Емотивна објава: Татко од Англија покажува колку пати бил малтретиран син му на училиште во само 2 дена (фото)
- Детали
- петок, 23 септември 2022
„Синот сакаше да ни покаже колку често се случува ова во два дена на училиште. Ова ми го крши срцето. Училиштата мора да бидат построги со насилниците, нивните родители треба да бидат казнети“, открива таткото од Лондон чие дете е жртва на булинг.
Многу деца од целиот свет се соочуваат со врсничко насилство, познато и како булинг.
Без разлика дали станува збор за вербално малтретирање или користење физичка сила, булингот е сериозен проблем на кој, за жал, не му се обрнува доволно внимание.
Неретко, децата кои се жртви, се плашат да побараат помош, а доста често насилниците не се казнувани и не се презема ништо за да се промени нивното лошо однесување.
Децата најчесто трпат насилство додека се на училиште, а Твитер објавата на татко од Англија само покажува колку е сериозен овој проблем.
Метју Беард живее во Лондон и има три деца, од кои едното неодамна почнало да оди во средно училиште.
Кога еден ден син му си дошол од училиште, Метју забележал дека на дланката има црти, како да одбележувал нешто.
Кога го прашал што се цртите, синот му кажал дека одбележувал колку пати бил малтретиран на училиште.
„Синот оди во средно училиште околу една недела. На неговата дланка запишувал колку пати бил малтретиран вербално и физички во изминатите два дена. Вкупно 21.
Ова ми го крши срцето. Училиштата мора да бидат построги со насилниците, нивните родители треба да бидат казнети“.
https://twitter.com/mattbeard02/status/1569785809305309187
Твитот брзо се прослави, по што Метју напиша уште една објава:
„Го споделив ова бидејќи сметам дека фотографијата е важна. Тој сакаше да ни покаже колку често се случува ова во два дена на училиште.
Едноставно не знаете што се случува и очекувате децата да ви бидат безбедни на училиште. Се надевам дека сè ќе се реши“.
https://twitter.com/mattbeard02/status/1569788589285974017
Таткото доби огромна поддршка од твитерџиите, а некои ги споделија и нивните слични искуства:
„Јас сум наставник и кога работев во училишта, не ми се веруваше колку често се случуваше ова. Треба да се преземе нешто и тоа сега! Навистина се надевам дека твојот син е во ред“.
„Ако моите деца малтретираат некого, ќе бидам разочаран. Лично ќе им се извинам на родителите и детето и ќе го натерам моето да прочита за секое дете што се самоубило поради булинг. Ќе го натерам да ги запише сите нивни имиња и нивната возраст“.
„Ужасно! Ова се случува кога родителите не се родители! Жал ми е што ова му се случува на син ти“.
„Со самото тоа што зборува, син ти направил голем чекор. Да се надеваме дека училиштето ќе преземе нешто“.
„Училиштата треба да бидат построги. Јас бев малтретиран од 11 до 16 години бидејќи носев очила. Училиштето не направи ништо, дури и кога ме малтретираа пред наставниците. Еднаш пробав да се одбранам, и ме казнија. Училиштата мораат да се потрудат повеќе“.
„Мразам насилници. Бев вербално малтретирана со години на училиште и никој не направи ништо. Ова имаше лошо влијание врз мене. Насилниците не сфаќаат колкава штета предизвикуваат. Се надевам дека ќе го решите ова“.
„Се надевам дека сте во ред. За жал, ова ѝ се случи на ќерка ми, па ја преместија во друго одделение, но не ја разделија групата насилници“.
„Типично средно училиште. Во првите неколку недели тестираат кого можат да малтретираат и ќе им биде мета следните неколку години. Училиштето мора да се справи со тоа уште сега! Твојот син е храбар што прозборел“.
Што мислите – дали кај нас надлежните преземаат доволно мерки за да се спречи насилството во училиштата и да се заштитат децата?
Спирова С. | Црнобело