Хари открива детали од средбата со баба му – со кој гест кралицата ќе ги прими со Меган назад во семејството?
- Детали
- вторник, 19 април 2022
Посетата на Хари и Меган во Лондон веројатно го означи крајот на раздорот помеѓу парот и кралското семејство, а сега изворите откриваат дека кралицата со задоволство ќе ги прими назад, па дури сака тие да се појават на балконот на прославата за нејзиниот јубилеј заедно со целото семејство.
Деновиве принцот Хари и Меган Маркл се во Хаг, но пред да се упатат во престолнината на Холандија беа во посета на кралицата.
Досега не знаевме ништо за средбата, но според Хари и извори блиски до кралското семејство, веројатно веќе дошол крајот на раздорот помеѓу нив.
Хари и Меган присуствуваа на Invictus Games – спортски настан каде што се натпреваруваат ранети и повредени поранешни војници.
Хари, кој самиот е одговорен за организирањето на настанот, изјави дека кралицата навистина сакала да присуствува и дека ѝ е жал што нејзиното здравје не го дозволува тоа.
Тој вели и дека е пресреќен што имал можност да ја види неговата баба.
„Беше прекрасно што ја видов и сигурен сум дека би сакала да присуствува на настанот доколку можеше“.
Според изворите блиски до кралското семејство, за време на средбата, Меган и Хари ѝ ветиле на кралицата дека наскоро ќе има можност да ги види нивните деца – Арчи и Лилибет.
Изворите велат дека помеѓу кралицата, Хари и Меган немало никаква напнатост и целата средба била „топла и среќна“.
Војвотката и принцот планирале и повторно да ја посетат кралицата за прославите по повод нејзиниот јубилеј.
Кралицата, пак, сакала тие да се појават на балконот заедно со целото семејство, со тоа означувајќи го крајот на раздорот помеѓу нив.
Иако кралицата сака да ги прими Хари и Меган назад, тие нема да можат да бидат дел од другите официјални настани бидејќи самите се откажаа од кралските должности.
Покрај тоа, кралицата едвај чекала да ја запознае внуката Лилибет чие име е инспирирано од „прекарот“ на кралицата во детството.
Иако постоеја гласини дека принцот Чарлс одвоил само 15 минути за да го види неговиот син, изворите тврдат дека со оваа средба односот помеѓу него и Хари драстично се подобрил.
Во меѓувреме, односот помеѓу Хари и брат му уште не е најдобар и не е познато дали Вилијам сака да го промени тоа.
Хари и Меган, пак, ја изненадија јавноста со уште едно појавување во Хаг кое не било воопшто планирано.
40-годишната Меган и 37-годишниот принц им приредиле вистинско изненадување на фановите и учесниците во игрите во Хаг кога се појавиле ненајавено.
Од фотките е јасно дека присутните се пресреќни, а според изворите, Хари и Меган со задоволство разговарале, се дружеле и се фотографирале со нивните фанови.
Хари и Меган беа во складни комбинации и изгледаа одлично.
Војвотката одбрала бел фустан со дезен на горниот дел во комбинација со кафени штикли. Хари носеше сако во крем-боја, бела кошула и кафени чевли.
Спирова С. | Црнобело