите алат

Ако сонувате да дека фрлате некој алат, тоа значи промена на љубовен план. Чувствувате дека моменталниот емотивен живот не ги задоволува вашите потреби, без разлика дали сте зафатени или сами.  Кај оние што се зафатени, тоа незадоволство ќе се рефлектира во слаба комуникација со партнерот кој нема премногу разбирање или волја да промени нешто.

Кутија со алат

Сон во кој гледате или носите кутија со алат означува финансиска добивка. Иако се плашевте дека слабите приходи или ризичните инвестиции ќе ве доведат во криза, ќе има неочекуван дополнителен прилив на пари што ќе реши многу ваши проблеми и прашања.

Кога сонувате дека некому давате кутија со алат, вашата совест ви кажува да се откажете од нешто или некого. Можно е да сте се „закопале“ со работа која ви одзема многу време и не ви носи резултати, или сте „заглавени“ во лоша пријателска или емотивна врска.

Ако сонувате дека некој ви подарува кутија со алат, тоа значи дека ќе слушнете добра вест од пријател или некој далечен роднина.

Сонот може да се толкува и во зависност од тоа каков вид алат сонувате.

Алат за автомеханика

Ако видите алат за поправка на автомобили на сон, можно е да одите на патување. Веројатно веќе некое време се двоумите дали да ги оставите заштедите за „црни денови“ или конечно да се почестите со убав одмор. По совет на ваш пријател, ќе се одлучите за друга, порелаксирана варијанта во последен момент.

Тесарски алат

Ако видите алат за обработка на дрво на сон, тоа симболизира нов почеток. Ако сте во брак или во долга врска, вашиот партнер може премногу се сомнева во вашата верност. Таква болна ситуација во која треба постојано да докажувате дека немате намера да го/ја измамите многу ве оптеретува. Сè повеќе замислувате како би изгледал вашиот живот без тој притисок.
Оние кои моемнтално се сами, ги очекува неочекувана средба. Можно е да видите стар познаник кој секогаш ви бил симпатичен. Самиот факт што ќе се сретнете, ќе разбуди некои убави чувства и ќе предизвика спомени од еден безгрижен дел од вашиот живот. Одлучете да ја прифатите поканата за пијалок во надеж дека повторно ќе се зближите.

Алат за ѕидање

Ако сонувате ѕидарски алат, можеби ќе да добиете можност да го смените местото на живеење. Без разлика дали станува збор само за преселба на друга адреса во истиот град или можеби дури и заминување во странство, оваа промена ќе ви помогне.

Алат за водовод

Ако видите алат за поправка на водоводни цевки на сон, ќе „пуштите некого низ вода“. Ова е веројатно личност со која веќе некое време немате најдобри односи. Долгогодишното пријателство и многу работи што сте ги поминале заедно, ќе ве спречат да се откажете од оваа личност која веќе не ви одговара во ништо. Ќе сфатите дека нивната негативност ја троши вашата добра енергија и прво ќе ги изретчите видувањата, а потоа целосно ќе се оддалечите.

Алат за кроење или чевларство

Ако сонувате машина за шиење, игли, конци, лепак итн.,  значи дека ќе направите нешто за што сонувате подолго време. Може да се однесува на емотивен или деловен живот, но секогаш има позитивна конотација.

Фризерски алат

Сон во кој гледате или користите фризерски алат може да има повеќе значења. Ако сонувате ножици, тоа значи поголема финансиска добивка, без разлика дали ве унапредуваат на работа или пак победувате во игри на среќа. Чешел или четка се предупредувања за расправија. Ќе се разочарате од блиска личност. Во овој контекст, ако видите огледало, тоа симболизира каква  непријатност. Некој ќе ве посрамоти во јавност. Кога сонувате фен за коса се сомневате во искреноста на вашиот партнер или пријател.

Прибор за пишување или цртање

Сон во кој гледате прибор за пишување, како што се пенкало, тетратка, четка, пенкало, машина за пишување итн., значи дека ќе добиете креативна задача во која ќе можете да го покажете вашиот талент. Можеби ќе ве вознемирува како тоа ќе им изгледа на другите, но вие ќе го правите тоа со задоволство. Љубовта што ќе ја вложите во сето тоа ќе се види во финалниот производ.

Ако неодамна сте користеле алат, зборувале за алат или гледале некоја емисија на телевизија за алат, сонот не се толкува бидејќи вашата потсвест само ги процесира информациите што сте ги примиле во будна состојба.

Дефиниција на алат

Алат e средство што се користи за рачна работа.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg