Мисица од Англија со љубовни маки: „Мажите исчезнуваат ако немам секс со нив до 4-тиот состанок“
- Детали
- сабота, 26 февруари 2022
„Знам кои им се намерите на мажите веднаш“, вели таа и додава дека ја иритира што тие од првиот миг мислат на секс, но дека таа нема намера да скокне во кревет со непознат. Ејприл додава дека еднаш само го прекршила ова свое правило и дека потоа се чувствувала искористено.
Ејприл Банбери (32) e поранешна Мис на Велика Британија, која во британските медиуми периодов отворено проговори за нејзините љубовни маки.
Убавата бринета вели дека тешко ѝ оди барањето на вистинскиот, односно кога конечно ќе најде некој што ѝ се допаѓа, тој најчесто исчезнува до 4-тиот состанок затоа што таа нема секс со него.
„Досега сум била на повеќе од 100 состаноци и сега завршив со тоа. Плус, повеќето од нив мора да ги запознавам онлајн, затоа што во живо немаат храброст да ми пристапат.“
Таа открива дека била на низа ужасни состаноци и дека често црвено знаменце гледала уште на првиот.
„Знам кои им се намерите на мажите веднаш“, вели таа и додава дека ја иритира што од првиот миг мислат на секс, но дека таа нема намера да скокне во кревет со непознат. Таа додава дека еднаш само го прекршила ова свое правило и дека потоа се чувствувала искористено.
Ејприл вели дека ја иритира и тоа што мажите сакаат да се состануваат со повеќе девојки наеднаш, наместо да се посветат на една.
Ејприл беше крунисана за Мис на Велика Британија во 2020-та година, но на избор организиран за жени на 28 години или постари.
С. С. | Црнобело