За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисниците револтирани

„Штом еднаш влезеш - нема излегување“ – велат дел од корисниците што си отворија профили на новата апликација на Meta, Threads, откако сфатиле дека не постои можност да се избрише профилот, без да се избрише профилот на Инстаграм.

shtom-vlezesh-nema-izleguvanje-za-da-go-izbrishete-profilot-na-threads-mora-da-go-izbrishete-i-profilot-na-instagram-01.jpg

Новата апликација на Meta – Threads, за само седум часа од своето лансирање на 06-ти јули успеа да собере неверојатни 10 милиони корисници, што е мошне импресивно.

Само во првите 2 часа од лансирањето Threads веќе собра 1 милион корисници, што е неверојатна бројка ако се направи споредба со тоа колку време им требало на другите мега популарни платформи да го соберат првиот милион корисници.

shtom-vlezesh-nema-izleguvanje-za-da-go-izbrishete-profilot-na-threads-mora-da-go-izbrishete-i-profilot-na-instagram-02_copy.jpg

На Нетфликс му биле потребни 3,5 години, на Твитер 2 години, на Фејсбук 10 месеци, а на Инстаграм 2,5 месеци.

shtom-vlezesh-nema-izleguvanje-za-da-go-izbrishete-profilot-na-threads-mora-da-go-izbrishete-i-profilot-na-instagram-06.jpg

shtom-vlezesh-nema-izleguvanje-za-da-go-izbrishete-profilot-na-threads-mora-da-go-izbrishete-i-profilot-na-instagram-07.jpg

shtom-vlezesh-nema-izleguvanje-za-da-go-izbrishete-profilot-na-threads-mora-da-go-izbrishete-i-profilot-na-instagram-08.jpg

shtom-vlezesh-nema-izleguvanje-za-da-go-izbrishete-profilot-na-threads-mora-da-go-izbrishete-i-profilot-na-instagram-09.jpg

shtom-vlezesh-nema-izleguvanje-za-da-go-izbrishete-profilot-na-threads-mora-da-go-izbrishete-i-profilot-na-instagram-10.jpg

shtom-vlezesh-nema-izleguvanje-za-da-go-izbrishete-profilot-na-threads-mora-da-go-izbrishete-i-profilot-na-instagram-11.jpg

Но, пред да ја симнете апликацијата само за да видите за што се работи, треба да знаете еден многу важен детаљ.

shtom-vlezesh-nema-izleguvanje-za-da-go-izbrishete-profilot-na-threads-mora-da-go-izbrishete-i-profilot-na-instagram-04.jpg

Имено, како што појаснуваат од Meta во нивната политика за приватност доколку сакате да го избришете профилот на Threads, ќе мора да го избришете постоечкиот профил на Инстаграм.

„Можете да го деактивирате профилот на Threads во кое било време, но за целосно да го избришете мора да го избришете и Инстаграм профилот“ – велат од компанијата.

shtom-vlezesh-nema-izleguvanje-za-da-go-izbrishete-profilot-na-threads-mora-da-go-izbrishete-i-profilot-na-instagram-05.jpg

Објаснувањето е дека профилот на Threads е дел од вашиот профил на Инстаграм.

shtom-vlezesh-nema-izleguvanje-za-da-go-izbrishete-profilot-na-threads-mora-da-go-izbrishete-i-profilot-na-instagram-03.jpg

На конкурентскиот Твитер, на Илон Маск, голем број од корисниците што веќе направиле профил на Threads го искажуваат сопственото незадоволство, откако сфатија дека не постои можност да го избришат целосно.

„Штом еднаш влезеш, нема излегување“ – коментираат дел од корисниците на Твитер.

Други пак, препорачуваат дека ако сакате да бидете во можност да го избришете Threads во секое време, тогаш најдобро е прво да направите нов профил на Инстаграм.

Повеќе информации за апликацијата Threads прочитајте ТУКА.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg