Дизајнери на деца, планери на крајот на животот - Професии од иднината
Имајќи предвид дека многу средношколци сè уште немаат идеја што да прават во животот, ова е една добра насока во која професиите можеби ќе се движат во иднината.
Веќе е познато дека роботите полека, но сигурно, ги преземаат човековите работи, а со појава на нови професии кои ќе бидат популарни на планетата Земја во иднина, најплатени ќе бидат пилотите на вселенскиот брод и научниците од областа на наномедицината.
Во иднина луѓето ќе се занимаваат со професии кои до сега биле етички сомнителни, како на пример генетски дизајн на деца.
Подолу ви нудиме листа од неколку интересни професии кои „ќе бидат барани“ во иднина:
Хирург специјалист за зголемување на капацитетот на мозокот
Човечкиот мозок ќе биде преоптоварен со информации и ќе ни треба помош од хирурзите да го намалат притисокот врз центарот на меморијата.
Менаџер на населението на Земјата
Ова ќе бидат луѓе кои ќе се грижат за тоа колку луѓе се раѓаат, а потоа ќе бараат начин да го намалат населението.
Продавач на информации
Информацијата ќе стане стока, најскапата стока. Затоа се очекува да се развие специфичен пазар и начин на тргување со знаење.
Продавач на права за користење на пустини
Пустините ќе се користат како идеални области за развој на соларна енергија.
Генетски дизајнер - дизајнер на деца
Со развојот на генетиката ќе расте и гранката на медицината која ќе се занимава со генетски инженеринг на неродени деца.
Експерт за климатски манипулации
Овие експерти ќе ги „крпат“ дупките во океаните со железо и ќе создаваат огромни „чадори“ кои ќе ги неутрализираат сончевите зраци.
Планер на крајот на животот
Лице кое ќе им помогне на луѓето да планираат кога и како да умрат, бидејќи медицината ќе им овозможи на луѓето да живеат подолго време.
Производител на делови на телото
Лице кое ќе произведува органи со помош на клонирање.
Виртуелен сексуален организатор
Личност која ќе се грижи за потребите на луѓето кои сакаат активен сексуален живот, без контакт со луѓе.
Генетички хакер
Овие луѓе ќе крадат ДНК на животни, луѓе и растенија за да создаваат вируси.
Експерт за читање на мисли
Професија поврзана со скенирање на мозок ќе има голем број на клиенти - од измамени сопружници до измамени деловни партнери.
Ашера | Црнобело