Собира пари како жртва на измамникот од Тиндер, а патува на луксузни дестинации – која е девојката што „живее на туѓ грб“?

Загуби цела заштеда од 45.000 долари заради измамникот на Тиндер, но не се откажува од патувањата и луксузот... Има страница на која собира донации, а на Инстаграм редовно објавува фотографии од егзотични места. Како успева Пернила Сјохолм да си ги дозволи патувањата?

izmamnikot-od-tinder-i-zel-45-000-dolari-no-taa-ne-prestanuva-so-patuvanjata-za-srekja-imam-prijateli-na-sekade-01.jpg

Пернила Сјохолм (35) беше единствената жртва на Сајмон Левиев застапена во филмот The Tinder Swindler која не била во емотивна врска со него, туку била само добра пријателка.

Но, како што можевме да видиме, ниту добрите пријателки не биле поштедени од шемата на Сајмон Левиев, односно Шимон Хајут кој лажно се претставувал како синот на Лев Левиев, израелско-рускиот „крал на дијамантите“.

Преку приказната на Пернила дознаваме како парите на првата жртва, Сесилија Фјелхој се трошеле на луксузни забави со шампањ и девојки, на одмор во Грција со неговата нова девојка, каде Сајмон плаќал за сите.

Пернила загубила околу 45.000 долари кои му ги дала на Сајмон. Таа му ја позајмила целата животна заштеда со која планирала да купи нов стан, зела кредит за да му помогне и на крај редовно плаќала за авионски билети.

Токму преку овие авионски билети, новинарите од норвешкиот весник VG успеале да стапат во контакт со Пернила и да успеат да го снимаат измамникот во Минхен. 

Преку Go Fund Me се собираат пари за жртвите на Измамникот на Тиндер и во моментов се собрани околу 172.000 евра.

Сепак, оние што го погледнале Инстаграм профилот го поставуваат прашањето како Пернила, која се претставува како жртва, може да си ги дозволи патувањата од каде редовно објавува фотографии и дали ги плаќа од донациите што ги добива од луѓето.

Во продолжение неколку интересни факти за пријателката на измамникот од Тиндер:

За Пернила се знае дека е бизнис-жена од Стокхолм, Шведска.

Таа и првата жртва на Сајмон, Сесилија Фјелхој денес се мошне добри пријателки. Тие се зближиле поради заедничката потрага по правдата за измамата на која биле жртви.

Во 2020-та година кога израелските власти одлучија да го ослободат Шимон, односно Сајмон по само пет месеци затвор, Пернила беше мошне гласна во осудата за таквата одлука:

„Бев во шок заради одлуката. Навистина сум разочарана од правниот систем во Израел, кој на таков човек му ја намали казната. Тој измами голем број луѓе и доби само пет месеци казна?“

По објавувањето на филмот The Tinder Swindler Пернила беше поканета во неколку медиуми каде повторно говореше за сопствените искуства со Сајмон. Таа откри дека сè уште го има телефонскиот број на Сајмон, но дека е блокиран.

На следната страна прочитајте како Пернила успева да си ги дозволи патувањата...



Би можело да ве интересира:

„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg