Сите детали за операцијата „Лондонски мост“: Што ќе се случува по смртта на кралицата Елизабета во текот на 10-дневната жалост?

Трет ден

На третиот ден новиот крал Чарлс ќе тргне на турнеја низ Англија, која ќе почне со посета на Вестминстер Хол.

Потоа тој ќе го посети парламентот на Шкотска, а ќе има и меморијал во катедралата St. Giles.

10-dnevna-zhalost-proglasuvanje-na-charls-za-kral-operacijata-londonski-most-otkriva-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-07.jpg

Четврти ден

Од Шкотска, кралот Чарлс ќе се упати кон Северна Ирска, каде што членовите на парламентот ќе му го искажат нивното сочувство.

Оваа церемонија ќе се одржува во официјалната резиденција на монарсите во Северна Ирска – замокот Hillsborough.

Во Лондон, пак, ќе почне првата проба за пренесување на ковчегот на кралицата од Бакингемската палата до палатата Вестминстер. Оваа церемонија е позната како Operation Lion (операција лав).

10-dnevna-zhalost-proglasuvanje-na-charls-za-kral-operacijata-londonski-most-otkriva-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-08.jpg

Петти ден

Телото на кралицата ќе биде пренесено од Бакингемската палата до палатата Вестминстер, со голема воена парада.

За споредба, слична парада имаше по смртта на мајката на Елизабета, позната како кралицата мајка, во 2002 година, во која учествуваа 1.600 лица.

По парадата, во Вестминстер ќе има меморијална служба.

10-dnevna-zhalost-proglasuvanje-na-charls-za-kral-operacijata-londonski-most-otkriva-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-09.jpg

Шести до деветти ден

Телото на кралицата ќе биде во Вестминстер три дена. Овие три дена се познати како Operation Feather (операција пердув).

Овде јавноста ќе има можност да го види нејзиното тело и да оддаде почит.

Во меѓувреме, кралот Чарлс ќе оди во Велс каде што ќе го посети парламентот и ќе одржи служба во катедралата Llandaff во Кардиф.

Истовремено, почнуваат подготовките за погребот на кралицата кој ќе се одржи на 10-тиот ден од нејзината смрт.

10-dnevna-zhalost-proglasuvanje-na-charls-za-kral-operacijata-londonski-most-otkriva-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-10.jpg

Десетти ден

Кралицата ќе биде погребана десет дена по нејзината смрт, односно на 18-ти септември 2022 година.

Ова ќе биде национален дел на жалост, но сепак нема да биде прогласен за празник.

Телото на кралицата ќе биде преместено во црквата Вестминстер Аби, а потоа ќе има 2-минутен молк низ целата земја.

Со голема поворка, телото на кралицата ќе биде однесено во замокот Виндзор, каде што ќе ја чекаат другите членови на кралското семејство.

Телото ќе биде однесено во капелата Свети Ѓорѓи и кралицата ќе биде погребана до нејзиниот сопруг – принцот Филип.

Уште не е познато кога ќе биде крунисан принцот Чарлс, но неговата мајка беше крунисана околу 16 месеци по смртта на кралот Џорџ VI.

10-dnevna-zhalost-proglasuvanje-na-charls-za-kral-operacijata-londonski-most-otkriva-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...
Нострадамус предвиде дека владеењето на Чарлс ќе биде кратко – По дијагнозата со рак, Вилијам ги пре... Откако Бакингемската палата соопшти дека британскиот крал Чарлс Трети боледува о...
Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
„Имав операција за намалување на градите, но пак ми пораснаа по 8 години“ – јога инструкторка со нео... „Цела бев во завои и не можев да ги кренам рацете неколку недели. Бев неколку де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg