Најзгодната градежна работничка: „Мажи ме критикуваат дека им го земам лебот и дека местото ми е во кујната“
- Детали
- четврток, 03 февруари 2022
„Му го зела лебот на некој маж“ – стои во еден од коментарите што ги добива оваа жена од Англија која работи како градежен работник. Таа руши стереотипи, а вели дека негативните коментари нема да ја спречат да го работи тоа што го сака.
Дарси Ричардс (26) од Англија работи како градежен работник, која се обидува да ги сруши стереотипите дека градежништвото е само машка индустрија и се обидува да го отвори патот за што е можно повеќе девојки.
Таа на ТикТок редовно објавува видеа од тоа што го работи, а има 212.000 следбеници кои редовно ги следат нејзините постови.
На нејзините видеа можеме да ја забележиме како работи со розов заштитен шлем.
Иако голем број од нејзините следбеници ја поддржуваат и даваат позитивни коментари за тоа што го работи, таа често добива и непристојни пораки од мажи:
„Ова е нешто најнеатрактивно што една жена може да го прави“, „Што прави к**кава со циглите“, „Таа му ја зела работата не некој маж“, „Жените го прават ова само за да привлечат внимание“, „Местото ѝ е во кујната, како и на сите други жени“ – се само некои од коментарите што таа редовно ги добива.
Дарси која е висока само 160 cm е ситна девојка, но тоа не ја спречува да го работи тоа што го сака.
„Да се биде жена во типично машка индустрија е навистина тешко. Тоа не е работа каде што можеш да дојдеш и цел ден да се маткаш. Секој ден има макотрпна работа, а вистински предизвик е да си жена и да го работиш ова“ – вели таа.
Таа редовно објавува видеа во кои им одговара и на оние што ѝ упатуваат негативни критики, во кои појаснува дека нема намера да се откаже од тоа да го работи она што го сака.
@rattlekings For the people in the back WE DONT DO THIS JOB TO BE ATTRACTIVE TO MEN. #bekind #attentionseeker #uglyheart #empoweringwomen ♬ original sound - Darcie Richards
Како што вели, коментарот дека им го зема лебот на мажите ѝ е меѓу омилените, а вели дека не забележала досега редица од млади мажи што чекаат да станат во 5 часот наутро и да работат на температура од-8 степени.
„Мажите гледаат девојка и мислат дека е патетично или дека само барам внимание, мислат дека не сум доволно силна или дека сум премногу бавна. Но, направив видео и добив 16.000 коментари од девојки што ме поддржаа“ – вели таа.
Сепак, покрај лошите коментари, таа добива и позитивни критики од голем број мажи и колеги, кои го фалат нејзиниот начин на работа и посветеноста.
Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело