„Многу подобро од крвавите елки на Меланија“: Џил Бајден ги покажа празничните декорации во Белата куќа (фото)
- Детали
- вторник, 29 ноември 2022
„Се сеќавате на безбожната сцена од убиство што ја направи Меланија за нејзиното божиќно ’украсување‘? Вака треба да изгледаат божиќните декорации, благодарение на првата дама, Џил Бајден“, гласи еден од многуте коментари за овогодишните празнични декорации во Белата куќа.
Во понеделникот, 28-ми ноември, првата дама на САД – Џил Бајден – покажа како ја украсила Белата куќа за 2022-2023 празничната сезона.
Овогодишните декорации се на тема We the People (Ние луѓето) и вклучуваат 83.615 сијалички, 77 новогодишни елки, огромна куќа направена од колачи со ѓумбир, како и декорации посветени на милениците кои живеат во Белата куќа – кучето Командер и мачката Вилоу.
„Како што нашата земја се здружува за празниците, традициите можат да се разликуваат, но нашите заеднички американски вредности – верба во можност, оптимизам и единство – остануваат секоја сезона.
Соба по соба, посетителите ќе се потсетат на она што нè зближува за време на празниците и низ годината“, напиша Џил Бајден на Твитер.
Декорациите навистина изгледаат волшебно, а твитерџиите не ја испуштија можноста да направат споредба со украсувањето на Меланија Трамп, но и да се пошегуваат, особено за црвените елки.
Дел од коментарите на социјалните мрежи:
„Се сеќавате на безбожната сцена од убиство што ја направи Меланија за нејзиното божиќно ’украсување‘? Вака треба да изгледаат божиќните декорации, благодарение на првата дама, Џил Бајден“.
„Убаво е повторно да имаме прва дама со префинет стил!“
„Ова сигурно нема да ѝ се допадне на Трамп. Многу поразлично од крвавите дрвја на Меланија“.
„Значи ОВА се божиќни декорации, за разлика од невкусниот избор на Меланија“.
„Прекрасни декорации за Белата куќа. На никој нема да му недостасува крвавиот црвен тунел“.
Повеќе фотки од декорациите во Белата куќа:
Спирова С. | Црнобело