Зависничка од тетоважи покажа како изгледала во детството – тетоважите ѝ станале бегство од насилството што го трпела 10 години
- Детали
- сабота, 25 февруари 2023
33-годишната Лиза Стрејнџ се смета себеси за „зависничка од тетоважи“ и не планира да престане да се тетовира иако има околу 100 индивидуални дизајни на телото. Вели дека искуството на тетовирање го смета како нешто духовно, кое ѝ помага да се соочи со сите проблеми во животот, и да се излечи од злоставувањето од минатото. Кoнечно сподели и како изгледала порано.
Тетовирањето се практикува низ целиот свет уште од неолитско време, како што е потврдено од мумифицираната зачувана кожа, античката уметност и археолошките записи.
И античката уметност и археолошките наоди на можни алатки за тетовирање сугерираат дека тетовирањето се практикувало во периодот на доцниот палеолит во Европа.
Сепак, директните докази за тетовирање на мумифицирана човечка кожа се протегаат само до 4-от милениум п.н.е. Најстарото откритие на тетовирана човечка кожа досега е пронајдено на телото на Ледениот Оци, кое датира помеѓу 3370 и 3100 п.н.е.
Лиза Стрејнџ (33) моментално е невработена, но сепак успева да заработи за да се тетовира и во наредниот период дури и планира да направи уште две тетоважи на лицето.
Почнала да се тетовира откако била физички и ментално злоставувана како тинејџерка. На само 16-годишна возраст првпат отишла да се тетовира, и преку оваа „уметност“ набрзо открила дека ѝ се враќа самодовербата.
Сега Лиза од Финска се смета себеси за „зависничка“ од тетоважи и вели дека иако веќе има околу 100 тетоважи, планира да направи уште.
Лиза за британските медиуми раскажува како била многу малтретирана (трпела огромен булинг) во училиште, во текот на десет долги години.
Дури и кога изгледала „нормално“ била малтретирана. Па затоа решила да се промени. Преку физичката модификација доживеала духовна преродба.
„Ова ме натера да се чувствувам навистина несигурно во себе и се мразев себеси. Почнав да верувам во работите што ми ги кажуваа моите насилници секој ден. Имав многу лоша самодоверба и мислев дека сум одвратна“ - изјави таа.
Кога Лиза наполнила 16 години, таа решила да ги преземе работите во свои раце и отишла да ја направи својата прва тетоважа. Од тој момент почнала да се облекува прилично „откачено“ во реконрол стил, искинати фармерки и ланци.
„Отсекогаш ме инспирираа рокенрол и панк изгледот. Aлтернативните култури секогаш ќе имаат посебно место во моето срце“ - продолжува таа.
Преку тетовирањето таа кажува дека се чувствува многу подобро за себеси.
Кога станува збор за тоа колку пари потрошила на тетоважите, Лиза вели дека не може да го процени трошокот бидејќи била тетовирана во многу земји, со различни валути. Некои биле евтини, додека други биле скапи.
Лиза живее со својот вереник Оле К. во Финска заедно со нивните две мачки Јуда Пус и Лауриц.
Една студија објавена во BMC Psychology сугерира дека луѓето со историја на злоупотреба и запоставување имаат поголема веројатност да направат тетоважи и пирсинг.
Претходните истражувања ги поврзуваат дел од истетовираните луѓе со пониска самодоверба и поголема потреба за уникатност.
Преживеаните луѓе од траума може да изберат да извршат модификација на телото како начин да ги надминат минатите искуства.
К. А. | Црнобело