„Си имам 3 жени, ме чуваат и не работам ништо. Јас сум полигамен сопруг - трофеј“
- Детали
- среда, 22 февруари 2023
„Ник е тежок за справување, односно да бидам поконкретна потребно е многу труд за да се справите со него во кревет“, споделува првата сопруга на Ник на прашањето како испаднало да влезе и втора и трета жена во нивниот живот. Ник вели дека го живее својот сон...
Ник Дејвис од САД има три сопруги и две деца. Тој не работи ништо и вели дека неговите сопруги, односно кралиците во неговиот живот ја имаат моќта.
Тој живее со Ејприл, Џенифер и Дaниел и вели дека сите заедно спијат навечер, а тој е нивниот сопруг – трофеј.
Неговата прва сопруга Ејприл по 9 години заедно му предложила да примат уште една жена во нивната врска.
„Ник е тежок за справување, односно да бидам поконкретна потребно е многу труд за да се справите со него во кревет“, изјави таа за телевизијата TLC.
Тогаш, Џенифер дошла во нивните животи, а од минатата година ја примиле и Даниел, ведра 22-годишна девојка, која велат дека им внела нова енергија.
„Дури и карактерот на Ник е премногу на моменти за справување, па потребно е некој да ми помогне“, вели Џенифер и додава дека сега трите одлично се справуваат со него.
Ник пак вели дека го живее својот сон, а на свадбената церемонија со третата сопруга дури не можел да си поверува дека тоа му се случува.
Инаку, неговата втора сопруга го родила првото дете на групата, за кое тој се грижи најмногу додека неговите сопруги се на работа.
Ник има уште едно дете, тинејџер, од претходна врска.
Тој открива дека жени постојано му пишуваат на Инстаграм дали му е потребна 4-та жена.
Неговите сопруги наводно не се состануваат меѓу себе, односно во сексуална врска се само со Ник.
Ник прави свадбени церемонии со сите свои сопруги, но најверојатно поради законските регулативи само бракот со првата сопруга му е важечки.
С. С. | Црнобело