Специфичниот однос на кралицата Елизабета и Дијана - мразела кога ѝ плаче за аферата на Чарлс (фото)
Кралскиот биограф Ингрид Суард во нејзината книга The Queen and Di говори за специфичниот однос помеѓу кралицата и принцезата. Според неа, двете жени биле мошне блиски и Дијана еднаш ѝ рекла дека ја има „најдобрата свекрва на светот“.
Но, со влошувањето на односите меѓу Дијана и Чарлс дополнително се влошиле и односите меѓу Дијана и кралицата. Наводно, кралицата не можела да ги поднесе посетите на принцезата која доаѓала кај неа и без престан плачела.
Главниот проблем во нивниот однос била генерациската разлика. Според многумина, Дијана очекувала дека Елизабета ќе интервенира и ќе го натера Чарлс да ја прекине аферата, а Елизабета очекувала Дијана да престане да се нервира за неважни работи.
На Елизабета ѝ било најважно да се сочува угледот на семејството и воопшто не ѝ се допаѓало тоа што нивниот брак бил постојано во центарот на вниманието и тоа што за нив постојано се пишувало во таблоидите.
Веста за разводот на Дијана и Чарлс беше официјално објавена во 1992-ра година, но разводот ќе се случи дури 4 години подоцна и тоа по наредба на Кралицата.
Имено, во 1995-та година Дијана даде интервју каде рече дека во нејзиниот брак секогаш имало тројца, алудирајќи на аферата на Чарлс со Камила, по што кралицата останала згрозена и им упатила телеграма на Чарлс и Дијана во која им порачала дека е време да се разведат.
По трагичната сообраќајна несреќа во 1997-ма година во која Дијана го загуби животот, кралицата јавно се обрати и рече:
„Сакам лично да ѝ оддадам почит на Дијана. Таа беше исклучителна и талентирана жена. Во добро и во лошо никогаш не престана да се смее и да ги инспирира другите со сопствената топлина и љубезност.“
-->
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс
Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот?
Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...

Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се)
Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за е...

Принцезата од Дубаи „го откачи“ сопругот преку Инстаграм, 1 година откако потрошија 50 милиони долар...
Пред една година направија кралска свадба, а сега се чини дека се разведуваат.
...

Наставник бил фатен како гледа филмови за возрасни за време на час - си дал отказ
По 40 години работа како професор, Русин морал да си даде отказ откако заборавил...

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“
„Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...