Трогателни сцени: Турски семејства живеат во возови откако останаа без дом - внатре се по 18 часа, спијат на седишта

По земјотресот во Турција и Сирија, над 1,5 милиони луѓе останаа без кров над главата, а многумина се плашат да се вратат во своите домови бидејќи се сомневаат дека зградите би издржале уште еден потрес. Дел од нив се засолнети во возови и спијат на седиштата или во малите кабини во кои нема услови за практично ништо.

trogatelni-fotki-turski-semejstva-zhiveat-vo-vozovi-otkako-ostanaa-bez-dom-vnatre-se-po-18-chasa-spijat-na-sedishta-01.jpg

Во страшниот земјотрес во Турција и Сирија загинаа околу 50.000 луѓе, а над 1,5 милиони останаа без покрив над главата.

Оние кои ги изгубија своите домови се снаоѓаат како знаат – спијат во шатори, хотели, па и во вагони.

Изминатиов месец, во турскиот град Искендерун, возовите се претворени во привремени засолништа за преживеаните кои остана без дом.

За Reuters, неколку луѓе кои моментално се засолнети во овие возови откриваат во какви услови се присилени да живеат.

trogatelni-fotki-turski-semejstva-zhiveat-vo-vozovi-otkako-ostanaa-bez-dom-vnatre-se-po-18-chasa-spijat-na-sedishta-06.jpg

Една од нив е вдовицата Сабрије Каран. Цели 32 години, нејзиниот сопруг работел во турска железница, а нивната 13-годишна ќерка практично пораснала во возовите.

Во земјотресот, домот на Сабрије и ќерка ѝ Нехар бил оштетен, па тие немале друг избор освен да се „вселат“ во еден од вагоните.

Речиси цел месец, Сабрије и Нехир живеат во мала кабина со два кревета.

„Никогаш не помислувавме дека ќе живееме овде. Обично радосни сме кога патуваме со воз. Но, сега е поразлично“.

trogatelni-fotki-turski-semejstva-zhiveat-vo-vozovi-otkako-ostanaa-bez-dom-vnatre-se-po-18-chasa-spijat-na-sedishta-09.jpgСабрије и Нехир во нивната кабина

Сабрије открива дека иако нивната зграда не се срушила, од земјотресот многу ѕидови испукале, па сега ѝ било страв да се врати дома.

trogatelni-fotki-turski-semejstva-zhiveat-vo-vozovi-otkako-ostanaa-bez-dom-vnatre-se-po-18-chasa-spijat-na-sedishta-03.jpg

Сабрије и ќерка ѝ минуваат по 18 часа дневно во кабината, а излегуваат кога се служи ручек или вечера, а некогаш и шетаат низ станицата.

trogatelni-fotki-turski-semejstva-zhiveat-vo-vozovi-otkako-ostanaa-bez-dom-vnatre-se-po-18-chasa-spijat-na-sedishta20.jpg

Сопругот на Сабрије починал во 2020 година од ковид и додека таа се обидувала да се справи со загубата, се случила и трагедијата со земјотресот.

trogatelni-fotki-turski-semejstva-zhiveat-vo-vozovi-otkako-ostanaa-bez-dom-vnatre-se-po-18-chasa-spijat-na-sedishta-04.jpg

Сабрије вели дека целата ситуација има ужасно влијание врз нејзиното ментално здравје.

„Се чувствувам многу осамено. Ми недостасува социјалниот живот, пиењето кафе со соседите“.

trogatelni-fotki-turski-semejstva-zhiveat-vo-vozovi-otkako-ostanaa-bez-dom-vnatre-se-po-18-chasa-spijat-na-sedishta021.jpg

Бидејќи нивната зграда не е срушена, Сабрије и ќерка ѝ одвреме-навреме ја посетуваат за да се истушираат, да ја исперат облеката и да земат храна. Сето ова го прават многу внимателно, постојано стравувајќи за својот живот.

Пред да си заминат, Сабрије секогаш кажувала и молитва.

„Не знам дали кога ќе се вратам следниот пат зградата уште ќе биде таму“.

trogatelni-fotki-turski-semejstva-zhiveat-vo-vozovi-otkako-ostanaa-bez-dom-vnatre-se-po-18-chasa-spijat-na-sedishta-22.jpg

trogatelni-fotki-turski-semejstva-zhiveat-vo-vozovi-otkako-ostanaa-bez-dom-vnatre-se-po-18-chasa-spijat-na-sedishta-07.jpg

Експертите им кажале дека зградата е безбедна и нема да се сруши, па Сабрије и ќерка ѝ една вечер решиле да преспијат таму.

Но, почувствувале мал потрес кој ги преплашил и веќе не се осмелуваат да преноќат во нивниот дом.

trogatelni-fotki-turski-semejstva-zhiveat-vo-vozovi-otkako-ostanaa-bez-dom-vnatre-se-po-18-chasa-spijat-na-sedishta-11.jpg

Звучи иронично, но Сабрије и Нехир имале среќа што биле меѓу првите кои се засолниле во возот. На овој начин успеале да допрат до кабина со кревети.

Многу други луѓе кои се засолнети во возовите мораат да спијат на седиштата.

trogatelni-fotki-turski-semejstva-zhiveat-vo-vozovi-otkako-ostanaa-bez-dom-vnatre-se-po-18-chasa-spijat-na-sedishta-05.jpg

trogatelni-fotki-turski-semejstva-zhiveat-vo-vozovi-otkako-ostanaa-bez-dom-vnatre-se-po-18-chasa-spijat-na-sedishta-02.jpg

Едни од нив се 20-годишните Јусуф и Ајсел кои планирале да се венчаат пред земјотресот.

„Како можеме да правиме свадба кога имаме толу мртви?“, вели Ајсел.

trogatelni-fotki-turski-semejstva-zhiveat-vo-vozovi-otkako-ostanaa-bez-dom-vnatre-se-po-18-chasa-spijat-na-sedishta-10.jpgЈусуф и Ајсел

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg