Сите детали за операцијата „Лондонски мост“: Што ќе се случува по смртта на кралицата Елизабета во текот на 10-дневната жалост?

Во Англија ќе има 10-дневна жалост по смртта на кралицата Елизабета, а протоколите што ќе се следат во овој период се познати како Operation London Bridge (операција Лондонски мост). На првиот ден од нејзината смрт, Чарлс ќе биде прогласен за нов крал, а на десеттиот ден кралицата ќе биде погребана покрај сопругот – принцот Филип.

10-dnevna-zhalost-proglasuvanje-na-charls-za-kral-operacijata-londonski-most-otkriva-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-01.jpg

Вчера, 08-ми септември 2022 година, кралицата Елизабета почина на 96-годишна возраст, во нејзиниот дом во Шкотска.

Планот за погребот на кралицата Елизабета е познат како Operation London Bridge (операција Лондонски мост). Покрај деталите за погребот на кралицата, овој план го вклучува, најавувањето на нејзината смрт, како и периодот на жалост.

10-dnevna-zhalost-proglasuvanje-na-charls-za-kral-operacijata-londonski-most-otkriva-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-02.jpg

Сличен протокол се следеше и по смртта на сопругот на кралицата – принцот Филип – кој беше познат како операција Forth Bridge.

Планот за делување во случај на смрт на Елизабета бил изготвен уште во 1960-тите, а оттогаш бил преправан многупати.

Во изработувањето на планот учествувале црквата на Англија, многу владини оддели, па дури и самата кралица, додека најважните детали биле оставени на нејзиниот наследник, односно нејзиниот син – кралот Чарлс.

Во склоп на овој протокол има уште една операција, наречена Operation Unicorn (операција Еднорог), кој е всушност план во случај кралицата да умре во Шкотска.

10-dnevna-zhalost-proglasuvanje-na-charls-za-kral-operacijata-londonski-most-otkriva-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-03.jpg

Бидејќи кралицата почина во Шкотска, според Operation Unicorn ќе има дополнителни церемонии за пренесување на нејзиното тело во Лондон.

Овие планови се чуваат во тајност, но пред некоја година во јавноста протекоа детали од нив.

Па, како изгледа Operation London Bridge и што ќе се случува во наредните неколку денови?

Денот на смртта на Елизабета

Според протоколот, првата личност надвор од кралското семејство која е известена за смртта на кралицата е премиерот.

Премиерот ја добива веста со кодирана поракаLondon Bridge has fallen (Лондонскиот мост падна), но не е познато дали навистина била искористена оваа фраза.

Потоа, веста се споделува со поважните политичари и функционери во државата, а дури потоа се споделува со јавност, преку главните медиуми во Англија.

Сите знамиња на државните згради се спуштаат на половина копје, а веста се споделува и на официјалниот сајт на кралското семејство.

На веб-сајтот, како и официјалните профили на социјалните мрежи, нема да се објавува ништо, сè до обраќањето на премиерот по повод смртта на кралицата.

Пред премиерот да го одржи својот говор, ќе се консултира со наследникот, во овој случај кралот Чарлс.

Потоа ќе се одржи служба во катедралата Свети Павле во Лондон.

10-dnevna-zhalost-proglasuvanje-na-charls-za-kral-operacijata-londonski-most-otkriva-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-04.jpg

Прв ден

Следниот ден Чарлс ќе биде прогласен за нов владетел, а тогаш ќе има опција да си го промени името.

Според протоколите, тој може да си одбере „кралско“ име од неговите средни имиња – целото име на кралот е Чарлс Филип Артур Џорџ.

Доколку одбие да го промени името, тој ќе биде познат како крал Чарлс Трети.

За време на церемонијата, која се одржува во Шкотска, Чарлс ќе даде заклетва дека ќе ѝ служи на земјата, а присутните ќе носат црна облека. Никој од присутните не смее да носи воени медали.

Сопругата на Чарлс, Камила, ќе биде прогласена за кралица консорт (consort), односно кралица сопруга/придружничка  – титула што ја добива сопругата на кралот.

Беше спорно дали Камила ќе ја добие оваа титула поради нејзината историја со Чарлс, но пред околу една година кралицата Елизабета ја одобри.

По церемонијата, во Хајд Парк во Лондон ќе има стрелање со 41 пушка кое ќе трае околу седум минути.

Потоа политичарите во државата ќе се заколнат дека ќе му служат на новиот владетел.

Околу четири часот попладне, премиерот и најважните политичари од државата ќе имаат прием кај новиот крал.

10-dnevna-zhalost-proglasuvanje-na-charls-za-kral-operacijata-londonski-most-otkriva-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-05.jpg

Втор ден

На вториот ден ќе започне реализирањето на Operation Unicorn.

Според протоколите, телото на кралицата најверојатно ќе биде во палатата Holyroodhouse во Единбург, Шкотска, каде што ќе го чуваат кралските стрелци.

Потоа ковчегот ќе биде однесен во катедралата St. Giles, а оттаму со кралскиот воз до Лондон.

Од Daily Mail истакнуваат дека се очекува огромна толпа народ на станицата од каде што ќе тргне возот, како и на станицата во Лондон.

Доколку од некоја причина ковчегот не може да биде пренесен со воз, тогаш телото на кралицата ќе биде пренесено со авион.

Штом ќе стигне во Лондон, телото на кралицата ќе биде однесено во Бакингемската палата и ќе биде изложено во собата со тронот.

10-dnevna-zhalost-proglasuvanje-na-charls-za-kral-operacijata-londonski-most-otkriva-shto-kje-se-sluchuva-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...
Нострадамус предвиде дека владеењето на Чарлс ќе биде кратко – По дијагнозата со рак, Вилијам ги пре... Откако Бакингемската палата соопшти дека британскиот крал Чарлс Трети боледува о...
Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
„Имав операција за намалување на градите, но пак ми пораснаа по 8 години“ – јога инструкторка со нео... „Цела бев во завои и не можев да ги кренам рацете неколку недели. Бев неколку де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg