Бизарна зависност: Од природна девојка до „најпластичната“ жена на светот
- Детали
- среда, 16 март 2022
25-годишна девојка од САД досега има дадено повеќе од 270.000 евра за пластични операции, од зголемување на градите и задникот до најава за операција за намалување на прстите на нозете за стапалата да ѝ изгледале „поубаво“, таа не сопира со бизарности. Eкстремно и непријатно за очи, зарем не?
Maрија Магдалена е 25-годишна девојка од САД, која себеси се нарекува модел, а е позната како една од „најпластичните“ жени на светот.
Таа има дадено повеќе од 270.000 евра за пластични операции, а прави кореции дури и на најинтимните делови од телото.
Најбизарните корекции што ги најавува се втора операција за зголемување на вагината и операција за намалување на прстите на нозете за стапалата да ѝ изгледале „поубаво“.
„Поради екстремните пластични операции јас сум уникатна. Не постои никој друг како мене на светот“, вели Maрија.
За време на некои пластични операции таа имала и животозагрозувачки ситуации, но сепак не се откажува од својата бизарна зависност.
Препознатлив знак ѝ се огромните гради и големиот број на тетоважи на телото. Инаку има правено и поткревање на веѓите, трансфер на масти, операции на носот, липосукција и операции за зголемување на задникот.
Како изгледала некогаш:
Како изгледа сега:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





