Како изгледа денес „најнамуртеното бебе на светот“, 2 години по хит фотката од раѓање?
- Детали
- среда, 28 декември 2022
Нејзината фотографија веднаш по породувањето го обиколи светот и брзо стана позната како „најнамуртеното бебе на светот“. Изабела Переира де Хесус денес има 2 години, погледнете колку изразот на нејзиното лице се променил. Или не?
Изабела Переира де Хесус е родена во Рио де Жанеиро на 13-ти февруари 2020-та година по пат на царски рез, а денес има 2 години и своја страна на Инстаграм.
Фотографот Родриго Кунцман, којшто го долови моментот со нејзиниот израз на лицето веднаш по раѓањето, две години подоцна одлучи да направи нова фотографија со Изабела и ја сподели на социјалните мрежи.
Мајката на Изабела, Дајане де Хесус Барбоса за бразилските медиуми вели дека тоа не бил единствениот момент кога нејзината ќерка била намуртена.
„Мојата ќерка се роди храбра и веднаш стана хит меме. Секогаш го мурти челото кога ѝ ја менувам пелената или кога ја дојам. Таа требаше да се роди неколку дена подоцна, на 20-ти февруари, но сама го избра роденденот и веднаш почна да ни го покажува сопствениот карактер“ – вели мајката на Изабела.
Родителите на Изабела редовно објавуваат важни мигови од нејзиниот живот, а над 9.000 следбеници постојано следат што се случува со најнамуртеното бебе на светот.
Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело