„Пресреќна сум што се омажив за богат маж од Дубаи – не работам ништо, а трошам по 5.000 долари месечно, имам и личен тренер“

„Девојките во САД го штедат секој долар и чекаат 10 години за прстен, а во Дубаи живееме во раскош и луксуз“ – вели во едно од своите видеа оваа 23-годишна жена која ужива да се фали на социјалните мрежи како не работи ништо, а живее „на висока нога“ благодарение на нејзиниот сопруг. Мислењата на јавноста, очекувано, се поделени. 

presrekjna-sum-shto-se-omazhiv-za-bogat-mazh-od-dubai-ne-rabotam-nishto-a-trosham-po-5-000-dolari-mesechno-imam-i-lichen-trener-01.jpg

Линда Адраде е 23-годишна жена која живее во Дубаи, а на социјалните мрежи споделува видеа и фотографии од раскошот и луксузот во којшто живее.

Таа во едно од видеата раскажува дека се омажила само на 19 години и се преселила од САД во Дубаи, но не жали затоа што се омажила за богат бизнисмен кој ја опсипува со скапи подароци.

presrekjna-sum-shto-se-omazhiv-za-bogat-mazh-od-dubai-ne-rabotam-nishto-a-trosham-po-5-000-dolari-mesechno-imam-i-lichen-trener-03.jpg

Како што може да се види од објавите на нејзините профили на социјалните мрежи, оваа 23-годишна жена веќе имала можност да патува на повеќе егзотични локации, како Малдиви, Хаваи, Мексико, а во Дубаи не работи ништо туку е домаќинка.

presrekjna-sum-shto-se-omazhiv-za-bogat-mazh-od-dubai-ne-rabotam-nishto-a-trosham-po-5-000-dolari-mesechno-imam-i-lichen-trener-04.jpg

Таа вели дека месечно троши околу 5.000 долари за себе. Како што појаснува, на облека троши околу 2.000 долари, на нокти за неколку третмани месечно одвојува околу 600 долари, а за спа третмани троши околу 500 долари месечно.

Дополнително, за козметика за лице и шминка, таа дава околу 750 долари месечно, а има и свој фитнес тренер кому му плаќа по 700 долари месечно за да ѝ помогне да остане во топ форма.

Освен тоа троши пари и за додатоци во исхраната, витамини и слично.

@lionlindaa

Light work 🥰🫶🏻 #selfcare #howmuchispendinaday #millionaire

♬ follow me if ur hot - sspedups

Сепак коментарите што таа ги добива на објавите не се премногу охрабрувачки:

„Жално, сѐ што правиш е за пари“, „Може да ни раскажеш што трпиш за овој луксуз?“, „Која жена си по ред 1,2,3...“, „Дали тоа е компензација за емоционалната траума што ја трпиш“ – стои во дел од коментарите.

@lionlindaa

its a wrap baby #spoiled #dubai #bills

♬ its a wrap sped up - xxtristanxo

Погледнете повеќе фотографии од Линда во продолжение:

presrekjna-sum-shto-se-omazhiv-za-bogat-mazh-od-dubai-ne-rabotam-nishto-a-trosham-po-5-000-dolari-mesechno-imam-i-lichen-trener-05.jpg

presrekjna-sum-shto-se-omazhiv-za-bogat-mazh-od-dubai-ne-rabotam-nishto-a-trosham-po-5-000-dolari-mesechno-imam-i-lichen-trener-06.jpg

presrekjna-sum-shto-se-omazhiv-za-bogat-mazh-od-dubai-ne-rabotam-nishto-a-trosham-po-5-000-dolari-mesechno-imam-i-lichen-trener-07.jpg

presrekjna-sum-shto-se-omazhiv-za-bogat-mazh-od-dubai-ne-rabotam-nishto-a-trosham-po-5-000-dolari-mesechno-imam-i-lichen-trener-02.jpg

presrekjna-sum-shto-se-omazhiv-za-bogat-mazh-od-dubai-ne-rabotam-nishto-a-trosham-po-5-000-dolari-mesechno-imam-i-lichen-trener-09.jpg

presrekjna-sum-shto-se-omazhiv-za-bogat-mazh-od-dubai-ne-rabotam-nishto-a-trosham-po-5-000-dolari-mesechno-imam-i-lichen-trener-10.jpg

presrekjna-sum-shto-se-omazhiv-za-bogat-mazh-od-dubai-ne-rabotam-nishto-a-trosham-po-5-000-dolari-mesechno-imam-i-lichen-trener-11.jpg

presrekjna-sum-shto-se-omazhiv-za-bogat-mazh-od-dubai-ne-rabotam-nishto-a-trosham-po-5-000-dolari-mesechno-imam-i-lichen-trener-12.jpg

presrekjna-sum-shto-se-omazhiv-za-bogat-mazh-od-dubai-ne-rabotam-nishto-a-trosham-po-5-000-dolari-mesechno-imam-i-lichen-trener-13.jpg

presrekjna-sum-shto-se-omazhiv-za-bogat-mazh-od-dubai-ne-rabotam-nishto-a-trosham-po-5-000-dolari-mesechno-imam-i-lichen-trener-14.jpg

presrekjna-sum-shto-se-omazhiv-za-bogat-mazh-od-dubai-ne-rabotam-nishto-a-trosham-po-5-000-dolari-mesechno-imam-i-lichen-trener-16.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg