Најдено девојче (6) што се водело за исчезнато од 2019-та година – ја криеле под скалите

По речиси две и пол години трагање полицијата конечно успеа да го најде девојчето Пејсли Шалтис (6) кое се водеше за исчезнато од 2019-та година. Киднаперите се нејзините биолошки родители...

devojche-shto-se-vodelo-za-ischeznato-od-2019-ta-godina-najdeno-zhivo-vo-improvizirana-soba-pod-skali-01.jpg

Пејсли Шалтис (6) се водеше за исчезната од 13-ти јули 2019-та година, а во понеделникот (14.02), по речиси 2 и пол години потрага, полицијата ја пронајде во скриена влажна и студена импровизирана просторија под скалите во домот на нејзиниот дедо во гратчето Согертис, Њујорк.

devojche-shto-se-vodelo-za-ischeznato-od-2019-ta-godina-najdeno-zhivo-vo-improvizirana-soba-pod-skali-02.jpg

Родителите на девојчето, Кирк Шалтис Џуниор (32) и Кимберли Купер (33) го загубиле старателството над малата Пејсли и нејзината постара сестра во 2019-та година.

Засега не се напоменуваат причините поради кои била донесена ваква судска одлука, освен дека според судот тие не биле соодветни за да ја извршуваат родителската должност.

Откако родителите го загубиле старателството, Пејсли и нејзината сестра биле дадени на згрижување кај други членови на семејството, а малата Пејсли беше пријавена за исчезната подоцна, во летото 2019-та година.

devojche-shto-se-vodelo-za-ischeznato-od-2019-ta-godina-najdeno-zhivo-vo-improvizirana-soba-pod-skali-03.jpg

Полицијата во изминатите години повеќепати добила дојава дека девојчето се наоѓа во домот на таткото на Кирк Шалтис во гратчето Согертис, но немале конкретни докази што би им овозможиле да добијат налог за претрес во домот.

Дополнително, биолошките родители на Пејсли во неколку наврати, додека биле посетувани од властите, се заканувале дека ќе поднесат пријава за малтретирање.

По повторно добиена дојава и достава на убедливи докази од страна на соседите, што им овозможиле налог за претрес, во понеделникот, полицијата повторно направила контрола во домот на дедото на девојчето, а како и претходно родителите дале изјава дека детето не е кај нив и дека не знаат каде е.

devojche-shto-se-vodelo-za-ischeznato-od-2019-ta-godina-najdeno-zhivo-vo-improvizirana-soba-pod-skali-04.jpg

Сепак, при детален претрес, полицајците забележале дека нешто не е во ред со скалите што водат до подрумот во куќата. Прв доказ дека треба подетално да истражат, било тоа што при проверка со светилка забележале дека низ процепот на скалите виси ќебе.

Со помош на алат отстраниле повеќе скалила и ги забележале малите стапала на девојчето.

По отстранување на повеќе скали, детето и нејзината мајка биле најдени како се кријат во импровизирана влажна и студена просторија што била изградена под скалите во куќата.

devojche-shto-se-vodelo-za-ischeznato-od-2019-ta-godina-najdeno-zhivo-vo-improvizirana-soba-pod-skali-06.jpg

Во изминатите две години, Пејсли имала сопствена соба во куќата на нејзиниот дедо, но како што таа открила во разговор со властите, секојпат кога полицијата доаѓала да направи контрола, нејзините родители ја криеле во собата под скалите.

По наоѓањето на девојчето, мајката Купер била пренесена во притвор, додека нејзиниот татко и дедо се пуштени да се бранат од слобода.

Пејсли е предадена на легалните старатели во добра здравствена состојба.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Родители ја изгладнувале ќерката – на 17 години имала 27kg: Случај од Австралија ја згрози јавноста Во Австралија, во процес е судење на родители кои ја изгладнувале нивната ќерка ...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се) Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg